Connect with us

Останато

Сања Иванова, Верица Оџакова и Викторија Петровска најдобри банкарски службеници од Стопанска Банка Скопје за 2025 година

Објавено

на

По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.

Во рамки на одбележувањето, признание за извонредни резултати и придонес во работењето добија и претставниците од Стопанска Банка АД Скопје – Сања Иванова, Верица Оџакова и Викторија Петровска.

Нивниот ангажман и посветеност во секојдневното работење се препознаени како пример за високи професионални стандарди, градење доверба кај клиентите и континуирано унапредување на банкарските услуги.

Ова признание претставува потврда за вредностите и квалитетот што Стопанска Банка АД Скопје ги негува – одговорно работење, ориентација кон клиентите и вложување во развој на своите кадри.

Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.

Честитки до наградените вработени од Стопанска Банка АД Скопје, кои со својата работа придонесуваат за поголема доверба и стабилност во банкарскиот сектор.

Останато

УЈП ги повика граѓаните со неодобрени профили да ја завршат регистрацијата за е-Даночни услуги

Објавено

на

Управата за јавни приходи ги заврши активностите за комплетирање на регистрацијата во системот е-Даночни услуги за граѓаните кои поднеле барање за отворање кориснички профил како физички лица, но не ја завршиле целосно постапката.

До овие граѓани се испратени персонализирани пораки од електронската адреса [email protected], со насоки за понатамошно постапување.

Од УЈП информираат дека корисниците треба да се обратат во надлежната даночна канцеларија со важечки документ за лична идентификација, каде што овластено службено лице ќе ја одобри нивната регистрација.

Со валиден и активен профил во системот е-Даночни услуги, граѓаните можат да користат електронски услуги преку порталот uslugi.gov.mk, да имаат увид во Годишната даночна пријава, да остваруваат права од надлежност на УЈП и други институции, како и да ја користат апликацијата „МојДДВ“.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на [email protected] или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000, кој е достапен само за повици од фиксни оператори.

Продолжи со читање

Бизнис

Кина руши рекорди: Надворешната трговија порасна за речиси 17% и достигна 3,75 трилиони долари за само шест месеци

Објавено

на

Кинеската надворешна трговија во првите шест месеци од 2026 година достигна 25,47 трилиони јуани (околу 3,75 трилиони американски долари), што претставува раст од 16,9% на годишно ниво, покажуваат податоците на Генералната царинска управа на Кина.

Извозот се зголемил за 13,4%, достигнувајќи 14,73 трилиони јуани, додека увозот пораснал за 22,1%, на 10,74 трилиони јуани, што укажува на забрзан раст на домашната побарувачка и порамнотежен развој на надворешната трговија.

Во вториот квартал годинава, вкупната трговска размена изнесувала 13,61 трилиони јуани, со годишен раст од 18,4%, што е најсилен квартален резултат од третиот квартал на 2021 година. Само во јуни, трговијата пораснала за 24,2%, продолжувајќи го позитивниот тренд седумнаесетти месец по ред.

Особено силен раст е забележан кај извозот на машини и електронски производи, кој се зголемил за 20,1%, како и кај високотехнолошките производи, чиј извоз пораснал за 39%. Значително зголемување е регистрирано и кај производите поврзани со вештачка интелигенција, зелените технологии и напредната индустриска опрема.

Според кинеската Царинска управа, приватните компании и натаму имаат водечка улога во надворешната трговија, учествувајќи со 57% од вкупната размена, додека околу 267.000 компании во текот на првата половина од годината успеале да освојат нови извозни пазари.

Продолжи со читање

Останато

ЕЦБ избра 36 компании за тестирање на дигиталното евро

Објавено

на

Европската централна банка избра 36 даватели на платежни услуги од еврозоната кои ќе учествуваат во пилот-проектот за дигиталното евро, чиј почеток е планиран за втората половина на 2027 година.

Тестирањето ќе трае 12 месеци и ќе се спроведува во ЕЦБ и во 19 национални централни банки од еврозоната. Целта е да се проверат техничкото функционирање на дигиталното евро, оперативните процедури и корисничкото искуство пред евентуалното воведување на новата дигитална валута.

На повикот објавен во март годинава пристигнале повеќе од 50 апликации, што, според ЕЦБ, покажува голем интерес од финансискиот сектор. Меѓу избраните учесници има банки и небанкарски компании со различна големина, деловни модели и географска застапеност.

Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, оцени дека големиот интерес покажува оти приватниот сектор е подготвен активно да се вклучи во развојот на дигиталното евро и во зајакнувањето на европскиот платен систем.

Во пилот-проектот ќе се користи бета-верзија на дигиталното евро, која технички и функционално ќе биде блиска до решението предвидено во нацрт-законодавството. Сепак, оваа верзија нема да има статус на законско платежно средство.

Дел од компаниите ќе им овозможат на вработените во Евросистемот да отворат тест-сметки и да вршат плаќања, додека други ќе соработуваат со избрани трговци кои ќе можат да примаат дигитални евра. Некои учесници ќе ги извршуваат двете улоги.

Во тестирањето ќе учествуваат вработени од ЕЦБ и од националните централни банки, интернет-продавници, ресторани, кафетерии и други трговци. Ќе се проверуваат онлајн и офлајн трансакции меѓу физички лица, како и плаќања во продавници и преку електронска трговија и мобилни уреди.

Пилот-проектот ќе се реализира во Белгија, Германија, Естонија, Ирска, Грција, Шпанија, Франција, Хрватска, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Холандија, Австрија, Португалија, Словенија, Словачка и Финска.

Избраните компании во следниот период ќе соработуваат со ЕЦБ и со националните централни банки за подготовка на потребната инфраструктура и процеси за тестирањето.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange