Connect with us
no baners

Продукти

Аплицирај и активирај ја твојата Mastercard Contactless на Халкбанк и добиј вредносен ваучер

Објавено

на

Дали знаевте дека постои сигурен, ефикасен и брз начин на плаќање со Mastercard Contactless (бесконтактна) кредитна картичка на Халкбанк?
Со оваа картичка, не е неопходно користење на готовина, доволно e да ја доближите картичката до ПОС терминалот и трансакцијата е завршена.

Халкбанк им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за Mastercard Contactless кредитна картичка и ќе направат трансакција на ПОС терминал или онлајн, да добијат дигитален ваучер од Giftcards.mk во износ од 1.200 денари. Понудата важи за првите 500 корисници што ќе ги исполнат условите.

Клиентите кои ги исполниле условите за добивање на вредносен ваучер, на елекстронската адреса која ја имаат оставено за контакт, ќе добијат линк и порака со упатство за користење на дигиталниот ваучер. По избирање на ваучер за еден од понудените трговци, ќе добијат баркод кој потоа може да се реализира во продажните места со прикажување на истиот преку телефон или друг уред.

Плаќањето со оваа картичка се врши без ПИН авторизација или потпис до лимит од 2.000,00 мкд, одреден од Банката, или до лимитот за бесконтактни трансакции поставен на ПОС терминалот.

Mastercard Contactless кредитните картички немаат ограничување на лимитот во број на плати, а минималниот долг за плаќање изнесува 5%. Корисникот на оваа картичка добива и можност за плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на банката.

За корисникот на картичката, Mastercard Contactless кредитната картичка овозможува 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате мејл известување за секоја направена трансакција.

Сите заинтересирани можат веднаш да аплицираат преку достава на апликација во најблиската филијала/експозитура или преку онлајн апликација, а има можност и за онлајн аплицирање преку електронско банкарство или мобилната апликација. Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code).

no baners
no baners

Продукти

iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket

Објавено

на

iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.

Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.

Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.

Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.

Продолжи со читање

Банки

НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.

Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.

Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.

За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.

Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.

Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември

Објавено

на

Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.

Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.

Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange