Банки
Вицегувернерката Нацевска на јубилеј на АЦИ Македонија: Народната банка спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати
„Народната банка посветено работеше во изминатиот период и спроведе значајни реформски процеси за поставување на домашните финансиски пазари. И во иднина, ќе остане активен двигател и поддржувач на реформските процеси за унапредување на домашните финансиски пазари, во тесна соработка со сите релевантни банкарски здруженија, државните институции и со останатите чинители на домашните финансиски пазари. Нашата цел е да создадеме посигурно, поефикасно и поконкурентно финансиско окружување, кое ќе го поддржи економскиот раст и ќе придонесе за просперитетот на нашата земја“. Ова беше посочено од страна на вицегувернерката Емилија Нацевска во поздравното обраќање на 30-тото јубилејно Годишно собрание на Здружението на финансиски пазари – АЦИ Македонија.
Домашните финансиски пазари се клучната алка во спроведувањето на монетарната политика, па затоа Народната банка уште од монетарното осамостојување активно соработува со банките со цел воспоставување на функционален, ликвиден и транспарентен девизен пазар и пазар на пари. Истовремено, Народната банка активно го поддржува примарниот пазар на државни хартии од вредност на којшто се формира т.н. безризична крива на принос, значајна за развој на останатите сегменти од финансиските пазари, при што го воспостави и секундарниот пазар на државни хартии од вредност. Воспоставувањето и континуираниот развој на овие пазари овозможи ефикасно спроведување на интервентната политика на Народната банка за одржување на стабилноста на девизниот курс на домашната валута, поефикасна трансмисија на сигналите на монетарната политика и посигурно и поевтино позајмување на финансиски средства помеѓу учесниците на пазарите. Сето тоа придонесе за постепено јакнење и одржување на стабилноста на домашниот финансиски сектор во функција на континуирана поддршка на економската активност на фирмите и домаќинствата.
„Во контекст на пошироките развојни процеси во финансискиот сектор, сакам да истакнам едно значајно достигнување оваа година, кое ја рефлектира заедничката заложба на Народната банка, банките и другите релевантни институции, прифаќањето на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). За граѓаните, компаниите, но и институциите, ова значи можност за подигнување на нивото на финансискиот квалитет и стабилност, што дополнително ќе го зајакне целокупниот економски амбиент, отворајќи простор за натамошен развој и продлабочување на тргувањето на домашните, но и на меѓународните пазари“, посочи вицегувернерката Нацевска во обраќањето.
Во таа насока, беше истакнато дека Народната банка активно го следи процесот на подготовка на банките за пристапување во СЕПА шемата за кредитен трансфер, обезбедувајќи континуирана техничка и стручна поддршка. „Иако процесот е долг и најраниот датум за прифаќање на банките од новите земји членки е 6 октомври 2025 година, со задоволство можам да споделам дека една банка веќе поднесе апликација за членство до Европскиот совет за плаќања, а повеќето банки се во напредна фаза на подготовка. Ова е јасен сигнал дека сме на добар пат – со одговорен пристап, стратешка визија и соработка меѓу институциите – да се вградиме рамноправно во европскиот финансиски простор“, посочи Нацевска.
Соработка на Народната банка со АЦИ Македонија е од почетоците на здружението во 1996 година, кое беше основано на иницијатива и со поддршка на Народната банка. Здружението АЦИ Македонија ги обединува претставниците на банкарскиот сектор коишто работат на домашните финансиски пазари и претставува платформа за развивање добри професионални односи, зголемување на меѓусебната доверба, размена на искуства и постојана професионална едукација на вработените во банкарскиот сектор. Здружението во 2001 година стан дел од меѓународното семејство на здружение на банкарски работници на финансиските пазари, кое оваа година прославува исто така значаен јубилеј, односно 70 години постоење. Едукацијата и промовирањето на етичко однесување на овој сегмент на банкарски професионалци и во иднина ќе биде во фокусот на активностите на Народната банка како партнер на здружението АЦИ Македонија.
Банки
HalkEZ пакетот на Халкбанк носи повеќе поволности и дигитални можности за младите
Халкбанк АД Скопје го промовира HalkEZ, пакет наменет за млади корисници, кој нуди повеќе дигитални можности и банкарски услуги со намалени трошоци.
Со пакетот, младите добиваат бесплатно одржување на сметка и бесплатно мобилно банкарство, како и можност за повлекување готовина без надоместок во земјата и во странство.
Во рамки на HalkEZ се достапни и услугите SmartCash и Е-касичка, со кои корисниците можат полесно да управуваат со своите финансии преку дигиталните канали на банката.
Од Халкбанк посочуваат дека пакетот е креиран според потребите и навиките на младите, со цел банкарските услуги да им бидат подостапни и секогаш при рака.

Повеќе информации за пакетот и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.
Банки
„Монте деи Паски“ тргна во голема банкарска офанзива вредна речиси 40 милијарди долари
Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ поднесе понуди за преземање на конкурентските банки „Банко БПМ“ и „Банка Џенерали“, чија заедничка вредност се проценува на речиси 40 милијарди долари, објави „Волстрит журнал“.
Понудите се целосно во акции и претставуваат ново поглавје во процесот на консолидација на италијанскиот банкарски сектор, во кој во последните години се интензивираа спојувањата и преземањата.
„Монте деи Паски“, која се смета за најстарата банка во светот што сè уште работи, истовремено се обидува да ја зачува својата независност.
Банката во моментов се соочува и со понуда за преземање од поголемиот италијански ривал „Интеза Санпаоло“.
Банки
Стопанска банка со премиум кредитна картичка нуди пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат
Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот.
Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување.

Понудата е наменета за корисници кои сакаат дополнителни погодности и поголема удобност при патувањата.
Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка бара агент за грижа на корисници





