Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ДЕЛОВНИ ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ, во Служба за корпоративно работење.

Дел од работните задачи на референт за деловни односи за клиенти во Служба за корпоративно работење се следните:

  • Анализи и обработка на финансиските податоци за клиентите, подготовка на кредитни предлози со комплетна анализа на клиентот и доставување на истите до соодветните служби;
  • Подготовка на кредитно рангирање на кредитниот ризик на клиентот во соработка со кредитните референти. Преговарање, во рамки на надлежноста, за условите за соработка со клиентите;
  • Оценка на кредитни барања и креирање соодветни извештаи;
  • Учество во работата на банката, во случај кога се одобруваат кредити/заеми, во согласност со ограничувањата и надлежностите, дадени во постапката за одобрување и др.
  • Надзор врз зголемувањето на приходите преку растење на соработката со постојните клиенти и привлекувањето на нови клиенти;
  • Следење на активностите на пазарот и конкуренцијата со цел да се најдат можности за понатамошен напредок во работењето;
  • Постигнување на таргетите за пораст/продажба, приходи и задоволство на клиентите, на начин поставен од Управниот одбор на банката;

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Универзитетска диплома пожелно, по можност во банкарство, финансии или друга релевантна област;
  • Посета на образовни програми, соодветни за предметното работно место;
  • 3 (три) години искуство пожелно, по можност во банкарство или друг финансиски сектор
  • Многу добро познавање на даночниот систем, сметководството и анализа на финансиската состојба;
  • Многу добро познавање на прашањата поврзани со пазарот на средства/капитал;
  • Познавање на продажни техники и маркетинг;
  • Познавање на MS Office;
  • Многу добро познавање на англискиот јазик;
  • Добро познавање на банкарските производи;
  • Добри организациски и комуникациски вештини;
  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Добри преговарачки вештини;
  • Флексибилност;
  • Иницијативност;
  • Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на банката.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “референт за деловни односи со клиенти”, најдоцна до 31.03.2023 година.

Силк Роуд Банка замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за приватниот живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange