Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата.

Визијата на Шпаркасе Банка е да биде најдобар избор за клиентите, да ја поддржува економијата и заедницата и да создава подобра иднина.

Банката своето работење го темели на вредности, а успешниот тим делува во духот на извонредност, доверба, агилност, страст и партнерство.

Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Благајник – Соработник, Оддел мрежа на експозитури.

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици, имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно секојдневно да ги живеете корпоративни вредности!

Кариера

Во Министерството за економија и труд потпишан нов колективен договор за постепено зголемување на платите во администрацијата до 21%

Објавено

на

Во Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор со кој се предвидува постепено зголемување на платите на административните службеници во наредните три години, информираше Независниот синдикат на државната администрација на Македонија.

Според договорот, растот на платите ќе се реализира во три фази: зголемување од 7 проценти од 1 март 2026 година, дополнителни 7 проценти од 1 март 2027 година и уште 7 проценти од 1 март 2028 година. Со ова, вкупното покачување ќе достигне 21 процент до крајот на периодот.

Од синдикатот нагласуваат дека ваквиот чекор е важен за воспоставување подобар баланс меѓу платите во јавниот и приватниот сектор. Притоа, посочуваат дека државата треба да обезбеди поволна деловна средина, која ќе овозможи и приватниот сектор да го следи трендот на раст на примањата.

„Силната економија се темели на задоволни работници во приватниот сектор и ефикасна јавна администрација“, наведуваат од синдикатот.

Воедно, се истакнува дека зголемувањето на платите носи и поголема одговорност за административните службеници. Во наредниот период, акцентот ќе биде ставен на доследна примена на законите, професионализација на институциите и унапредување на услугите кон граѓаните и бизнисите.

Од синдикатот најавуваат дека реформските процеси ќе продолжат, со цел подобрување на условите за работа и зголемување на ефикасноста во јавниот сектор.

Продолжи со читање

Кариера

Објавен повик за студентска пракса во Царинската управа

Објавено

на

Економскиот факултет при УКИМ во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија објави повик за пријавување на студенти за извршување на практична работа. Повикот се реализира врз основа на Меморандумот за деловно-техничка соработка меѓу двете институции.

Право на аплицирање имаат студентите од втора, трета и четврта година од сите департмани на факултетот. Практичната работа ќе се одвива во текот на месеците јуни, јули и август, во времетраење од 5 до 30 работни дена.

Работното време е предвидено од понеделник до петок, со ангажман од 2 до 6 часа дневно. Деталниот распоред, времетраењето на праксата и распределбата по организациски единици ќе ги утврди Секторот за управување со човечки ресурси при Царинската управа.

За пријавување, студентите треба да достават основни лични податоци, вклучувајќи име и презиме, број на индекс, место на живеење, година на студии, контакт телефон и e-mail адреса. Апликациите се испраќаат на електронската адреса [email protected] со назнака „За студентска пракса во Царина“.

Крајниот рок за пријавување е 10 април 2026 година. Од Центарот за кариера при Економскиот факултет информираат дека селекцијата ќе се врши по редослед на пријавување, при што ќе бидат разгледани само комплетни апликации што ги исполнуваат условите.

Од факултетот ги повикуваат заинтересираните студенти навреме да аплицираат и да ја искористат можноста за стекнување практично искуство во државната администрација.

Продолжи со читање

Кариера

Проф. д-р Дарко Данев влегува во трката за ректор на УКИМ со визија за модернизација и меѓународна конкурентност

Објавено

на

Професорот од Машинскиот факултет, проф. д-р Дарко Данев, официјално ја поднесе кандидатурата за ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за мандатниот период 2026–2029 година.

Данев, кој важи за искусен академски и универзитетски менаџер, во трката влегува со концепт за развој на современ, ефикасен и меѓународно конкурентен универзитет. Во академската јавност е познат како долгогодишен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет, функција што ја извршуваше во два мандата, од 2016 до 2023 година.

Во текот на неговото раководење со факултетот се реализирани повеќе институционални промени, меѓу кои се издвојуваат ангажирањето на 47 нови кадри и подмладувањето на наставниот и административниот состав, како и решавањето на долгогодишни имотно-правни прашања.

Роден во 1971 година во Скопје, Данев целата своја академска кариера ја градел на УКИМ, а зад себе има и бројни меѓународни студиски престои и специјализации, меѓу другото во Шведска, Германија, САД, Белгија и Јапонија.

Во својата кандидатура, Данев посочува дека универзитетот има потенцијал да биде клучен двигател на општествениот и економскиот развој, нагласувајќи дека приоритет ќе му биде унапредување на квалитетот на образованието, поттикнување на иновациите и задржување на младите кадри во земјата.

Со оваа кандидатура, проф. д-р Данев се приклучува на изборната трка за прв човек на најголемиот и најстар универзитет во државата, во период кога се очекуваат нови развојни насоки за високото образование.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange