Connect with us
no baners

Продукти

Промотивен орочен депозит со камата однапред – Штедење во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Ако сте во дилема како да ги инвестирате своите слободни средства, искористете ја оваа одлична можност и вложете ги своите средства на промотивниот орочен депозит за кој каматата се исплаќа однапред, во моментот на вложување на средствата.

Промотивната понуда на Стопанска банка АД – Скопје важи до 20 април за сите нови орочени депозити со избор на рочности од 12, 24 или 36 месеци, со гарантирани годишни каматни стапки и до 3,3% за депозити во денари, односно до 2,3% за депозити во евра.

Минимален износ на вложување е 300.000 денари односно 5.000 евра, а износот на пресметаната камата се исплаќа однапред, во моментот на вложување на средствата, на сметка по избор на клиентот. За време на користење на депозитот, клиентите постојано имаат увид во штедните влогови преку e-banking системот на Стопанска банка.

Пример пресметки за камата што би се исплатила однапред:

* За 1.000.000 денари орочени на 36 месеци со каматна стапка од 3,3% годишно, однапред исплаќаме камата од 90.090 денари

* За 10.000 евра орочени на 36 месеци со каматна стапка од 2,3% годишно, однапред исплаќаме камата од 690.63 евра

Како сигурна и стабилна Банка со најдолга традиција на пазарот, Стопанска банка АД – Скопје постојано ги следи барањата на клиентите и ги прилагодува понудите според нивните потреби со широка палета на современи и атрактивни производи креирани да ги задоволат личните потреби на секој клиент.

Продукти

УНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!

Објавено

на

Дали ви се случило кога сакате да користите одреден банкарски производ да ве прашаат дали тука ја земате платата? И доколку не одговорите потврдно, да не ви бидат понудени подобри услови.

Тоа не е случај и со УНИБанка! Во оваа банка може да си дел од програмата за лојалност УНИПлус, и покрај тоа што преку банката не ја земаш платата. Клиентите не се обврзани да ја префрлат платата во УНИБанка за да користат бројни поволности. Она што треба да се направи е само во Унибанка да се отвори платежна сметка, на која ќе ви пристигнуваат некои од дополнителните приливи по основа на кирии и закупнини, хонорари или надоместоци од договори за дело или авторски услуги, девизни приливи или трансакции од трети лица, а условот е само вкупните месечни приливи на сметката да достигнат минимум 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери.

Лојалноста кон УНИБанка обезбедува бројни поволности како пониски каматни стапки за кредити и повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за следење на личните финансии, како и можности за инвестирање во благородни метали.

Овој модел претставува отстапување од вообичаената практика во банкарскиот сектор, каде што програмите за лојалност најчесто се условени со префрлање на плата, што често претставува бариера за клиентите кои веќе имаат кредитни обврски во друга банка. Свесни за тоа, одлучивме да ги менуваме стандардите и да бидеме банка лидер во овозможувањето врвно корисничко искуство. Со УНИПлус им овозможуваме на клиентите поволности, но и поголема слобода во управувањето со нивните финансии“, велат од УНИБанка.

Од банката додаваат дека во пресметката не се вклучуваат трансакции поврзани со отплата на кредити, преорочување депозити и интерни преноси помеѓу сметки на ист клиент.

Според финансиските експерти, УНИБанка и досега важеше за банка со високо ниво на лојалност на нејзините клиенти, како и за динамична и модерна банка. А со овој чекор, уште повеќе се позиционира кон поголема флексибилност и прилагодување кон потребите на клиентите, во време кога конкуренцијата во банкарскиот сектор станува сè поинтензивна. Паралелно со ова, банката континуирано инвестира во унапредување на безбедноста при банкарските операции, овозможувајќи непречено користење на банкарските услуги.

СТАНИ ДЕЛ ОД УНИПлус – Лојална програма

Продолжи со читање

Банки

Капитал банка нуди станбени кредити со фиксна камата од 3,75 проценти

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје нуди станбени кредити со услови насочени кон полесно решавање на станбеното прашање за граѓаните.

Според информациите, кредитот вклучува фиксна каматна стапка од 3,75 проценти во првите десет години, што овозможува стабилност и предвидливост на месечните обврски. Рокот на отплата може да достигне до 25 години, додека минималното учество за купување ново живеалиште изнесува 10 проценти.

Од банката посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои бараат сигурност и јасни услови при финансирање на својот дом, во услови на променливи пазарни движења.

Дополнителни информации за кредитните услови се достапни во експозитурите на банката и преку нивните контакт канали.

Продолжи со читање

Анализи

Загриженост во финансискиот сектор: нов AI модел може да ја промени сајбер-безбедноста, но истовремено да биде и најголема закана!?

Објавено

на

Во индустријата за вештачка интелигенција се појавија информации за нов напреден модел развиен од компанијата „Anthropic“, кој, според интерни проценки, не е јавно објавен поради потенцијални безбедносни ризици.

Министрите за финансии, гувернерите на централните банки и водечките експерти од финансискиот сектор изразија сериозна загриженост поради новиот напреден и исклучително моќен модел на вештачка интелигенција, за кој стравуваат дека би можел да ја загрози безбедноста на глобалните финансиски системи.

Станува збор за модел познат како „Claude Mythos Preview“, за кој се наведува дека има напредни способности за анализа на софтверски системи и откривање на сериозни безбедносни пропусти, вклучително и таканаречените „zero-day“ ранливости.

Според достапните информации, моделот во тест-фази идентификувал повеќе критични слабости во оперативни системи и интернет прелистувачи, а неговите можности опфаќаат и симулација на потенцијални начини на нивна злоупотреба во контролирани услови.

Ова, според експертите, отвора сериозни прашања за иднината на сајбер-безбедноста, бидејќи ваквите системи истовремено можат да се користат и за заштита и за потенцијални напади во дигиталниот простор.

Поради ризиците, „Anthropic“ одлучила моделот да остане во ограничена внатрешна употреба, со пристап само за одредени партнери и големи технолошки компании, меѓу кои се „Amazon“, „Google“ и „Microsoft“.

Канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампањ предупреди дека ваквите технологии отвораат ризици поврзани со „непознати непознаници“ и повика на итно зајакнување на глобалните заштитни механизми.

Иако дел од експертите повикуваат на претпазливост, случајот повторно ја отвора дебатата дали вештачката интелигенција ќе биде најсилна алатка за сајбер-заштита или потенцијално најопасна алатка за дигитални напади.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange