Connect with us

Банки

НЛБ Банка со изложба на цртежи ги финализираше активностите по повод „Месец на штедење“

Објавено

на

Традиционално по 12-ти пат НЛБ Банка реализираше уште едно успешно издание на „Месецот на штедење“, кој официјално започна на 26 септември, а денеска со отворање на изложбата на цртежи од ликовниот конкурс и прогласување на победниците во НЛБ Галерија беше заокружена оваа активност. 

Во  едномесечната кампања, НЛБ Банка ги повика децата од училиштата ширум земјава да цртаат на тема „Штедиме и другаруваме“. Годинава пристигнаа повеќе од 2000 цртежи од 40 училишта од Македонија, а НЛБ Банка, денеска на свечениот настан, ги награди децата-автори на најдобрите цртежи.  За изборот на 20 победнички цртежи  беше задолжена стручна комисија составена од академски уметници, додека останатите 10 беа избрани преку отворено гласање на микросајтот „Штедење“, каде цртежите беа објавени. На среќните добитници, НЛБ Банка  им подари Благодарници, како и штедни книшки со 3.000 денари.

Оваа година Банката во соработка со Националната Шаховска федерација, паралелно со ликовниот конкурс, го реализираше и проектот „Шах во училиштата“, чија цел беше обука на наставниот кадар на учениците до петто одделение за спроведување на часови по шах, кој од минатата година е слободна активност за учениците од прво и второ одделение и изборен предмет за учениците од четврто одделение во сите основни училишта во земјава.

„Секоја година за време на „Месецот на штедење“, покрај ликовниот конккурс, организираме и дополнителна активнсот за училиштата. Поттикнати од темата другарство, оваа година се фокусиравме на шахот. Во време кога децата поминуваат значително време на екран и сведочиме зачестени конфликтни односи меѓу нив, идејата да го популаризираме шахот во училишната средина се покажа како одличен потег. Шахот е спорт кој игра значајна улога во развојот на когнитивните и социјалните вештини, го зголемува коефициентот на интелигенција, промовира критичко размислување и учи основни математички и вербални вештини. Упатуваме голема благодарност до Шаховската федерација кои со огромно срце и наклонетост го прифатија и успешно реализираа проектот. Веруваме дека е ова само почеток и овој умствен спорт во иднина ќе го добие заслуженото место во наставната програма кај децата.“– изјави Бранко Грегановиќ, претседател на Управен одбор на НЛБ Банка Скопје.

Проектот се реализираше по наставна програма подготвена од сертифицирани шаховски тренери со долгогодишно искуство во работа со деца и како тренери по шах. Беа опфатени вкупно 52 училишта и обучени 205 наставници, во 25 различни населени места низ државата. При посетата на секое од училиштата Банката донираше и шаховски гарнитури според потребите и интересот на одделенијата. На овој начин Банката и федерацијата дадоа свој значаен придонес за одржување на квалитетна настава преку овој изборен предмет. и најважно од сè, популаризирање на овој толку значаен спорт за нивниот правилен развој.

И оваа година НЛБ Банка за време на едномесечната кампања посети голем број основни училишта во кои беше изведена забавно-едукативна претстава со маскотите на детското штедење Тиби и Штуки, а на децата им беа одржани и низа предавања на тема штедење од страна на вработените на Банката.

Изложбата на цртежите ќе биде поставена во НЛБ Галерија до 3 декември, а сите заинтересирани посетители можат да дојдат да ја погледнат секоја работен ден од 8-16 часот.

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange