Connect with us
no baners

Осигурување

Микро дом, нов производ на Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство. Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување.

Микро дом овозможува заштита на домот од штетни настани, кои што можат да се случат како последица од кражба или пожар, додека клиентите се на патување во странство. Се склучува во рамки на индивидуалната или семејната полиса за здравствено-патничко осигурување и има можност да се обезбеди онлајн. Цената за Микро осигурување на дом е фиксна и изнесува 182 денари. Микро осигурувањето на дом важи во фиксен период, додека клиентот е на патување во странство, а најмногу до 30 осигурени дена.

„Континуирано работиме на креирање производи, кои што нудат поврзани услуги и одлично корисничко искуство, водени од потребите, што ги препознаваме на пазарот. Овој пат се фокусиравме на микро осигурувањето на дом, коешто клиентите можат да го добијат во пакет со здравственото-патничко осигурување, со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и можности на нашите клиенти. Микро дом е исклучително достапен производ, кој што на нашите клиенти им нуди на едноставен начин да го осигурат својот дом во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување и да бидат безбедни додека патуваат во странство“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Повеќе информации за новиот производ на Триглав, Микро дом, можат да се добијат овде.

no baners
no baners

Осигурување

Халк Осигурување со порака за Розов Октомври: Грижата за себе е најубавата форма на заштита

Објавено

на

Халк Осигурување и овој октомври испраќа порака за важноста на грижата за женското здравје, превенцијата и навремените здравствени прегледи.

Во рамки на одбележувањето на Розов Октомври, компанијата потсетува дека грижата за себе треба да биде приоритет и дека редовните прегледи не треба да се одложуваат.

„Грижата за себе е најубавата форма на заштита“, порачуваат од Халк Осигурување, нагласувајќи дека токму малите чекори и навремената превенција можат да направат голема разлика.

Од компанијата упатуваат апел жените да посветат повеќе внимание на сопственото здравје, да не ги одложуваат прегледите и да бидат присутни за себе и за својата благосостојба.

Кампањата се спроведува под пораките за грижа за себе, женско здравје, превенција и рано откривање, со цел дополнително да се подигне свеста за значењето на редовната здравствена контрола.

Продолжи со читање

Осигурување

Реизбран Управниот одбор на Македонија осигурување – мандатот продолжен до септември 2029

Објавено

на

„Македонија осигурување“ АД Скопје – Виена Иншуренс Груп изврши реизбор на претседателот и членовите на Управниот одбор, со мандат до 30 септември 2029 година.

Како што информира компанијата преку Македонската берза, врз основа на одлука на Надзорниот одбор и по добиените согласности од Агенцијата за супервизија на осигурување, за претседател на Управниот одбор повторно е избран Бошко Андов.

Истовремено, за членови на Управниот одбор повторно се избрани Весна Ѓорчева и Татјана Димов.

Од компанијата наведуваат дека промената е успешно запишана и во Трговскиот регистар што се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Со реизборот, постојниот состав на Управниот одбор на „Македонија осигурување“ продолжува да раководи со компанијата во следниот тригодишен период, односно заклучно со 30 септември 2029 година.

Известувањето е објавено согласно правилата за котација на Македонската берза, кои предвидуваат објавување на промените во органите на управување и надзор кај котираните друштва.

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување со нов Управен одбор, Ило Ристовски именуван за генерален директор

Објавено

на

Халк Осигурување АД Скопје го претстави новиот состав на Управниот одбор на компанијата.

За претседател на Управниот одбор и генерален директор е именуван Ило Ристовски, додека Селин Шакарер и Елена Петровска се членови на Управниот одбор.

Од компанијата информираат дека новото раководство ќе биде задолжено за понатамошното управување и развој на Халк Осигурување на домашниот осигурителен пазар.

Халк Осигурување работи на македонскиот осигурителен пазар, а компанијата промената во раководството ја објави под корпоративната порака „Градиме сигурност“.

Со новиот состав на Управниот одбор, компанијата влегува во нов период на управување, со фокус на развојот на осигурителните услуги, унапредувањето на понудата и зајакнувањето на позицијата на пазарот.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange