Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
Доколку имате желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Комерцијална банка АД Скопје овозможува активно да учествувате во модерниот развој на банката, да работите во пријатна средина која ги цени Вашите лични вредности и да ги остварите Вашите професионални цели.
Искористете ја можноста и аплицирајте за:
Работна позиција: Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office).
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 28.670,00 денари.
Огласот важи до 09.04.2023 година.
Работни цели и задачи:
- Oтворање на кредитни партии, доделување на каматна група и задолжување на кредитите;
- Изготвување на амортизациони планови, и испраќање на коминтентите;
- Книжење на задолжувањата и раскнижување на извршените уплати од страна на клиентите согласно договорните одредби или согласно инструкциите од службеникот за односи со клиенти или непосредниот раководител за кредитните партии;
- Пресметка и печатење на каматни листи и доставување до коминтентите;
- Подготвување на пресметки и книговодствени картици за тужење и стечај;
- Дефинирање на партија за денарска гаранција, доделување на каматна група и задолжување на гаранцијата;
- Книжење на извршени уплати по основ на денарски гаранции;
- Пресметка и печатење на каматни листи и доставување до коминтентите;
- Изготвување на налог, негова проверка и спроведување во случај на протестирање на денарска гаранција.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки (предност ќе имаат кандидатите со насока: сметководство и ревизија);
- Познавање на англиски јазик и MS Office алатки;
- Без работно искуство;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Пополнете ја следната апликација или доставете ваше CV на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)”.
Телефон за контакт: (02) 3168-467
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Кариера
Стопанска банка вработува: Отворени пет работни позиции во Скопје
Стопанска банка АД – Скопје објави дека бара нови вработени за пет работни позиции. Заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за понудените работни места на Регионалниот саем за вработување, кој ќе се одржи на 28 октомври 2026 година во Скопје.
Банката има потреба од кадар во повеќе области, меѓу кои спречување перење пари, грижа за корисници, маркетинг, платен промет и трезорско работење.
Поконкретно, Стопанска банка бара соработник за спречување перење пари, агент за грижа на корисници, маркетинг специјалист, референт за платен промет и трезорист.
Овие работни позиции опфаќаат различни сегменти од банкарското работење, од директна комуникација со клиентите и обработка на финансиски трансакции, до маркетинг активности, трезорско работење и усогласеност со законските прописи за спречување перење пари.
Учеството на Стопанска банка на Регионалниот саем за вработување претставува можност за заинтересираните кандидати да се запознаат со понудата на работни места и можностите за професионален развој во банкарскиот сектор.
Регионалниот саем за вработување е најавен за 28 октомври 2026 година во Скопје, а во објавата не се наведени дополнителни информации за потребните квалификации, условите за вработување и роковите за аплицирање.
Кариера
iute Macedonia вработува: Отворена позиција за советник за клиенти
Компанијата iute Macedonia објави оглас за вработување на нов член во својот тим, на позицијата Советник за клиенти – After Sales. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 31 октомври 2026 година.
Од компанијата истакнуваат дека зад секое добро финансиско решение стои разбирањето на потребите на клиентите, нагласувајќи ја важноста на квалитетната комуникација и индивидуалниот пристап.
Новата позиција е наменета за кандидати кои умеат внимателно да ги препознаат потребите на клиентите, да идентификуваат можности и да понудат соодветни решенија што создаваат дополнителна вредност.
„Технологијата ги поврзува услугите. Луѓето го прават искуството подобро“, порачуваат од iute Macedonia, повикувајќи ги заинтересираните кандидати да станат дел од нивниот тим.
Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата биографија (CV) на електронската адреса [email protected], најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Повеќе информации за огласот се достапни на официјалната веб-страница на компанијата: https://iute.mk/sovetnik-za-klienti/.
Кариера
НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник
НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.
Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.
Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.
-
Банкипред 2 месеци10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 2 месециМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Банкипред 2 месециКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка денеска ги исплаќа августовските пензии
-
Банкипред 2 месециХалкбанк започна со исплата на августовските пензии
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Самоил Крстевски | Сопственик на маркетинг агенција Media Lab Solution
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка нема да работи на 28 август поради празникот Голема Богородица





