Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција.

Визијата на УНИБанка е да биде константен лидер во иновации на пазарот, следејќи ги светските/европските банкарски трендови и нивното имплементирање на домашниот пазар, на тој начин нудејќи им поволности и екстра бенефиции на своите клиенти.

Целта на банката е да одбира млад кадар и да им овозможи своето работно искуство да го стекнат во УНИБанка. Вработените постојано се едуцираат со можности за брз напредок во својата кариера.

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Биди и ти дел од тимот на УНИБанка!…

Асистент на Управен одбор

Потребни квалификации:

  • Високо стручно образование;
  • Активно познавање MS Office пакетот и одлично познавање на англиски јазик, (пишување и говорење);
  • Одлични комуникациски вештини и познавање на деловен бонтон.

Одговорност и задачи:

  • Врши административно техничките работи, контактира со странки и деловни соработници за потребите на членовите на Управниот одбор;
  • Го организира временскиот распоред на активностите на членовите на Управниот одбор и закажува состаноците што ги свикуваат и организираат членовите на Управниот одбор;
  • Ја прима и ја подредува поштата што ја примаат членовите на Управниот одбор.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 31.03.2023 година.

Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификции и услови ќе бидат повикани на интервју.

Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]

Вработување

Оглас за вработување на Асистент на Управен одбор во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата:

 Асистент на Управен одбор
Локација: Дирекција-Скопје

 Одговорности и задачи:

  • Одговарање и пренасочување на повици на телефонска централа
  • Набавка за потребите на Банката 
  • Пречекување на клиенти и насочување кон соодветни служби
  • Прием и евиденција на влезна и излезна документација
  • Прием и евиденција на влезни фактури
  • Подготовка на табели за работно време
  • Подготовка на табели за користење на годишен одмор
  • Набавка на тековни канцелариски и потрошни материјали
  • Логистичка поддршка на службите на банката
  • Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.

Потребни квалификации:

  • Пожелно е 1 годишно работно искуство 
  • Завршено средно образование
  • Активно познавање на Англиски јазик
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот
  • Висок степен на чесност,етичност и доверливост.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Продолжи со читање

Вработување

Капитал Банка ја проширува својата мрежа

Објавено

на

Капитал Банка ја проширува својата мрежа!

Капитал Банка има потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати за следните позиции:

  • Референт на благајна и Раководител на експозитура – локација Охрид
  • Референт на благајна и Раководител на експозитура – локација Свети Николе

За да се приклучите на тимoт на Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Самостоен референт во Сектор за проценка

Продолжи со читање

Популарно