Connect with us

Останато

Трошоците на живот во 2023 година се зголемиле за 9,4 проценти

Објавено

на

Трошоците на живот лани во однос на 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во декември, трошоците на живот се зголемени за 0,2 проценти во споредба со ноември, а цените на мало за еден процент.

Пораст на индексите е забележан во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13,6 проценти, ресторани и хотели за 12,7 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 11,7 проценти, разновидни стоки и услуги за 11,6 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 10,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8 проценти.

Намалувањето има кај свежото и разладеното овошје, рибата и морските плодови, течните горива за домаќинствата, услугите за сместување, парамедицинските услуги, растенијата и цвеќињата, малите електрични апарати за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства.

Кај цените на мало, пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-прехранбени производи за 12,5 проценти, Пијалаци за 9,7 проценти, Земјоделски производи за 8,5 проценти, Услуги за 6 проценти и Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5,3 проценти.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 3,6 проценти, а цените на мало за 3,7 проценти.

Останато

МФ: За првпат национална сертификација за внатрешните ревизори во јавниот сектор

Објавено

на

Министерството за финансии за првпат ќе организира национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, со што се воведува и национална сертификација за оваа професионална функција.

Од Министерството оценуваат дека ова е важен чекор во зајакнувањето на системот на внатрешна финансиска контрола и во професионализацијата на ревизорските единици во јавните институции.

Спроведувањето на испитот, како што посочуваат, треба да придонесе за поголеми капацитети на единиците за внатрешна ревизија, но и за поодговорно, законско и транспарентно работење на институциите.

Од Министерството нагласуваат дека националната сертификација е дел и од активностите за зајакнување на механизмите за спречување на корупцијата и подобрување на контролата во јавниот сектор.

Воведувањето на националниот испит е значајно и во контекст на евроинтегративниот процес. Со неговото организирање се исполнува дел од препораките на Европската Унија во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а истовремено се придонесува и кон реализација на обврските од Реформската агенда.

Материјалите за подготовка, како и испитните прашања, веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.

Тие се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.

Министерството најавува дека во следниот период дополнително ќе информира за роковите и останатите чекори поврзани со организирањето и спроведувањето на испитот.

Продолжи со читање

Останато

Привремено недостапни телефонските линии на Контакт центарот на УЈП

Објавено

на

Управата за јавни приходи информира дека телефонските линии на Контакт центарот се привремено недостапни, а во тек се активности за отстранување на причините за прекинот.

Од УЈП посочуваат дека во моментов не се во функција телефонските броеви 198, 02/3253-200 и 0800 33 000, при што последниот број е достапен само од фиксни оператори.

До повторното воспоставување на телефонските линии, граѓаните и даночните обврзници се упатуваат да ги користат останатите канали за комуникација.

Физичките лица можат да се обратат во надлежната канцеларија на УЈП според адресата, додека правните лица според седиштето на компанијата. За информации е достапна и електронската адреса [email protected].

Од Управата за јавни приходи им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и најавуваат дека се преземаат активности за нормализирање на работата на Контакт центарот.

Продолжи со читање

Останато

Министерството за финансии и ДЗР ја зајакнуваат соработката за контрола на јавните средства

Објавено

на

Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе ја продлабочат меѓусебната соработка со цел поефикасна контрола, поголема транспарентност и подобра заштита на јавните средства. Меморандум за соработка потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Со договорот се воспоставува рамка за поинтензивна размена на знаења, податоци и искуства меѓу двете институции, како и за унапредување на професионалните капацитети и примената на европските стандарди во управувањето и контролата на јавните финансии.

Димитриеска-Кочоска оцени дека соработката ќе создаде поцврста институционална основа за спречување и откривање неправилности, измами и коруптивни дејствија.

Според неа, целта е секој денар од домашниот буџет и секое евро од европските фондови да бидат користени законски, наменски и одговорно, во интерес на граѓаните.

Ацевски, пак, истакна дека Меморандумот треба да придонесе за подобра институционална координација, примена на меѓународните ревизорски стандарди и поефикасно функционирање на АФКОС-мрежата за заштита на финансиските интереси.

Соработката ќе опфати организирање работни средби, конференции, семинари и обуки. Вработени од ДЗР ќе можат да учествуваат како предавачи на обуките во Академијата за јавни финансии, додека експерти од Министерството за финансии ќе бидат вклучени во програмите за стручно усовршување на ревизорите.

Предвидена е и размена на стручна литература, сметководствени и ревизорски стандарди, методолошки прирачници, програми за ревизија, конечни ревизорски извештаи и акциски планови.

Од Министерството информираат дека иницијативата е заснована на практиките во земјите-членки на Европската унија, а дел од активностите ќе бидат насочени и кон подигнување на јавната свест за препознавање и спречување неправилности и измами.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange