Connect with us

Бизнис

Витаминка прва во Македонија седигитализира со Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation

Објавено

на

Витаминка е првата компанија во Македонија која во сите процеси, производство, набавка, магацини, продажба и финансии, го имплементира ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation. Со ова Витаминка е на пат кон целосна дигитализација на работата, од влез на суровина до излез на готов производ и нивно складирање.

Инвестицијата во најновите технологии е значаен чекор напред и придонесува за подобрување на оперативната ефикасност, модернизација на операциите, унапредување на производниот процес, подобро корисничко искуство и можности за раст и следење на иновативните светски трендови.

„Витаминка е компанија каде што воведувањето на иновативни решенија и примената на нови технологииотсекогаш се гледале како инвестиција во раст и развој. На овој начин, со модернизација и следење на новите технолошки решенија, ги имплементираме најдобрите практики и ја унапредуваме работата во еден синхронизиран и ефикасен систем, докажан и користен од големи интернационални компании во светот. Отвораме можности за компанијата но и за пазарот и индустријата, затоа што дигитализација во оваа индустрија е неопходна, обезбедува сигурност и гаранција на она што излегува како готов производ“, истакна Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.

Дигитализацијата на оперативното работење е жив процес кој постојано се унапредува и менува, а ова решение е платформа на која може да се работи и да се биде во постојан тек со овие промени. 

„Комплексноста на нашата компанија е тоа што истата располага со 9 производствени погони, 18 производни линии лоцирани на 3 физички одделени локации низ земјата, а тоа бараше сеопфатно софтверско решение што ќе доведе до унифицирање на процесите и обезбедување на податоци и анализа на истите, кои се неопходни за понатамошни одлуки и правци во работењето на компанијата. Овој систем е рамка во која компаниитеформираат стандарди и прилагодување на работата и процесите, што го прави идеален избор за бизниси кои постојано растат и инвестираат во иновации. Перспективата од овој систем е веќе видлива и отвора големо поле за работа и иновација на компаниските процеси“, вели Васко Наумоски, ИТ менаџер во Витаминка и одговорен за имплементација на Dynamics 365 системот.

Имплементацијата на овој ЕРП систем Витаминка ја спроведе со партнер компанијата на Microsoft, Axapta Masters, лидер во областа на Microsoft D365 решенија во Македонија.

„Оваа значителна трансформација на компанијата ќе ѝобезбеди не само економска предност и финансиска стабилност на долгорочен план, туку ќе овозможи и понатамошна платформа за развој во процесот на автоматизација и следење на иновативните светски решенија во нашата област. Со Axapta Masters, Витаминка го отвори патот кон нови успеси и висини во својата успешна македонска бизнис приказна“, истакна директорот на Axapta Masters – Игор Трпковски. 

На линкот е достапно видео за примената на ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance andOperation од Витаминка.

Бизнис

ОКТА го намалува дизелот за два денари по литар, но дали ќе поевтини и на бензинските пумпи?

Објавено

на

Компанијата ОКТА воведува привремен попуст од два денара по литар дизел гориво за трговците на големо и мало, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година.

Станува збор за мерка со која компанијата има цел да го поддржи домашниот пазар на горива и да го ублажи влијанието на нестабилните цени на меѓународните пазари.

Сепак, намалувањето на цената по која ОКТА го испорачува дизелот не значи дека горивото автоматски ќе поевтини за два денара и на бензинските пумпи. Конечните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат трговците, во согласност со нивните комерцијални политики и состојбите на пазарот.

Од ОКТА информираат дека оваа мерка е продолжение на активностите за поддршка на домашниот пазар што компанијата ги спроведува од март годинава. Со најновиот попуст, вкупната вредност на поддршката од март 2026 година се очекува да достигне околу осум милиони евра.

Целта на мерките е да се придонесе за поголема стабилност и конкурентност на пазарот на горива во земјава, во услови на неизвесност на глобалните енергетски пазари.

Дали возачите ќе почувствуваат олеснување при полнењето гориво, ќе зависи од одлуките на бензинските пумпи, односно од тоа дали и во колкав износ ќе го пренесат добиениот попуст врз крајните потрошувачи.

Продолжи со читање

Бизнис

ССКМ организира тркалезна маса за поголемо учество на бизнис-заедницата во реформските процеси

Објавено

на

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) ќе организира Национална тркалезна маса на тема „Посилен глас на бизнисот за реформите“, со цел да се поттикне поголема вклученост на компаниите во креирањето економски политики и спроведувањето на реформите во земјава.

Настанот, кој ќе се одржи во Скопје, ќе биде посветен на улогата на приватниот сектор во реформските процеси, како и на можностите за зајакнување на соработката и дијалогот меѓу деловната заедница и надлежните институции.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат начините на кои компаниите можат поактивно да учествуваат во донесувањето одлуки што директно влијаат врз нивното работење, деловната клима и економскиот развој.

Преку размена на мислења, искуства и конкретни предлози, тркалезната маса има за цел да придонесе кон подобро усогласување на реформските политики со реалните потреби и предизвици со кои се соочува стопанството.

Посебно внимание ќе биде посветено на потребата од поефикасна комуникација меѓу бизнис-секторот и институциите, со цел ставовите и иницијативите на компаниите да добијат поголема тежина при подготовката и спроведувањето на реформските мерки.

Националната тркалезна маса ќе претставува платформа за конструктивен дијалог и формулирање предлози насочени кон создавање поповолно деловно опкружување и поттикнување на конкурентноста на македонската економија.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонските аеродроми со 3,33 милиони патници за девет месеци: Раст од 29% на годишно ниво

Објавено

на

Воздушниот сообраќај во Македонија продолжува да бележи силна позитивна динамика, покажуваат податоците на операторот ТАВ Македонија за периодот јануари – септември 2026 година.

Во првите девет месеци од годинава, аеродромите во Скопје и Охрид опслужиле вкупно 3.331.685 патници, што претставува зголемување од 29% во споредба со истиот период минатата година.

Истовремено, бројот на летови достигнал 22.147, што е за 10% повеќе на годишно ниво.

Најголемиот дел од патничкиот сообраќај се реализирал преку Меѓународниот аеродром Скопје, кој опслужил 3.065.692 патници, со годишен раст од 29,07%.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, забележал 265.993 патници, што претставува зголемување од 26,76%.

Разликата меѓу растот на бројот на патници и растот на бројот на летови покажува дека просечниот број патници по реализиран лет се зголемил, иако за целосна процена на искористеноста на капацитетите се потребни податоци за бројот на расположливи седишта.

Растот на воздушниот сообраќај има значење за повеќе сегменти од домашната економија, вклучувајќи го туризмот, угостителството, транспортот, трговијата и услугите.

За компаниите, поголемата поврзаност со странските пазари може да придонесе за полесно реализирање деловни патувања и подобра меѓународна достапност.

Сепак, бројот на аеродромски патници не треба директно да се поистоветува со бројот на странски туристи, бидејќи статистиката ги опфаќа и домашните патници, деловните патувања и другите категории патнички сообраќај.

Редакција Банкарство

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange