Connect with us
no baners

Банки

ПРОМОТИВЕН АВАНСЕН ДЕПОЗИТ ОД ПРОКРЕДИТ БАНКА – Орочи ги твоите заштеди и земи ја каматата уште истиот ден

Објавено

на

Еден од темелите врз кои ПроКредит Банка ја гради својата успешна приказна е постојаната заложба за промоција на култура на штедење, која е целосно инкорпорирана во моделот на одговорно банкарство кое банката посветено го практикува.

Штедиме денес за да си обезбедиме подобра иднина, а кога размислуваме за иднината, сите се стремиме кон поголема финансиска стабилност за чија цел потребни се паметни решенија и прифатливи начини за штедење. Следејќи ги потребите на клиентите, ПроКредит Банка воведува нов продукт за штедење, мислејќи не само на нивната иднина, туку и на нивната сегашност.

Станува збор за нов орочен депозит – авансен депозит, каде каматата се исплаќа веднаш, на денот на орочувањето на средствата, за разлика од вообичаено познатата пракса да се чека да помине периодот на орочување кој вообичаено е 12, 24, 36 или повеќе месеци. Овој нов продукт на штедење ПроКредит Банка го воведува во својата редовна понуда, а целта е да им овозможи двоен бенефит на своите клиенти: чувство на сигурност поради заштедени средства и истовремено располагање со каматата уште од самиот почеток на орочувањето. Промотивно, банката нуди атрактивни каматни стапки, и тоа 2,4% за евра и 3,2% за денари за рок на орочување од 36 месеци.

Клиентите ја препознаваат и особено ја вреднуваат ПроКредит поради фактот што е целосно дигитализирана банка и сите дигитални банкарски услуги, вклучувајќи ја тука и можноста за орочување на заштеда, се достапни преку мобилното и електронското банкарство. Сепак, тоа не го исклучува и персонализираниот пристап кон секој еден клиент, за што ПроКредит Банка особено се истакнува преку професионалната услуга на лични банкарски советници.

ПроКредит e банка со 100% германски капитал и е единствената банка на пазарот која и оваа година го потврди високиот Fitch кредитен рејтинг „БББ-,“ со што продолжува да биде синоним за стабилност и сигурност.

Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб страницата на ПроКредит Банка.

no baners
no baners

Банки

ЕЦБ: Инфлацијата во еврозоната е 3,8%, каматите ќе зависат од новите економски податоци

Објавено

на

Европската централна банка ќе продолжи внимателно да ја приспособува монетарната политика, без однапред утврдена патека за каматните стапки, порача членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Филип Лејн, на конференцијата за монетарна политика во Франкфурт.

Според Лејн, одлуките за каматните стапки ќе се носат од состанок до состанок и ќе зависат од три главни фактори – изгледите за инфлацијата и ризиците околу неа, движењето на базичната инфлација и силата со која монетарната политика се пренесува врз економијата.

Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата во еврозоната во септември изнесувала 3,8%, при што енергетската инфлација достигнала 18,8%, додека неенергетската инфлација изнесувала 2,3%. За споредба, во четвртиот квартал од 2025 година вкупната инфлација била 2,1%.

Лејн оцени дека токму енергетскиот шок е главниот двигател на растот на инфлацијата оваа година. Истовремено, досега нема јасни сигнали дека поскапувањето на енергијата се претворило во широко распространет и траен инфлациски притисок во останатите сектори.

Сепак, ЕЦБ очекува неенергетската инфлација да порасне од 2,3% во 2026 година на просечни 2,6% во 2027 година, пред повторно да се намали на 2,3% во 2028 година. Како главна причина се наведува одложеното пренесување на повисоките цени на енергијата врз другите сектори.

Дополнителен ризик претставува новиот раст на цените на нафтата и гасот. Според Лејн, вториот бран на енергетскиот шок носи нагорни ризици за инфлацијата, но истовремено може да го забави економскиот раст.

Во анализата на ЕЦБ се посочува и дека вештачката интелигенција веќе има позитивно влијание врз економијата на еврозоната преку раст на дигиталните услуги, инвестициите и извозот. Инвестициите во дата-центри, дигитализација, компјутерска опрема, софтвер и бази на податоци се зголемиле за околу 15% од лансирањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година.

Сепак, европскиот бум на вештачката интелигенција е значително помал во споредба со САД и Источна Азија, а растот на долгорочните каматни стапки поврзан со глобалните инвестиции во ВИ може дополнително да ги заостри финансиските услови во еврозоната.

Лејн потсети дека ЕЦБ во 2026 година ја зголеми референтната каматна стапка од 2% на 2,5%, оценувајќи дека тоа било претпазлив одговор на енергетскиот шок и другите економски случувања.

„Не сме на однапред определена патека за каматните стапки“, е пораката од ЕЦБ, која најавува дека идните одлуки ќе зависат од новите податоци и од проценката дали инфлациските притисоци се шират пошироко во економијата.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со ПЕНЗИ пакет: Пензијата пред први во месецот и 1.000 денари за нови корисници

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира ПЕНЗИ пакетот наменет за пензионерите, кој овозможува пензијата да биде достапна пред секој први во месецот, заедно со низа дополнителни банкарски поволности.

Како дел од пакетот, корисниците можат да подигнуваат готовина без провизија од сите банкомати во земјата, а на располагање им се и бесплатно електронско и мобилно банкарство.

Пакетот вклучува и бесплатни СМС известувања за банкарските трансакции и состојбата на сметката.

Дополнително, Халкбанк нуди 1.000 денари за новоотворени ПЕНЗИ пакети.

Од Банката посочуваат дека понудата е креирана со цел пензионерите полесно да располагаат со своите средства и да користат повеќе банкарски услуги без дополнителни трошоци.

Продолжи со читање

Банки

Светска банка ја зголеми прогнозата: Економски раст од 3,2% за Македонија во 2026 година

Објавено

на

Светска банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија и сега очекува домашната економија да забележи раст од 3,2% во 2026 година.

Новата проекција е повисока од прогнозата објавена во јуни, кога Светска банка очекуваше раст од 2,9%, покажуваат најновите податоци од извештајот за економските движења во Европа и Централна Азија.

Сепак, очекуваниот раст годинава би бил понизок во однос на 2025 година, кога македонската економија остварила раст од 3,5%.

Според најновите проекции, во 2027 година економскиот раст на Северна Македонија се очекува да забави на 3%, а истата стапка се прогнозира и за 2028 година.

Во поширок регионален контекст, Светска банка очекува економиите на Западен Балкан во 2026 година во просек да пораснат за 3,1%, додека за 2027 година се прогнозира раст од 3,4%.

Новата прогноза претставува нагорна корекција на очекувањата за македонската економија, во услови на неизвесно глобално окружување и ризици поврзани со геополитичките тензии, цените и надворешната побарувачка.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange