Connect with us
no baners

Банки

Плати со Mastercard на Комерцијална банка и добиј уште 100 денари попуст на Студентскиот пакет во Cineplexx

Објавено

на

Со Mastercard картичките на Комерцијална банка понеделник е дефинитивно ден за кино со Студентски пакет во Cineplexx по цена од само 200 денари!

Плати со која било Mastercard картичка на Комерцијална банка и добиј дополнителни 100 денари попуст на добро познатиот Студентски пакет во Cineplexx достапен секој понеделник.

Студентскиот пакет на Cineplexx во понеделник важи за секој студент, а со Mastercard картичките на Комерцијална банка сега станува уште поатрактивен. Затоа:

  • покажи студентска легитимација или индекс
  • плати со твојата Mastercard картичка од Комерцијална банка
  • добиј уште 100 денари попуст

Mastercard картичките на Комерцијална банка секој понеделник ти ја носат филмската магија во Cineplexx со комплетно мени – билет за 2Д филм, пуканки и вода или сок.

Оваа зима понеделник нека биде време за уживање со пријателите во богатиот репертоар на Cineplexx.

Дознај повеќе на следниот линк.

За да аплицираш за Mastercard картичка посети ja нашата веб страна kb.mk.

no baners
no baners

Банки

Халкбанк со ПЕНЗИ пакет: Пензијата пред први во месецот и 1.000 денари за нови корисници

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира ПЕНЗИ пакетот наменет за пензионерите, кој овозможува пензијата да биде достапна пред секој први во месецот, заедно со низа дополнителни банкарски поволности.

Како дел од пакетот, корисниците можат да подигнуваат готовина без провизија од сите банкомати во земјата, а на располагање им се и бесплатно електронско и мобилно банкарство.

Пакетот вклучува и бесплатни СМС известувања за банкарските трансакции и состојбата на сметката.

Дополнително, Халкбанк нуди 1.000 денари за новоотворени ПЕНЗИ пакети.

Од Банката посочуваат дека понудата е креирана со цел пензионерите полесно да располагаат со своите средства и да користат повеќе банкарски услуги без дополнителни трошоци.

Продолжи со читање

Банки

Светска банка ја зголеми прогнозата: Економски раст од 3,2% за Македонија во 2026 година

Објавено

на

Светска банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија и сега очекува домашната економија да забележи раст од 3,2% во 2026 година.

Новата проекција е повисока од прогнозата објавена во јуни, кога Светска банка очекуваше раст од 2,9%, покажуваат најновите податоци од извештајот за економските движења во Европа и Централна Азија.

Сепак, очекуваниот раст годинава би бил понизок во однос на 2025 година, кога македонската економија остварила раст од 3,5%.

Според најновите проекции, во 2027 година економскиот раст на Северна Македонија се очекува да забави на 3%, а истата стапка се прогнозира и за 2028 година.

Во поширок регионален контекст, Светска банка очекува економиите на Западен Балкан во 2026 година во просек да пораснат за 3,1%, додека за 2027 година се прогнозира раст од 3,4%.

Новата прогноза претставува нагорна корекција на очекувањата за македонската економија, во услови на неизвесно глобално окружување и ризици поврзани со геополитичките тензии, цените и надворешната побарувачка.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со предупредување до клиентите: Зголемена внимателност поради сајбер измами

Објавено

на

Месецот на свесност за сајбер безбедност, кој се одбележува секоја година во октомври, е глобална иницијатива креирана со цел да ја подигне свесноста за важноста на заштита на личните и деловните податоци во дигиталниот свет.

Со растечката појава на сајбер напади, пробивање на податоци и интернет измами, Месецот на свесност за сајбер безбедност има за цел да ги едуцира поединците и компаниите за најдобрите практики за заштита од сајбер закани.

Стопанска банка редовно ги потсетува и предупредува своите клиенти да бидат внимателни и претпазливи со цел максимална заштита на нивните професионални и лични податоци.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange