Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии,

 Штедилница Можности вработува:
Службеник во сектор трансакции и логистика на продажба

Работни задачи:

  • Евиденција, следење и анализа на штедно портфолио;
  • Реализација и евиденција на кредити;
  • Превземање на податоци од надворешни апликации и подготовка на извештаи;
  • Работа со кредитен и централен регистар;
  • Дневни и месечни пресметки и книжења;
  • Подготовка и контрола  на регулаторни и интерни извештаи;
  • Следење на законска регулатива и пазарни трендови во делот на штедно портфолио, и други работи и работни задачи од областа на штедење и трансакции.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование економски факултет со основни познавања на финансиски извештаи, или средно образование со соодветно работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење;
  • Способност за тимска работа но и самостојност;
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително;
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии.

Бенефиции:

  • Почетна нето плата од 33.000 денари за кандидати без релевантно искуство;
  • Континуирани обуки за професионален развој;
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: [email protected] и [email protected], а огласот е активен до 20.11.2024 година.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Кариера

Стопанска банка вработува: Отворени пет работни позиции во Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави дека бара нови вработени за пет работни позиции. Заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за понудените работни места на Регионалниот саем за вработување, кој ќе се одржи на 28 октомври 2026 година во Скопје.

Банката има потреба од кадар во повеќе области, меѓу кои спречување перење пари, грижа за корисници, маркетинг, платен промет и трезорско работење.

Поконкретно, Стопанска банка бара соработник за спречување перење пари, агент за грижа на корисници, маркетинг специјалист, референт за платен промет и трезорист.

Овие работни позиции опфаќаат различни сегменти од банкарското работење, од директна комуникација со клиентите и обработка на финансиски трансакции, до маркетинг активности, трезорско работење и усогласеност со законските прописи за спречување перење пари.

Учеството на Стопанска банка на Регионалниот саем за вработување претставува можност за заинтересираните кандидати да се запознаат со понудата на работни места и можностите за професионален развој во банкарскиот сектор.

Регионалниот саем за вработување е најавен за 28 октомври 2026 година во Скопје, а во објавата не се наведени дополнителни информации за потребните квалификации, условите за вработување и роковите за аплицирање.

Продолжи со читање

Кариера

iute Macedonia вработува: Отворена позиција за советник за клиенти

Објавено

на

Компанијата iute Macedonia објави оглас за вработување на нов член во својот тим, на позицијата Советник за клиенти – After Sales. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Од компанијата истакнуваат дека зад секое добро финансиско решение стои разбирањето на потребите на клиентите, нагласувајќи ја важноста на квалитетната комуникација и индивидуалниот пристап.

Новата позиција е наменета за кандидати кои умеат внимателно да ги препознаат потребите на клиентите, да идентификуваат можности и да понудат соодветни решенија што создаваат дополнителна вредност.

„Технологијата ги поврзува услугите. Луѓето го прават искуството подобро“, порачуваат од iute Macedonia, повикувајќи ги заинтересираните кандидати да станат дел од нивниот тим.

Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата биографија (CV) на електронската адреса [email protected], најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Повеќе информации за огласот се достапни на официјалната веб-страница на компанијата: https://iute.mk/sovetnik-za-klienti/.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.

Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.

Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange