Connect with us

Банки

Силк Роуд Банка со донација за ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје!

Објавено

на

Силк Роуд Банка соопшти дека обезбеди донација за ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје која се состои од столици за хемотерапија.

„Со цел да овозможиме максимална удобност за пациентите од клиниката, денес дониравме нови столици за хемотерапија по највисоки стандарди со кои врвниот третман на докторите сега ќе се изведува уште подобро и полесно“, велат од банката.

Дополнително, чекалните на болницата се опремени со нови столици од три седишта каде пациентите ќе имаат можност да седнат и да се одморат чекајќи го својот ред.

„Здравјето е секогаш на прво место, а нашата мисија е да помогнеме секогаш и секаде каде што можеме. Нека биде ова уште една мала помош на патот до здравјето“, нагласуваат од Силк Роуд Банка.

Банки

Со секое плаќање до поени и награди: BonusBox поволности со Mastercard картичките на Комерцијална банка

Објавено

на

Корисниците на Debit Mastercard World и Zipp Mastercard Debit World картичките на Комерцијална банка можат да собираат поени со секое плаќање преку програмата за лојалност BonusBox и потоа да ги искористат за различни поволности.

По регистрацијата во BonusBox, поените собрани со трансакциите може да се користат за поврат на средства, плаќање со поени или за подарок-картичка.

За младите корисници на Zipp Mastercard Debit World, која е дел од пакетот Zipp.club, во рамки на промотивниот „Zipp-тември“ е предвидена можност за двојно повеќе поени во BonusBox.

Регистрацијата во програмата е достапна онлајн, а заинтересираните корисници можат и да аплицираат преку OneID за нова Mastercard World картичка.

Со користењето на картичките во секојдневните плаќања, клиентите на Комерцијална банка добиваат можност редовните трошоци да ги претворат во дополнителни поени, награди и поволности.

Продолжи со читање

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange