Connect with us

Банки

Бундесбанк го свика кризниот тим за да ги процени евентуалните последици од банкротот на американската банка на Силиконската долина (SVB)

Објавено

на

Германската Бундесбанк го собра својот кризен тим за да ги процени евентуалните последици од банкротот на американската Банка на Силиконската долина (SVB) за локалниот пазар, иако во Европа не се предвидени итни дејствија.

Акциите на банките во еврозоната паднаа по објавата за пропаѓање на американската Банка на Силиконската долина (SVB). Кризниот тим е создаден за време на финансиската криза во 2008 година и има задача да го информира советот на Бундесбанк и да прави препораки, но нема овластувања да донесува одлуки.

Одлуките за еврозоната ги носат националните надзорни органи за помалите банки и Единствениот надзорен одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) за големите.

Засега не се планира итен состанок на советот за надзор на банкарскиот сектор, изјави анонимен извор.

Според изворот од супервизорската структура, не се очекуваат директни последици од банкротот на банката на Силиконската долина за банките во еврозоната, освен ако кризата не се прошири и на поголемите американски банки.

Германското регулаторно тело Бафин (BaFin) ја затвори германската филијала на банката на Силиконската долина.

Регулаторот како причина ја наведе „постоечката опасност за исполнување на обврските кон доверителите“. Сепак, тој нагласи дека банкротот нема да има големи последици за германскиот банкарски сектор.

Банки

КАПИТАЛ БАНКА СЕ ПРОШИРУВА – Отворена е нова експозитура во Охрид!

Објавено

на

Со особена гордост и задоволство, Капитал Банка ги известува своите клиенти дека ја отвори својата 13 експозитура во центарот на Охрид!

На 04.12.2024 година, на ул. Димитар Влахов бр. 20А, се одржа свечено отворање на новата модерна експозитура на Капитал Банка во Охрид.

Свеченото отворање го изврши директорот на Секторот за работа со физички лица, Димитар Ризов.

„Отварањето на експозитурата во Охрид претставува значаен чекор во нашата мисија да бидеме поблиску до вас и да овозможиме достапност на најквалитетните банкарски услуги во вашето секојдневие. На овој начин продолжуваме да ја зацврстуваме позицијата на Капитал Банка како водечки финансиски партнер за физичките и корпоративни клиенти. Нашиот приоритет е секогаш да обезбедиме навремена и квалитетна услуга за сите наши клиенти – од индивидуални корисници до малите и средни претпријатија.

Тимот на Капитал банка е тука за да ви ги претстави современите финансиски решенија кои се прилагодени на вашите потреби и цели и можност за запознавање со нашите услуги и најнови производи. Ве покануваме заедно да го одбележиме почетокот на ова ново поглавје“, истакна Димитар Ризов.

Капитал Банка- Ваш сигурен партнер во светот на финансиите.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Информација за исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка на 05.12.2024 година (четврток) започнува со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.

Kлиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед.

Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

  • 05 – ти декември (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 06 – ти декември (петок) –М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш​

НЛБ Банка ги потсетува клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка од 5,3%

Објавено

на

Пред нас е најубавиот период од годината – празнувањето на новогодишните празници, а со него и трошоците за празничните задоволства со кои ќе направиме новогодишната магија силно да блесне, како за нас, така и за нашите најсакани. НЛБ, како Банка која постојано се прилагодува на потребите и барањата на клиентите, воведува празнична понуда за потрошувачки кредити со промотивна каматна стапка од само 5,3% и рок на отплата до 95 месеци, овозможувајќи им на своите клиенти да уживаат во претстојните празници.

Празничната понуда се однесува на сите оние кои ќе аплицираат за потрошувачки кредит до 15 jануари, 2025 година. Аплицирањето за потрошувачките кредити во НЛБ Банка е брзо и едноставно, пришто клиентите можат да изберат дали сакаат да земат кредит директно преку мобилен телефон или во некоја од експозитурите на Банката.

Со само неколку клика на мобилниот телефон, клиентите можат да поднесат барање за мКлик кредит до 1.500.000 мкд, кој е без трошоци за одобрување, а конкурентата каматна стапка од 5,3% е фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Па така, ако сте примател на плата во НЛБ Банка, сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата НЛБ мКлик, која е достапна на Google Play и на App store и да го активирате НЛБ мКлик пакетот со право на плаќање. Потоа следете го процесот на аплицирање, внесете го бараниот износ на кредит и рок на отплата и пополнете ги сите потребни полиња. За само неколку минути по одобрувањето, средствата од кредитот ќе бидат исплатени веднаш, директно на вашата трансакциска сметка.

Дополнително, за потрошувачкиот кредит со истата каматна стапка, клиентите можат да аплицираат и во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, каде одобрувањето на кредитот е за помалку од 30 минути.

Повеќе детали за празничната понуда на НЛБ потрошувачки кредити се достапни на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку Контакт центарот на: 02/15 600.

Продолжи со читање

Популарно