Останато
Нова услуга на УЈП – Електронско уверение за состојба на остварен доход
Електронско уверение за состојба на остварен доход е новата услуга која денеска ја промовираше Управата за јавни приходи – УЈП. Досега беше потребно најмалку 2 часа да се обезбеди ова уверение, а сега ќе може да биде извадено за неколку секунди.
Просечниот број на издадени уверенија на шалтер на годишно ниво е околу 30.000 и за неа се трошеа 62.000 работни часа годишно. Документот е потребен за остварување на стипендија, за засновање на работен однос, за социјална помош, за прием во социјална установа, па дури и кога се работи за усвојување на дете.
Станува збор за прва фаза од поголем проект на УЈП, со кој во иднина и другите видови уверенија и потврди кои што ги издава УЈП ќе станат електронски документи.
„Ова е целосно бесконтактна услуга, заснована на вмрежување и размена на податоци меѓу системите во реално време, а резултатот е електронски документ кој ги исполнува сите стандарди“, соопшти Петрова пред новинарите.
Директорката на УЈП, Елена Петрова, дополни и дека ова електронско уверение ќе го прифаќаат и банките при одобрување на кредит, бидејќи институцијата е надлежна за прибирање на сите податоци за платите и другите примања, не само на вработените, туку и на хонорарците и фриленсерите.
Останато
МФ: За првпат национална сертификација за внатрешните ревизори во јавниот сектор
Министерството за финансии за првпат ќе организира национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, со што се воведува и национална сертификација за оваа професионална функција.
Од Министерството оценуваат дека ова е важен чекор во зајакнувањето на системот на внатрешна финансиска контрола и во професионализацијата на ревизорските единици во јавните институции.
Спроведувањето на испитот, како што посочуваат, треба да придонесе за поголеми капацитети на единиците за внатрешна ревизија, но и за поодговорно, законско и транспарентно работење на институциите.
Од Министерството нагласуваат дека националната сертификација е дел и од активностите за зајакнување на механизмите за спречување на корупцијата и подобрување на контролата во јавниот сектор.
Воведувањето на националниот испит е значајно и во контекст на евроинтегративниот процес. Со неговото организирање се исполнува дел од препораките на Европската Унија во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а истовремено се придонесува и кон реализација на обврските од Реформската агенда.
Материјалите за подготовка, како и испитните прашања, веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.
Тие се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.
Министерството најавува дека во следниот период дополнително ќе информира за роковите и останатите чекори поврзани со организирањето и спроведувањето на испитот.
Останато
Привремено недостапни телефонските линии на Контакт центарот на УЈП
Управата за јавни приходи информира дека телефонските линии на Контакт центарот се привремено недостапни, а во тек се активности за отстранување на причините за прекинот.
Од УЈП посочуваат дека во моментов не се во функција телефонските броеви 198, 02/3253-200 и 0800 33 000, при што последниот број е достапен само од фиксни оператори.
До повторното воспоставување на телефонските линии, граѓаните и даночните обврзници се упатуваат да ги користат останатите канали за комуникација.
Физичките лица можат да се обратат во надлежната канцеларија на УЈП според адресата, додека правните лица според седиштето на компанијата. За информации е достапна и електронската адреса [email protected].
Од Управата за јавни приходи им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и најавуваат дека се преземаат активности за нормализирање на работата на Контакт центарот.
Останато
Министерството за финансии и ДЗР ја зајакнуваат соработката за контрола на јавните средства
Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе ја продлабочат меѓусебната соработка со цел поефикасна контрола, поголема транспарентност и подобра заштита на јавните средства. Меморандум за соработка потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски.
Со договорот се воспоставува рамка за поинтензивна размена на знаења, податоци и искуства меѓу двете институции, како и за унапредување на професионалните капацитети и примената на европските стандарди во управувањето и контролата на јавните финансии.
Димитриеска-Кочоска оцени дека соработката ќе создаде поцврста институционална основа за спречување и откривање неправилности, измами и коруптивни дејствија.
Според неа, целта е секој денар од домашниот буџет и секое евро од европските фондови да бидат користени законски, наменски и одговорно, во интерес на граѓаните.
Ацевски, пак, истакна дека Меморандумот треба да придонесе за подобра институционална координација, примена на меѓународните ревизорски стандарди и поефикасно функционирање на АФКОС-мрежата за заштита на финансиските интереси.
Соработката ќе опфати организирање работни средби, конференции, семинари и обуки. Вработени од ДЗР ќе можат да учествуваат како предавачи на обуките во Академијата за јавни финансии, додека експерти од Министерството за финансии ќе бидат вклучени во програмите за стручно усовршување на ревизорите.
Предвидена е и размена на стручна литература, сметководствени и ревизорски стандарди, методолошки прирачници, програми за ревизија, конечни ревизорски извештаи и акциски планови.
Од Министерството информираат дека иницијативата е заснована на практиките во земјите-членки на Европската унија, а дел од активностите ќе бидат насочени и кон подигнување на јавната свест за препознавање и спречување неправилности и измами.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 3 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа





