Connect with us

Банки

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Рокас: Независноста на Народната банка е значајна за кредибилитетот на политиките коишто ги води

Објавено

на

Независноста на Народната банка е клучна за задржувањето на високиот кредибилитет којшто го ужива во јавноста, како и за спроведувањето на политиките за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Народната банка постојано се стреми кон сè повисоко ниво на транспарентност во сите сегменти од своето работење, со цел да ја задржи високата доверба. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во земјава, при што беше нагласено дека монетарната политика е високо усогласена со европската регулатива, што е наведено и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека централната банка и натаму води претпазлива монетарна политика со цел да се осигури ценовната стабилност. Народната банка дополнително ќе ја зајакнува и отпорноста на банкарскиот систем преку мерки и регулаторни барања и ќе ги унапредува сопствените институционални капацитети за подобро справување со светските трендови и предизвици.

Амбасадорот искажа поддршка за напорите на Народната банка за поднесувањето барање за членство на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена со што нашата земја ќе може наскоро да пристапи во СЕПА.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и евроамбасадорот Рокас разговараа и за повеќе актуелни прашања коишто се дел од дијалогот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, којшто се води врз основа на поднесената Програма за економски реформи 2024 ‒ 2026 година од страна на земјите кандидатки.

Банки

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

Објавено

на

На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години.

Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство.

Во текот на својата кариера има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ АД Скопје и „Стопанска банка“ АД Скопје, каде што од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.

Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.

Со изборот на Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка се зајакнува професионалниот капацитет на Народната банка и се обезбедува непречено остварување на нејзините законски цели и надлежности, заради одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со понуда за полесно реализирање на плановите преку Visa кредитните картички

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ги промовира своите Visa кредитни картички како практично решение за полесно реализирање на секојдневните планови и непланираните трошоци.

Банката преку пример со купување нов мобилен телефон посочува дека неочекуваните потреби понекогаш брзо стануваат дел од личниот буџет и плановите.

„НЛБ Visa кредитни картички, за секој план и секое изненадување“, порачуваат од НЛБ Банка.

Повеќе информации за условите и можностите што ги нудат кредитните картички се достапни преку официјалните канали на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Важна промена во една од најголемите банки во Србија – што треба да знаат клиентите?

Објавено

на

НЛБ Комерцијална банка АД Белград од 1 септември работи под новото деловно име НЛБ Банка АД Белград, со што се заокружува повеќегодишниот процес на интеграција и усогласување со НЛБ Групацијата.

Промената на деловното име не значи промена на правниот субјект. Банката останува исто правно лице, а за клиентите продолжуваат да важат сите постојни сметки, картички, договори, кредити, депозити и дигитални услуги.

Од банката посочуваат дека клиентите не треба да преземаат никаква активност поради промената на името и можат непречено да продолжат да ги користат своите банкарски услуги.

Со новото деловно име се продолжува процесот на хармонизација во рамки на НЛБ Групацијата, во која банките членки на различни пазари го носат истото деловно име.

За клиентите, промената е пред сè брендинг и усогласување во рамки на групацијата, без промени во нивните постојни банкарски односи и услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange