Connect with us

Банки

НЛБ Банка со промотивна понуда за депозити со поволни камати

Објавено

на

НЛБ Банка нуди промотивна понуда за орочени депозити, насочена кон обезбедување поволни приноси и сигурност за штедачите. Понудата опфаќа депозити во денари и во евра, со фиксни каматни стапки за целиот период на орочување.

Промоцијата важи за депозити склучени во периодот од 15 април до 15 мај годинава, а клиентите можат да изберат дали ќе штедат преку мобилната апликација НЛБ мКлик или во експозитурите на банката.

За онлајн депозитите преку апликацијата се нудат повисоки каматни стапки, и тоа 3 проценти за денарско штедење и 2,30 проценти за штедење во евра, со месечна исплата на каматата. Кај депозитите склучени во експозитурите, каматните стапки изнесуваат 2,80 проценти за денари и 2,20 проценти за евра, со можност за исплата на крајот на рокот или на месечно ниво.

Од банката посочуваат дека целта на понудата е да им се овозможи на клиентите стабилно и исплатливо управување со нивните заштеди, во услови на променливи економски текови.

Повеќе информации за условите на промоцијата се достапни на веб-страницата на НЛБ Банка, како и преку контакт центарот и во експозитурите низ земјата.

Банки

Комерцијална банка со наградна игра за средба со Ламин Јамал и натпревар на Барселона

Објавено

на

Комерцијална банка организира наградна игра за корисниците на Visa картички, во која главната награда е средба со фудбалската ѕвезда Ламин Јамал и можност за следење натпревар на Барселона во живо на „Камп Ноу“.

Во наградната игра учествуваат плаќањата направени до 31 октомври 2026 година со Visa Debit, Visa Classic Revolving, Visa Classic Standard, Visa Signature и Visa Gold картичките на Комерцијална банка.

Со секоја трансакција корисниците добиваат кодови за учество, додека плаќањата преку Google Pay, Apple Pay или Garmin Pay носат по два кода.

Главната награда вклучува средба со Ламин Јамал за добитникот и негов придружник, како и фудбалско искуство поврзано со Барселона.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 ноември 2026 година.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка АД Битола бронзен партнер на MicroBalkans 2026

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола е најавена како бронзен партнер на регионалниот настан MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined, кој ќе се одржи на 24 и 25 септември во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

Банката нуди широк спектар финансиски услуги за физички и правни лица, меѓу кои кредитирање, штедење, платежни картички, трансакциски сметки и дигитално банкарство.

АЛТА банка АД Битола, поранешна Стопанска банка Битола, во 2025 година стана дел од српската ALTA Group, а во декември истата година го презеде новото име.

Со долгогодишно присуство на финансискиот пазар во Северна Македонија, банката со учеството на MicroBalkans 2026 се вклучува во регионалниот дијалог за развојот на нови модели и современи решенија во финансиските услуги.

Настанот MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined е во организација на Групацијата на небанкарски финансиски институции во Северна Македонија и ќе обедини претставници од финансискиот сектор со фокус на трендовите, иновациите и идниот развој на кредитирањето и финансиските услуги во регионот.

Продолжи со читање

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година

Објавено

на

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.

Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.

Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange