Останато
Државата на 7 јули ќе понуди државни записи од 29,2 милиони евра
Министерството за финансии на Северна Македонија на 7 јули ќе понуди едногодишни државни записи во вкупна вредност од 1,8 милијарди денари, односно околу 29,2 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.
Државните записи ќе доспеат на 7 јули 2027 година, а каматната стапка изнесува 4,1 отсто, се наведува во известувањето за аукцијата.
Народната банка ќе ги продава државните хартии од вредност во име на Министерството за финансии, преку тендер со износи, при што цената и купонот се однапред утврдени, а примарните дилери конкурираат само со износи.
Според наведениот курс, едно евро изнесува 61,64 денари.
Останато
Претставник од УЈП учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 во Скопје
Претставник од Управата за јавни приходи учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026, кој од 22 до 24 јуни се одржа во Скопје, во организација на Центарот за извонредност на финансиите и Министерството за финансии на Република Словенија.

На форумот се дискутираше за јакнење на институционалната отпорност, дигиталната трансформација, развојот на човечките ресурси и лидерството во јавниот сектор.
Посебен акцент беше ставен на градењето институции подготвени за промени, развојот на современи лидерски и дигитални компетенции, унапредувањето на управувањето со човечките ресурси, како и поттикнувањето култура на учење, соработка и иновации.

Од Управата за јавни приходи посочуваат дека преку учество на вакви меѓународни настани продолжуваат активно да ги следат современите практики и да придонесуваат кон унапредување на институционалните капацитети и јавната администрација.
Останато
За вториот пензиски столб во Буџетот се предвидени 19,6 милијарди денари
За вториот пензиски столб во Буџетот за 2026 година се предвидени 19,6 милијарди денари, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека официјална одлука за пензиски реформи засега нема.
Таа посочи дека Владата не разговарала официјално за конкретни измени, но дека состојбите во пензискиот систем се анализираат. ММФ и Светска банка, како што рече, ќе изработат анализа за пензискиот фонд и ќе достават препораки, но тоа не значи дека тие автоматски ќе бидат прифатени од Владата.
„За 2026 година целиот износ што треба да се трансферира во вториот столб, од 19,6 милијарди денари, е планиран и предвиден во Буџетот“, изјави Димитриеска-Кочоска.
Министерката рече дека една од можните препораки би можела да биде зголемување на старосната граница за пензионирање, но нагласи дека Владата допрва ќе одлучува по добивањето на анализите. Според неа, еден од најголемите предизвици за пензискиот систем на долг рок ќе биде демографијата.
Димитриеска-Кочоска лично смета дека старосната граница за пензионирање не треба задолжително да се зголемува, туку треба да се остави можност за избор.
„Треба да останат годините и да се даде можност кој сака да продолжи. Секој треба сам да одлучи што ќе прави понатаму“, истакна министерката.
Останато
Димитриеска-Кочоска: За две години сервисирани 4,4 милијарди евра јавен долг
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги презентираше резултатите од работењето на Министерството за финансии во изминатите две години, оценувајќи дека фокусот бил ставен на фискална дисциплина, стабилизација на јавните финансии и инвестиции.
Таа посочи дека економијата бележи стабилен раст, од 3 проценти во 2024 година и 3,5 проценти во 2025 година, додека инфлацијата, која во 2022 година достигнала 14,2 проценти, во мај годинава изнесувала 4,8 проценти.
Според Димитриеска-Кочоска, во изминатите две години се сервисирани 4,4 милијарди евра од јавниот долг, а до крајот на годината доспеваат уште 983 милиони евра. Јавниот долг во првиот квартал од 2026 година изнесувал 58,9 проценти од БДП.
Министерката нагласи дека средствата се насочуваат кон капитални инвестиции, поддршка на стопанството и локален развој. Обезбедени се 250 милиони евра поволни кредити за домашните компании и околу 250 милиони евра за општински капитални проекти.
Таа информираше дека Министерството работи на даночни и царински реформи, дигитализација на јавните финансии и борба против сивата економија. Во рамки на Реформската агенда 2024–2027, Министерството реализирало осум од 22 исполнети чекори на државата, со што придонело за одобрување 142,1 милион евра од Планот за раст на Европската Унија.
„Нашата визија останува непроменета – силни институции, стабилни јавни финансии, конкурентна економија и повисок животен стандард за секој граѓанин“, порача Димитриеска-Кочоска.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
