Останато
Црвениот крст по повод одбележувањето на 80-годишнината, им додели јубилејни плакети на своите партнери, донатори и поддржувачи

Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на Црвениот крст на РСМ, на 5 март 2025 година во хотел Дабл Три Хилтон се одржа настан со партнери, донатори и поддржувачи на Црвениот крст, на кој им беше оддадено признание за нивната посветеност, хуманост и непоколеблива волја и оставиле длабок печат во нашето општество.

На настанот се обрати Генералниот секретар на ЦКРСМ, д-р Саит Саити и им додели јубилејни плакети на: Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за здравство, Министерство за обрзаование и наука, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Генералштаб на АРМ, Амбасада на САД во Северна Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора на Македонија – Турција, Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, ЕВН Македонија, Македонски Телеком, А1 Македонија, Алма М, НЛБ Банка, Кожувчанка, Дијаг, Албиз Фондација, Македонски каритас, Македонски центар за меѓународна соработка, Даут Селими, Васил Тунев, Силви Бенд, Агим Ајрулаху и Ирена Спировска за досегашната плодна соработка и поддршка во остварување на хуманитарните цели.

Пред присутните, свое обраќање имаа и Министерот за социјална политика, демографија и млади г-дин Фатмир Лимани, заменик министерот за образование и наука г-дин Лулзим Алију и заменик министерот за внатрешни работи г-дин Астрит Исени кои искажаа задоволство и благодарност за досегашната соработка како и интерес за продолжување на партнерството.

Доделувањето на јубилејните плакети на партнерите, донаторите и поддржувачите не претставува само признание за нивните хуманитарни напори, туку и признание за нивната способност во создравање промени кои се чувствуваат во заедниците.
Анализи
Просечната нето-плата во февруари достигна 43.053 денари – раст од 9,6% на годишно ниво

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2025 година изнесува 43.053 денари, што претставува зголемување од 9,6 проценти во однос на истиот месец минатата година.
Овој пораст, како што објаснуваат од Државниот завод за статистика (ДЗС), се должи главно на зголемувањето на платите во неколку клучни економски сектори. Најголем раст е забележан во:
- Дејности во врска со недвижен имот – 16,6%,
- Преработувачка индустрија – 11,5%,
- Образование – 11,4%.
Во однос на јануари 2025 година, исто така се забележува позитивен тренд. Најголем месечен раст на платите е евидентиран во секторите:
- Информации и комуникации – 4%,
- Недвижнини – 3,9%,
- Преработувачка индустрија – 2,5%.
Паралелно, просечната бруто-плата во февруари изнесува 64.634 денари, што го одразува континуираниот тренд на раст на примањата, особено во сектори кои се двигатели на дигитализацијата, производството и јавните услуги.
Овие бројки даваат јасна слика за придвижувањето на пазарот на труд и покажуваат дека платите во земјава продолжуваат да растат и покрај предизвиците со инфлацијата и трошоците за живот.
Останато
Дневен финансиски бриф – 23 април 2025

Добредојдовте во денешниот финансиски бриф – краток преглед на дневен хороскоп, совети, мотивациска порака и корисни алатки што ќе ви помогнат да направите паметен избор во управувањето со вашите финансии.
Мотивациска порака на денот:
“Не е важно колку пари заработуваш. Важно е колку пари заштедуваш, како тие работат за тебе и за колку време ќе ги заштедиш.”
— Роберт Киосаки, автор на Богат татко, сиромашен татко
Финансиски хороскоп
Овен
Време е да покажеш иницијатива во работата – не чекај понуда, предложи нова идеја или услуга. Некој гледа потенцијал во тебе.
Бик
Стабилноста ти е важна, но денес размисли за еден мал финансиски ризик. Инвестирање во знаење или нова алатка може да ти се врати двојно.
Близнаци
Внимавај на двосмислени понуди. Прашај уште еднаш, побарај детали – денес е ден кога “зделките” можат да бидат или генијални или неуспешни.
Рак
Фокусирај се на домашниот буџет. Има скриени трошоци што си ги занемарил. Сега е вистинскиот момент за редефинирање на приоритетите.
Лав
Твојот глас денес има тежина. Искористи го тоа за да договориш подобри услови – дали за работа, кредит или партнерство.
Девица
Сè е во деталите. Провери фактура, документ или договор – можно е да уочиш грешка што ќе ти заштеди време и пари.
Вага
Денес не одлучувај само со срце – особено ако некој близок бара финансиска поддршка. Дај си време за размислување.
Скорпија
Внимавај на новини – некоја промена во банкарски или даночен систем може да влијае врз твоето работење. Информирај се навреме.
Стрелец
Размислуваш за нова работа или хонорар? Денес можеш да сретнеш личност што ќе ти отвори врата. Биди љубопитен и отворен.
Јарец
Дисциплина и план – твоите силни адути денес. Постави месечен лимит на трошење и држи се до него. Се ближи можност за поголема инвестиција.
Водолија
Неочекуван приход е на повидок, но не го троши веднаш. Размисли за краткорочно штедење или осигурување кое одамна го одложуваш.
Риби
Нешто што си го почнал пред време, денес конечно може да даде резултат. Финансиски позитивни вести те охрабруваат да продолжиш.
Финансиски совет на денот
„Следи ги трошоците за кафе, грицки и ситници – таму се кријат изненадувачки бројки.“
Само 100 денари дневно = 3.000 месечно. Почни денес со мал предизвик: 2 дена без непланирани трошоци.
Осигурителен совет на денот
Провери дали твојата здравствена полиса покрива и превентивни прегледи. Понекогаш превенцијата е најисплатливата инвестиција.
Банкарска алатка на денот: „Постави лимит на картичка“
Во мобилната апликација, активирај дневен лимит за трошоци. Едноставен трик што спречува импулсивни купувања – особено онлајн.
Неделна цел:
Да не направиш ниту едно импулсивно купување до недела.
Секој пат кога ќе посакаш нешто – запиши го производот и размисли по 24 часа.
Финансиска навика:
Вечерна 3-минутна рефлексија:
Што купив денес? Дали вредеше? Како се чувствувам во врска со тоа?
Предизвик на неделата:
Направи си табела (или користи апликација) и запиши ги сите трошоци од денес – до последен денар.
Само еден ден ќе ти отвори очи колку всушност трошиме без да забележиме.
Бизнис
Минималната синдикална кошница за април 2025 изнесува 62.691 денари

Според информациите од Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари, што претставува пораст од 836 денари во однос на март.
Најголем дел од буџетот, односно 21.480 денари (34,3%), се однесува на трошоците за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), додека за станарина, вода, електрична енергија и греење се наменети 6.096 денари (9,7%). За лична хигиена и хигиена во домот се трошат 2.455 денари (3,9%).
Во априлската синдикална минимална кошница за здравје се превидени 1.136 денари (1,8%), за транспорт 4.615 денари (7,4%), за комуникации 3.417 денари (5,5%), за рекреација и култура 5.592 денари (8,9%), за образование 7.036 денари (11,2%), за ресторани и хотели 4.131 денари (6,6%) и за останати стоки и услуги 1.100 денари (1,8%).
Од ССМ потенцираат дека мерките за ограничување на маржите на трговците имаат делумен ефект, бидејќи намалувањето на цените на основните прехранбени производи е само 6,78 проценти.
Оттаму бараат зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра. „Евидентно од вредноста на Синдикалната минимална кошница е дека мерките се потребни и истите задолжително мора да траат подолг временски период, но поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10 отсто даде половичен ефект. Измерено преку оние 63 основни прехранбени производи кои се дел од Синдикалната минимална кошница, евидентирано е намалување на делот од храната и пијалоците само за 6,78 проценти во месец март, но граѓаните и работниците оправдано реагираат дека тоа не е доволно, односно нема видлив ефект и дека цените се или исти или се зголемени“, стои во соопштението од ССМ.
Тие додаваат дека со оглед на тоа што 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра. „Се прашуваме, дали ако целта на Синдикалната минимална кошница е да ја покаже реалната состојба и да изврши притисок за потребата од зголемување на платите на работниците, дали целта на Владината просечна кошница е да покаже дека не треба да има зголемување на платите и дека македонскиот работник и со вака ниските плати живее добро?“, дополнуваат од ССМ.
Сојузот на синдикатите на Македонија ја пресметува Синдикалната минимална кошница од 2011 година, со цел да укаже на креаторите на политиките дека платите се ниски и потребно е континуирано да се зголемуваат.
- Банкипред 2 недели
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Колумнипред 2 месеци
Онлајн пристапот е лесен, но дали го чуваме доволно безбеден?
- Интервјуапред 4 недели
Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА: Вклучувањето на Македонија во СЕПА отвора ново поглавје во меѓународните плаќања
- Бизниспред 1 месец
Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
- Банкипред 1 месец
“Сите врати се отворени” со промотивниот Потрошувачки пакет од ПроКредит Банка