Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии,

 Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во
Тетово, Велес и Кавадарци

Работни задачи:

  • Градење на квалитетни односи со клиенти.
  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитни барања,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
  • Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи
    или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно
    работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку
    ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии,
    техники и технологии,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.

Бенефиции:

  • Конкурентна плата за кандидати со и без релевантно работно искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: [email protected] и [email protected], со назнака за експозитурата
за која се аплицира. Огласот е активен до 26.05.2025 година.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Кариера

Во Министерството за економија и труд потпишан нов колективен договор за постепено зголемување на платите во администрацијата до 21%

Објавено

на

Во Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор со кој се предвидува постепено зголемување на платите на административните службеници во наредните три години, информираше Независниот синдикат на државната администрација на Македонија.

Според договорот, растот на платите ќе се реализира во три фази: зголемување од 7 проценти од 1 март 2026 година, дополнителни 7 проценти од 1 март 2027 година и уште 7 проценти од 1 март 2028 година. Со ова, вкупното покачување ќе достигне 21 процент до крајот на периодот.

Од синдикатот нагласуваат дека ваквиот чекор е важен за воспоставување подобар баланс меѓу платите во јавниот и приватниот сектор. Притоа, посочуваат дека државата треба да обезбеди поволна деловна средина, која ќе овозможи и приватниот сектор да го следи трендот на раст на примањата.

„Силната економија се темели на задоволни работници во приватниот сектор и ефикасна јавна администрација“, наведуваат од синдикатот.

Воедно, се истакнува дека зголемувањето на платите носи и поголема одговорност за административните службеници. Во наредниот период, акцентот ќе биде ставен на доследна примена на законите, професионализација на институциите и унапредување на услугите кон граѓаните и бизнисите.

Од синдикатот најавуваат дека реформските процеси ќе продолжат, со цел подобрување на условите за работа и зголемување на ефикасноста во јавниот сектор.

Продолжи со читање

Кариера

Објавен повик за студентска пракса во Царинската управа

Објавено

на

Економскиот факултет при УКИМ во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија објави повик за пријавување на студенти за извршување на практична работа. Повикот се реализира врз основа на Меморандумот за деловно-техничка соработка меѓу двете институции.

Право на аплицирање имаат студентите од втора, трета и четврта година од сите департмани на факултетот. Практичната работа ќе се одвива во текот на месеците јуни, јули и август, во времетраење од 5 до 30 работни дена.

Работното време е предвидено од понеделник до петок, со ангажман од 2 до 6 часа дневно. Деталниот распоред, времетраењето на праксата и распределбата по организациски единици ќе ги утврди Секторот за управување со човечки ресурси при Царинската управа.

За пријавување, студентите треба да достават основни лични податоци, вклучувајќи име и презиме, број на индекс, место на живеење, година на студии, контакт телефон и e-mail адреса. Апликациите се испраќаат на електронската адреса [email protected] со назнака „За студентска пракса во Царина“.

Крајниот рок за пријавување е 10 април 2026 година. Од Центарот за кариера при Економскиот факултет информираат дека селекцијата ќе се врши по редослед на пријавување, при што ќе бидат разгледани само комплетни апликации што ги исполнуваат условите.

Од факултетот ги повикуваат заинтересираните студенти навреме да аплицираат и да ја искористат можноста за стекнување практично искуство во државната администрација.

Продолжи со читање

Кариера

Проф. д-р Дарко Данев влегува во трката за ректор на УКИМ со визија за модернизација и меѓународна конкурентност

Објавено

на

Професорот од Машинскиот факултет, проф. д-р Дарко Данев, официјално ја поднесе кандидатурата за ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за мандатниот период 2026–2029 година.

Данев, кој важи за искусен академски и универзитетски менаџер, во трката влегува со концепт за развој на современ, ефикасен и меѓународно конкурентен универзитет. Во академската јавност е познат како долгогодишен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет, функција што ја извршуваше во два мандата, од 2016 до 2023 година.

Во текот на неговото раководење со факултетот се реализирани повеќе институционални промени, меѓу кои се издвојуваат ангажирањето на 47 нови кадри и подмладувањето на наставниот и административниот состав, како и решавањето на долгогодишни имотно-правни прашања.

Роден во 1971 година во Скопје, Данев целата своја академска кариера ја градел на УКИМ, а зад себе има и бројни меѓународни студиски престои и специјализации, меѓу другото во Шведска, Германија, САД, Белгија и Јапонија.

Во својата кандидатура, Данев посочува дека универзитетот има потенцијал да биде клучен двигател на општествениот и економскиот развој, нагласувајќи дека приоритет ќе му биде унапредување на квалитетот на образованието, поттикнување на иновациите и задржување на младите кадри во земјата.

Со оваа кандидатура, проф. д-р Данев се приклучува на изборната трка за прв човек на најголемиот и најстар универзитет во државата, во период кога се очекуваат нови развојни насоки за високото образование.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange