Банки
Панел 3, конференција на НБ: “Родово инклузивни финансии во регионот на Југоисточна европа“
Народната банка, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ), на 1 октомври ќе ја одржи јубилејната, Десетта меѓународна конференција. Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе разработуваат повеќе актуелни прашања обединети под темата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“.
Темата на втората панел дискусија ќе биде “Родово инклузивни финансии во регионот на Југоисточна европа“.
Третиот панел на едно место ќе ги обедини гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, и гувернерките на централните банки на Србија, Јоргованка Табаковиќ, на Црна Гора, Ирена Радовиќ, на Босна и Херцеговина, Јасмина Селимовиќ и Анка Драгу, гувернерката на Народната банка на Молдавија, како и министерката за финансии на Македонија, Гордана Димитриеска Кочоска.
Модератор на овој интересен панел, што на едно место ќе обедини силни жени од регионот е Алфред Ханиг (Alfred Hannig), извршен директор на Алијансата за финансиска вклученост, организација чии што фокус е токму обезбедување на финансиска инклузија.
Банки
Халкбанк со нов дизајн на електронското банкарство за правни лица
Халкбанк А.Д. Скопје воведува нов и модерен дизајн на платформата за електронско банкарство за правни лица, со цел подобро корисничко искуство и полесно користење на услугите.
Редизајнираната платформа од 2 септември 2026 година е достапна во првата фаза за клиентите кои пристапуваат преку WEB.
За корисниците кои се најавуваат преку десктоп апликацијата, редизајнот ќе се имплементира автоматски во текот на наредниот месец.
По имплементацијата, за користење на платформата преку десктоп апликацијата ќе биде потребен оперативен систем Windows 10 или понов, додека најавата со USB токен ќе се врши исклучиво преку десктоп апликацијата.

Актуелниот дизајн ќе остане достапен паралелно до 6 октомври 2026 година, по што корисниците автоматски ќе бидат пренасочени кон новата верзија.
Од Халкбанк информираат дека со новиот изглед се воведуваат и унапредувања во функционалностите, а на клиентите им е достапно и корисничко упатство со дополнителни информации.
Банки
Гувернерот Славески на средба со претставници на Амбасадата на САД
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со претставниците на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Бредли Гарднер, шеф на Политичко-економскиот сектор, Барнабас Биркеланд, економски аташе, и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата на САД во земјава. На средбата присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска.
На средбата беа разменети мислења за актуелните економски состојби и очекувањата за македонската економија, како и за тековните светски и регионални економски движења и нивното влијание врз домашната економија.
Гувернерот Славески ги претстави тековните активности и приоритети на Народната банка, со посебен осврт на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, стабилноста на девизниот курс и натамошното унапредување и модернизирање на финансискиот систем. Во тој контекст, беше истакнато дека Народната банка и натаму спроведува соодветна макроекономска политика, насочена кон одржување на стабилноста на цените и девизниот курс, како основа за стабилно и предвидливо економско окружување.
На средбата беше посочено дека финансискиот систем и натаму е отпорен и може да се справи со потенцијалните ризици и предизвици од домашното и меѓународното окружување. Притоа, Народната банка продолжува со следењето на ризиците и со преземањето соодветни мерки за одржување на стабилноста и довербата во банкарскиот и финансискиот систем.
Во разговорот беше нагласена важноста на продолжувањето на редовниот дијалог и размената на мислења за актуелните економски прашања, имајќи ги предвид неизвесностите во светското економско окружување и потребата од навремени и соодветни политики за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност.
Банки
Поволни курсеви во Халкбанк: Менувајте валути без провизија
Планирате патување, плаќање во странство или едноставно сакате да размените девизи? Халкбанк нуди менувачко работење без провизија, со актуелна курсна листа за најкористените светски валути.
Според курсната листа ажурирана на 3 септември 2026 година, куповниот курс на еврото изнесува 61,30 денари, а продажниот 61,80 денари, додека средниот курс е 61,4942 денари.
Американскиот долар се купува по 52 денари, а се продава по 54 денари, со среден курс од 53,113 денари. Британската фунта има среден курс од 71,6131 денари, а швајцарскиот франк 65,2528 денари.
Во понудата се достапни и турската лира, шведската и норвешката круна, јапонскиот јен, канадскиот и австралискиот долар.
Дополнителна поволност за клиентите е што Халкбанк не наплатува провизија за менувачко работење.
Актуелните курсеви и калкулаторот за конверзија се достапни на веб-страницата на Халкбанк.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес





