Connect with us
no baners

Останато

ЕУ одобри речиси 159 милиони евра за Северна Македонија, Албанија и Црна Гора

Објавено

на

no baners

Европската комисија одобри 158,9 милиони евра за Албанија, Северна Македонија и Црна Гора во рамки на Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF).

Според информациите објавени од специјализираниот портал SeeNews, средствата се дел од европскиот пакет за поддршка на реформите и економскиот развој на земјите од Западен Балкан.

Финансирањето е наменето за спроведување реформи, економска модернизација, зајакнување на институциите и приближување на земјите кон Европската Унија.

Европската комисија соопшти дека исплатата е реализирана во рамки на механизмот кој има цел да го поттикне економскиот раст и интеграцијата на регионот во единствениот европски пазар.

Инструментот за реформи и раст е дел од поширокиот План за раст на ЕУ за Западен Балкан, преку кој Брисел обезбедува финансиска и реформска поддршка за земјите кандидати.

no baners
no baners

Останато

Претставник од УЈП учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 во Скопје

Објавено

на

Претставник од Управата за јавни приходи учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026, кој од 22 до 24 јуни се одржа во Скопје, во организација на Центарот за извонредност на финансиите и Министерството за финансии на Република Словенија.

На форумот се дискутираше за јакнење на институционалната отпорност, дигиталната трансформација, развојот на човечките ресурси и лидерството во јавниот сектор.

Посебен акцент беше ставен на градењето институции подготвени за промени, развојот на современи лидерски и дигитални компетенции, унапредувањето на управувањето со човечките ресурси, како и поттикнувањето култура на учење, соработка и иновации.

Од Управата за јавни приходи посочуваат дека преку учество на вакви меѓународни настани продолжуваат активно да ги следат современите практики и да придонесуваат кон унапредување на институционалните капацитети и јавната администрација.

Продолжи со читање

Останато

Државата на 7 јули ќе понуди државни записи од 29,2 милиони евра

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија на 7 јули ќе понуди едногодишни државни записи во вкупна вредност од 1,8 милијарди денари, односно околу 29,2 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Државните записи ќе доспеат на 7 јули 2027 година, а каматната стапка изнесува 4,1 отсто, се наведува во известувањето за аукцијата.

Народната банка ќе ги продава државните хартии од вредност во име на Министерството за финансии, преку тендер со износи, при што цената и купонот се однапред утврдени, а примарните дилери конкурираат само со износи.

Според наведениот курс, едно евро изнесува 61,64 денари.

Продолжи со читање

Останато

За вториот пензиски столб во Буџетот се предвидени 19,6 милијарди денари

Објавено

на

За вториот пензиски столб во Буџетот за 2026 година се предвидени 19,6 милијарди денари, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека официјална одлука за пензиски реформи засега нема.

Таа посочи дека Владата не разговарала официјално за конкретни измени, но дека состојбите во пензискиот систем се анализираат. ММФ и Светска банка, како што рече, ќе изработат анализа за пензискиот фонд и ќе достават препораки, но тоа не значи дека тие автоматски ќе бидат прифатени од Владата.

„За 2026 година целиот износ што треба да се трансферира во вториот столб, од 19,6 милијарди денари, е планиран и предвиден во Буџетот“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Министерката рече дека една од можните препораки би можела да биде зголемување на старосната граница за пензионирање, но нагласи дека Владата допрва ќе одлучува по добивањето на анализите. Според неа, еден од најголемите предизвици за пензискиот систем на долг рок ќе биде демографијата.

Димитриеска-Кочоска лично смета дека старосната граница за пензионирање не треба задолжително да се зголемува, туку треба да се остави можност за избор.

„Треба да останат годините и да се даде можност кој сака да продолжи. Секој треба сам да одлучи што ќе прави понатаму“, истакна министерката.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange