Connect with us

Продукти

Продолжуваат промотивните поволности на НЛБ Банка за кредитите за физички лица

Објавено

на

Продолжува кампањата на НЛБ Банка за кредитите за физички лица, овозможувајќи ги промотивните поволности уште цели два месеци. Сите оние кои размислуваат за нови почетоци и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, имаат единствена можност да го направат тоа до крајот на годината со кредитите на НЛБ Банка, за кои во промотивниот период се овозможени и дополнителни придобивки.

Клиентите кои во периодот од 1 ноември до 31 декември ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер и ќе аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит имаат можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот, со брза и едноставна постапка за одобрување

За потсетување, потрошувачките кредити во НЛБ Банка се одобруваат само со лична карта, без дополнителна документација, со една посета на експозитура или пак со само неколку клика во апликацијата за мобилно банкарство за целосно автоматизираниот мобилен кредит, во износ до 10.000 евра.

За станбените кредити пак, НЛБ Банка нуди до 10 години фиксна каматна стапка, a на клиентите на располагање им е и широката понуда на градежни компании, соработници на Банката, со кои се обезбедени поповолни услови за кредитирање.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Банки

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станувадостапна за секој трговец

Објавено

на

Сведоци сме на интернет-револуција која од ден на ден доживува сѐ поголема експанзија во секој сегмент од општественото живеење, вклучувајќи го и доменот на трговијата. Наместо во традиционалната трговија и класичните физички продавници, сѐ поголем број на компании своите стоки и услуги почнуваат да ги нудат на интернет, а сѐ поголем број на потрошувачи потребните производи се одлучуваат да ги набават онлајн. Истражувањата покажуваат дека електронската трговија станува сѐ поатрактивна и врши своевидна револуција во начинот на тргување на глобално ниво, а со тоа и во навиките на потрошувачите ширум целиот свет.

Па така, бизнисите присутни на пазарот кај нас, со цел да станат поконкурентни и видливи кај потрошувачите, постојано се прилагодуваат на современите текови и потребите на клиентите, имплементирајќи нови современи технологии во продажбата на своите производи и услуги.

НЛБ Банка со цел да излезе во пресрет на малите и средни претпријатија, а воедно и следејќи ја својата стратегија за дигитално банкарство, неодамна ја воведе услугата „PayByLink“ која овозможува онлајн плаќање на добра и услуги со „VISA“ и „MasterCard“ платежни картички преку линк испратен од страна на трговецот до купувачот, што ја прави и прва банка во државата која го нуди овој сервис кој го револуционизира процесот за наплата и ја стимулира електронската трговија.

Како функционира „PayByLink“ и за кого е наменет?

„PayByLink“ сервисот е особено погоден за малите e-трговци кои сакаат да се присутни на онлајн пазарот, но не се во можност да развијат сопствена веб продавница и истата да ја интегрираат со банка.

Практично, НЛБ Банка му овозможува на трговецот „виртуелен“ начин за прифаќање на платежни трансакции со картичка, за кој не е потребно техничко знаење за користење, а самиот процес на креирање на линкот за наплата е брз и едноставен. Трговецот од НЛБ Банка добива пристап до e-commerce сервисот преку која генерира линк за плаќање, а до купувачот го испраќа преку е-маил или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно информирање и безбедно купување. Клиентот го отвора линкот за наплата, кој ги содржи потребните информации за комплетирање на трансакцијата, ја проверува содржината на нарачката и доколку сè е во ред, ги внесува деталите за својата картичка и го комплетира плаќањето.

„PayByLink“ е сигурен сервис и за трговецот и за купувачот и на исто безбедносно ниво заштитен како и класичниот виртуелен ПОС терминал.

Како до „PayByLink” и кои поволности ги добиваат новите корисници?

За активирање на „PayByLink“ сервисот, сѐ што е потребно да направи трговецот е даима активна сметка во НЛБ Банка, да потпише договор со банката врз основа на кој му се овозможува пристап до порталот за креирање линкови за наплата, кои понатаму ќе може да ги споделува со своите клиенти преку различни комуникациски канали.

Причина плус за актививација на „PayByLink“ онлајн серивисот на НЛБ Банка и поблиско
запознавање со придобивките од е-трговијата, претставува промоцијата која ја нуди Банката.

Имено, новите корисници кои до 25 мај, годинава ќе активираат „PayByLink“, добиваат 6 месеци бесплатно користење на услугата од датумот на активација на истата. На овој начин, е-трговијата станува достапна за секој трговец. На малите бизниси им се нуди влез во онлајн пазарот и можност за истражување на поволностите кои ги нуди современиот електронски пристап до нови клиенти, прилагодувајќи се на новите навики и потреби на потрошувачите.

Продолжи со читање

Продукти

„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ – ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање​

Објавено

на

​ПроКредит Банка ја претстави својата најнова услуга, Google Pay, уште едно дигитално решение што ги поедноставува секојдневните плаќања преку безбедна, брза и практична технологија. Со Google Pay, корисниците на Android уреди и паметни часовници можат да извршуваат бесконтактни трансакции без потреба од физички паричник.

Оваа услуга овозможува плаќања на сите продажни места со бесконтактни ПОС терминали, онлајн плаќања на веб страни или апликации, како и користење на услуги од банкомати со бесконтактен читач. Клиентите можат да дигитализираат повеќе картички преку своите Android или WearOS уреди и да одберат со која картичка ќе вршат плаќање.

Како дигитална банка, за ПроКредит ова претставува проширување на иновативните дигитални услуги за нивните тековни и нови клиенти, кои сега можат да ја искористат оваа бесплатна и практична услуга, без скриени трошоци или дополнителни провизии.

„Со воведувањето на Google Pay, продолжуваме да ги зајакнуваме нашите дигитални услуги, овозможувајќи им на клиентите полесен пристап до модерни технологии. Ова е уште еден доказ за нашата посветеност кон грижата за нивните потреби за брзи, практични и безбедни банкарски услуги,“ изјавуваат од ПроКредит Банка.

Процесот за активирање на Google Pay е брз и едноставен:

  1. Симнете ја апликацијата Google Wallet од Google Play Store.
  2. Додадете ги вашите ПроКредит платежни картички.
  3. Плаќајте со допир на вашиот смартфон или смарт часовник на ПОС терминалите.

Уште една предност е дека оваа опција може да се користи на сите локации каде што има ПОС терминали со бесконтактен читач, на глобално ниво.

Од банката велат дека продолжуваат да инвестираат во развој на услуги кои ги задоволуваат потребите на корисниците, овозможувајќи им практичност во банкарските операции.

Google Pay е достапен за сите клиенти на банката. Со едноставна инсталација и
активирање, може да ги дигитализирате и користите веднаш вашите ПроКредит картички.

Повеќе информации за оваа услуга се достапни на веб страницата на ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Продукти

Ново животно поглавје со Пензионерскиот пакет на Халкбанк

Објавено

на

Пензионерските години се време за одмор, нови искуства и посветување на работите за кои секогаш сте ги посакувале, но можеби сте немале доволно време за нив. Финансиските грижи не треба да бидат дел од ова поглавје, па затоа Халкбанк го креираше Пензионерскиот пакет– сеопфатно решение кое Ви овозможува лесно и безгрижно управување со Вашите финансии. Со пониски надоместоци, дополнителни подароци и ексклузивни бенефиции, Пензионерскиот пакет е дизајниран да ги направи Вашите пензионерски денови попријатни и финансиски сигурни.

Пакетот вклучува бесплатна MasterCard дебитна картичка која овозможува лесен и сигурен пристап до Вашите средства без надомест за првата година, е-банкарство кое Ви овозможува управување со Вашите финансии онлајн каде и да сте и СМС известувања за ажурирања во реално време за секоја активност на Вашата сметка, исто така без дополнителен трошок во првата година. За оние кои претпочитаат традиционални банкарски услуги, сите интерни плаќања на шалтерите на Халкбанк се бесплатни. Покрај тоа, пакетот вклучува и ваучери за аптеки и маркети и персонализирани подароци кои го прават искуството уште попријатно.

Дополнително, исплатата на пензиите преку Халкбанк се врши навремено и без одложувања, пред секој први во месецот, со што корисниците на Пензионерскиот пакет први добиваат пристап до своите средства.

Пакетот е достапен за сите нови клиенти кои ќе ја примаат својата пензија преку Халкбанк, како и за постоечките клиенти-пензионери кои ќе потпишат изјава во некоја од филијалите на банката. 

Со Пензионерскиот пакет, Халкбанк ја покажува својата грижа и посветеност кон пензионерите, овозможувајќи им финансиска стабилност и безгрижни денови. Посетете ги филијалите на Халкбанк или официјалната веб-страница – www.halkbank.mk, за повеќе информации и дознајте како да станете дел од Пензионерскиот пакет.

Продолжи со читање

Популарно