Connect with us

Банки

Комерцијална банка ги повика клиентите редовно да ги ажурираат личните податоци

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги потсетува клиентите на важноста од редовно ажурирање на личните податоци во банката, со цел непречено користење на банкарските производи и услуги.

Од Банката посочуваат дека секоја промена на телефонскиот број, електронската пошта, адресата на живеење или личната карта треба навремено да биде пријавена.

„Променет телефонски број или е-mail можеби изгледа како мала работа, но токму тие податоци се важни за да ги добиете сите известувања од вашата банка и да имате пристап до потребните производи и услуги“, наведуваат од Комерцијална банка.

Клиентите можат да ги ажурираат своите податоци онлајн преку мБанка, Интернет банка или со електронска идентификација преку OneID, како и директно на шалтер во Банката.

Од Комерцијална банка нагласуваат дека ваквите мали финансиски навики придонесуваат за поголема сигурност и подобра контрола врз личните финансии.

Објавата е дел од општествено одговорните активности на Банката и поддршката на Националниот сојуз за родова рамноправност, со цел поттикнување поголема финансиска писменост и финансиска самостојност.

Банки

Халкбанк со „Cashless Bitola“ нуди поволности за бизнисите во Битола

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека во рамки на понудата „Cashless Bitola“, бизнисите покрај Halk Mobi POS без надомест, добиваат и Visa Business Debit Card без годишна членарина во првите 12 месеци од нејзиното издавање.

Од банката ги повикуваат заинтересираните бизниси да се пријават во филијалата на Халкбанк во Битола и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата.

Понудата е достапна до пополнување на предвидените места.

Продолжи со читање

Банки

Пред 59 години беше поставен првиот банкомат: Како започна револуцијата што го промени банкарството?

Објавено

на

Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина.

Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година.

Тогаш американскиот иноватор од ерменско потекло Лутер Дорге Симџијан развил уред за автоматско подигнување пари. „Citigroup“ ја тестирала идејата, но по само неколку месеци проектот бил прекинат поради слаб интерес од клиентите.

Речиси три децении подоцна, „Barclays“ повторно ја актуелизирала идејата. Првиот уред користел картички за еднократна употреба, со кои можело да се подигнат 10 фунти.

Следната година, американскиот иноватор Доналд Ветцел придонел за развојот на технологијата, овозможувајќи банкоматите да исплаќаат различни износи, во зависност од расположливите средства на сметката.

Првите банкомати значително се разликувале од денешните. Некои од нив не ја враќале картичката веднаш, па корисниците морале дополнително да ја подигнат од филијалата.

Од едноставна машина за подигнување готовина, банкоматот со текот на годините прерасна во клучна точка на современото банкарство, а неговиот развој го отвори патот кон 24-часовниот пристап до банкарски услуги.

Продолжи со читање

Банки

Маја Михајлова реименувана за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

Објавено

на

Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза.

Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години.

Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит Банка продолжува да работи во состав од четири членови:

  • Емилија Спировска
  • Стевче Кузмановски
  • Милан Дамчевски
  • Маја Михајлова

Михајлова е дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка од 2024 година, кога Банката го прошири својот менаџмент со нејзиното именување.

Актуелниот состав на Управниот одбор е наведен и на официјалната веб-страница на ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange