Connect with us
no baners

Бизнис

НОВА ЖРТВА НА ЕПСТИН – оставка на претседателот на групацијата „Хајат“ поради контакти со осудениот сексуален престапник

Објавено

на

Корпорацијата „Хајат Хотелс“ ја потврди оставката на својот претседател, Томас Прицкер, откако објавените документи од Министерството за правда на САД открија негов контакт со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

Прицкер призна дека направил „ужасна проценка“ и дека се повлекува по консултација со одборот на директори.

Новата позиција на претседател ја презема извршниот директор Марк Хопламазијан, кој ќе ја води компанијата, чиј семеен синџир сè уште е под контрола на семејството Прицкер. Објавувањето на документите на Епстин доведе до слични оставки и кај други високи менаџери и правни експерти во САД.

Минатата недела, главниот правен советник на американската банкарска групација „Голдман Сакс“, Кетрин Румелер, поднесе оставка поради нејзините врски со Епстин. Бред Карп, исто така, поднесе оставка од функцијата претседател на адвокатската фирма Пол, Вајс, Рифкинд, Вортон и Гарисон по објавувањето на преписката поврзана со пресудата на Епстин од 2008 година.

Бизнис

SPAR International влезе во Македонија: Отворени првите две SPAR продавници во Скопје

Објавено

на

Холандскиот синџир супермаркети SPAR International официјално влезе на пазарот во Северна Македонија со отворање на првите две продавници под брендот SPAR во Скопје.

Информацијата ја објави компанијата, наведувајќи дека со отворањето на маркетите започнува присуството на брендот во земјава и проширувањето на мрежата во регионот на Југоисточна Европа.

SPAR е еден од најпознатите меѓународни синџири за малопродажба на храна и секојдневни производи, со илјадници продавници во повеќе европски и светски земји.

Засега не се објавени дополнителни детали за локациите, инвестицијата или плановите за понатамошно ширење на брендот во Северна Македонија.

Продолжи со читање

Бизнис

Над 200 лидери и менаџери утре дел од EqualXChange vol.5: “Money. Mind. Influence.”

Објавено

на

Утре, на 19 мај 2026 година (вторник), во хотел DoubleTree by Hilton Skopje, ќе се одржи 5-тото јубилејно издание на годишната конференција EqualXChange vol.5: “Money. Mind. Influence.”, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA.

Годинашното издание предизвика исклучително голем интерес кај бизнис заедницата и ќе обедини повеќе од 200 учесници од приватниот сектор – C-level лидери, претприемачи, менаџери, HR професионалци и носители на одлуки, околу темата „Money. Mind. Influence.“ Трите сегменти на темата – Money, Mind и Influence, ги опфаќаат клучните предизвици со кои се соочуваат современите компании: финансиска писменост и носење одлуки во услови на неизвесни пазари, ментална издржливост, wellbeing и продуктивност на вработените, како и лидерство, комуникација, продажба, преговарање и влијание во тимовите и организациската култура.

EqualXChange е препознатлива конференција која во изминатите пет години прерасна од иницијатива фокусирана на родова еднаквост на работното место во значаен бизнис-настан што отвора важни разговори за работата, лидерството и организациската култура. Денес, конференцијата претставува простор за размена на искуства, идеи и практични решенија поврзани со продуктивноста, лидерството, развојот на човечкиот капитал и одржливиот раст.

Овогодинешната конференција носи динамична и внимателно креирана агенда со keynote презентации, fireside chat разговори, panel дискусии и networking сегменти, фокусирани на реални бизнис-предизвици, практични искуства и примери од лидери кои секојдневно носат клучни одлуки и управуваат со раст и промени во своите организации.

На сцената ќе говорат реномирани експерти, лидери и професионалци од различни индустрии, меѓу кои Иван Ивановски – основач на PrimeClass.mk, д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на EOS Matrix Македонија и Косово, Милан Петковски од Меѓународната организација на трудот (МОТ), Нина Ангеловска Станков, претседателка на GEA и Асоцијацијата за е-трговија, Бобан Милошевски, основач на Avalon продукција, Коста Петров, основач и директор на P World, Трајче Николов од Пивара Скопје, Сања Ѓорѓева од Dr. Goodnight, д-р Весна Чадо од PLX Academy, Марина Анчевска од Центарот за Бизнис психологија, Системски НЛП и Системска Коучинг Академија, Франка Граждани основачка на 223 и Ethereum Македонија и многу други.

Покрај главната програма, конференцијата нуди и expo сегмент и networking простор посветен на компании и партнери кои активно придонесуваат кон развој на современо, инклузивно и одржливо бизнис-опкружување.

Реализацијата на конференцијата е поддржана од партнери и организации кои препознаваат дека современото лидерство и одржливиот бизнис раст бараат вложување во луѓето, знаењето и организациската култура меѓу кои PrimeClass.mk како златен партнер, EOS Matrix Македонија и проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија и спроведен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) како track партнери, Cosmo Tinex како сребрен партнер и Delight Office Solution како бронзен партнер, како и бројни пријатели на конференцијата.

Повеќе информации за конференцијата и целосната агенда се достапни на: equalxchange.mk

Инаку, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија која е посветена на создавање инклузивна работна култура и промовирање еднакви можности за сите. Алијансата се залага за три главни столба: еднаква застапеност на мажи и жени на сите нивоа и позиции, еднаква плата за иста работа и еднакви можности за напредок. Работата на GEA ја поддржуваат Eurolink, Casys Сава Пензиско Друштво и Halkbank како главни партнери, како и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Пивара Скопје,  А1 Македонија, Евроинс Осигурување, и CosLoveMetics како партнери. Поддржувачи на Алијансата се и: Сава Осигурување, Publicis Groupe,  Avenga Academy, IdeaLab, ProCredit Bank, и EOS Мatrix. Повеќе информации за активностите и можностите за приклучување кон Алијансата за родова еднаквост на работното место се достапни на: https://genderequalityalliance.org.

Продолжи со читање

Бизнис

Ново поскапување на горивата: Бензините и дизелот со повисоки цени од полноќ

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ повторно се зголемуваат цените на горивата во земјава.

Според одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,84 проценти во однос на претходната корекција.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и дизелот поскапуваат за 2,5 денари по литар.

Од друга страна, екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари по литар. Зголемување има и кај мазутот, чија цена ќе биде повисока за 0,846 денари по килограм.

Од 19 мај во 00:01 часот ќе важат следните максимални цени:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство – 93,5 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 50,814 денари за килограм

Од Регулаторна комисија за енергетика посочуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени кои ќе стапат во сила од полноќ.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange