Connect with us
no baners

Банки

Македонските банки повеќе нема да тргуваат со ефективни парични средства во норвешки и шведски круни

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека деловните банки во нашата земја не прифаќаат ефективни парични средства во валута норвешка круна (NOK) и шведскa крунa ( SEK).

„Причината за тоа се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банките во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување перење пари, за што има официјални известувања од централните банки на овие две земји.

Одлуката за прекин на тргувањето со готовина во норвешки круни (NOK) и шведски круни ( SEK) од страна на домашните деловни банки не влијае на безготовинскиот промет односно клиентите и понатаму можат на девизниот пазар да купуваат и продаваат SEK и NOK, согласно своите потреби, на истиот начин како што од неодамна се одвива и тргувањето со дански круни (DKK)”, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА).

Банки

Централна кооперативна банка: Започна исплатата на септемвриските пензии

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека од денес (01.10.2026 година) средствата по основ на пензии за месец септември 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (1 октомври 2026 година).

Продолжи со читање

Банки

Во Народната банка се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Во Народната банка се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научно-истражувачката дејност во земјава во изминатите тринаесет години.

На оваа сесија беше претставен научниот труд „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

Сесијата ја отвори директорката на Дирекцијата за монетарната политика и истражување Билјана Давидовска-Стојанова, којашто истакна дека интеграцијата на берзите не треба да се гледа само како реформа за развој на финансискиот пазар туку и како дел од пошироката макрофинансиска инфраструктура преку која монетарната политика влијае врз економијата. „Поинтегрираните пазари можат да овозможат побрз и поцелосен пренос на монетарните сигнали кон финансиските услови и реалната економија. Оттука, берзанската интеграција e потенцијално важен канал за поефикасно функционирање на монетарната политика. Сепак, самата консолидација на пазарите не е доволна, нејзините придобивки зависат од квалитетното управување, заштитата на инвеститорите и усогласената регулаторна рамка“, истакна Давидовска-Стојанова.

Авторот Таневски во својата презентација посочи дека трудот се фокусира на каналот на цените на средствата, како механизам преку кој се пренесуваат сигналите на монетарната политика во економијата. Во моментов, пазарите од Западен Балкан се фрагментирани и неликвидни, поради што и сигналите на централните банки само делумно и нерамномерно се пренесуваат врз цените на финансиските средства во различни сектори. Во својот труд авторот  посочува дека интеграцијата на берзите од Западниот Балкан може значително да ја подобри оваа трансмисија, преку побрза и поефикасна реакција на цените на акциите на промените во каматните стапки и монетарните сигнали, при што се укажува дека структурата на финансискиот систем е директно поврзана со ефективноста на монетарната политика.

Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за презентирање труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето е од отворен карактер и повеќе информации за Клубот може да се најдат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/klub_na_istrazhuvachi.nspx. 

Следната сесија е планирана за декември оваа година.

Продолжи со читање

Банки

УНИ Банка исплаќа 387 денари дивиденда по акција, исплатата стартува на 26 октомври

Објавено

на

Акционерите на УНИ Банка ќе добијат дивиденда во износ од 387 денари по акција, согласно одлуката донесена на Собранието на акционери.

За исплата на дивидендата Банката ќе издвои вкупно 211,3 милиони денари, односно околу 3,4 милиони евра. Средствата се обезбедуваат од акумулираната добивка остварена во периодот од јануари до декември 2025 година.

Исплатата на дивидендата ќе започне на 26 октомври 2026 година.

Според објавениот дивиденден календар, 7 октомври е последниот ден на тргување со акциите на УНИ Банка со право на дивиденда за 2025 година.

Првиот ден на тргување без право на дивиденда е 8 октомври, додека пресекот на акционерската книга ќе биде направен на 9 октомври 2026 година, заклучно со 16:00 часот.

Тоа значи дека право на дивиденда ќе имаат акционерите кои ќе бидат евидентирани во акционерската книга согласно утврдениот пресек.

Одлуката за распределба на добивката и исплатата на дивиденда беше усвоена на акционерското собрание на УНИ Банка одржано минатата недела.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange