Connect with us
no baners

Бизнис

Бројот на странски туристи во Македонија пораснал за 7,4 проценти во март

Објавено

на

Бројот на странски туристи кои ја посетиле Македонија во март годинава се зголемил за 7,4 проценти во споредба со истиот месец лани и достигнал 59.367 посетители, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, бројот на ноќевања реализирани од странските туристи изнесувал 98.646, што претставува раст од 3,8 проценти на годишно ниво.

Најголем број странски туристи во март дошле од Германија – 9.645, по што следуваат туристите од Грција со 9.090 и од Франција со 4.945 посетители.

Во периодот јануари-март, бројот на странски туристи е зголемен за 6,9 проценти и достигнал 124.891, додека бројот на нивните ноќевања изнесувал 213.913, што е раст од 0,2 проценти.

Истовремено, бројот на домашни туристи во март изнесувал 14.554, што е намалување од 6,9 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Домашните туристи оствариле 35.587 ноќевања, односно 3,7 проценти помалку во споредба со март 2025 година.

Бизнис

Самитот Macedonia2025 стартуваше во Скопје: Фокусот ставен на инвестициите, реформите и економскиот раст

Објавено

на

Во Скопје денеска официјално започна Самитот Macedonia2025, кој и оваа година собра претставници од бизнис-секторот, институциите, финансиската индустрија и технолошките компании од земјава и странство.

Настанот беше отворен со обраќања на претседателот на Управниот одбор Виктор Мизо и ко-основачот Мајк Зафировски, кои порачаа дека Северна Македонија има потенцијал да се позиционира како регионален центар за инвестиции, иновации и современо лидерство.

Извршната директорка Никица Мојсоска-Блажевски говореше за потребата од забрзани економски реформи, дигитална трансформација и посилна соработка меѓу институциите и приватниот сектор.

Особено внимание привлече разговорот со премиерот Христијан Мицкоски, кој се осврна на економските приоритети на Владата, енергетските предизвици и инфраструктурните инвестиции во Коридорите 8 и 10. Во дискусијата беше потенцирана и важноста од стабилна бизнис-клима и привлекување странски инвестиции.

Во рамки на панел-дискусијата „From Potential to Performance: Can the Region Scale?“ учествуваа повеќе регионални бизнис-лидери, меѓу кои Живко Мукаетов, Ана Драшковиќ и Огњен Лазиќ. Темите беа насочени кон конкурентноста на регионот, пристапот до капитал и улогата на дигитализацијата во економскиот развој.

Самитот продолжува и во наредните два дена, со повеќе панели, дискусии и обраќања посветени на економијата, технологијата и инвестициите.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонски и албански компании денеска на заеднички бизнис-форум во Скопје

Објавено

на

Во организација на Стопанска комора на Северна Македонија и во соработка со Амбасадата на Албанија, денеска во Скопје ќе се одржи македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“, посветен на унапредување на економската соработка меѓу двете земји.

На форумот најавени се воведни обраќања на албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателката на Унијата на стопански комори на Албанија Инес Мучостепа.

Според организаторите, форумот ќе обедини институции, инвеститори и претставници на бизнис-заедницата од Северна Македонија и Албанија, со цел создавање нови деловни контакти, развој на партнерства и отворање можности за трговија и инвестиции.

Во рамки на настанот ќе се одржат и Б2Б и Б2Г средби меѓу компании и институции од двете земји, со фокус на директно поврзување на деловните субјекти и поттикнување идни заеднички проекти.

Продолжи со читање

Бизнис

Дизелот од полноќ поевтинува за 4 денари

Објавено

на

Од ноќеска дизелот поевтинува за четири денари, соопшти Регулаторна комисија за енергетика по објавувањето на новата одлука за цените на горивата.

Според новиот ценовник, цената на Еуродизелот се намалува за 4 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 поскапува за половина денар. Цената на Еуросупер БС-95 останува иста.

Пониска ќе биде и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, кое поевтинува за 4,5 денари по литар, додека мазутот поскапува за 0,248 денари по килограм.

Од РКЕ наведуваат дека со последната одлука просечното намалување на цените на нафтените деривати изнесува 1,78 проценти.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange