Connect with us

Банки

[Конференција INFINTECH 2025]: Место каде се спојуваат иновации, лидери и иднината на финансиите

Објавено

на

Дводневната регионална конференција Infintech 2025, која ги обединува водечките експерти од банкарскиот, технолошкиот и телекомуникацискиот сектор, се одржува денес и утре во Тиват.

Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и новите трендови во финансиските услуги се темите за кои ќе се зборува во текот на девет панели. Директорот на црногорската ИТ компанија Логате, Ивица Татар, кој е организатор на конференцијата, рече дека Infintech произлезе од доверба кон луѓето и дека за кратко време успеа да се позиционира меѓу настаните кои ги поместуваат границите на информираноста.

И оваа година со нас се препознатливите луѓе: иноватори, експерти и лидери од нашата земја, регионот и странство. Нивното присуство е показател дека Infintech е место на кое се среќаваат големите. Среќен сум што сега сите знаат, и дека повеќе не мораме никому да објаснуваме што е Infintech и кој е Логате. Ќе продолжиме напорно да работиме, да ги слушаме вашите сугестии и да доведуваме луѓе од кои сакате да слушнете и да научите нешто ново“, порача Татар.

Визијата за економија која се базира на иновации, знаење и одржлив раст е идеја која Infintech ја споделува и со Стопанската комора на Црна Гора.

Дигиталната трансформација не е веќе прашање на избор, туку прашање на опстанок и конкурентност. Таа го менува начинот на кој работиме, управуваме со капиталот, комуницираме со пазарот и градиме односи на доверба со клиентите“, рече претседателката на Столанската комора на Црна Гора, Нина Дракиќ, во воведното обраќање.

Нина Дракиќ

Таа додаде дека дигиталната трансформација не е само прашање на технологија, туку и на култура, лидерство и спремност за промени. „Финтек секторот, чијашто анализа на трендови и правци се разгледува во текот на конференцијата, има огромен потенцијал за црногорската економија. Дигиталните иновации ги намалуваат трошоците, забрзуваат процесите, ја зголемуваат транспарентноста и овозможуваат пристап до пазари кои досега беа недостапни. Во тоа е нивната вистинска сила – тие ја демократизираат економијата, правејќи ја достапна и правична“, истакна Дракиќ.

Црна Гора неодамна се приклучи на SEPA, што за финтек компаниите отвора поголеми можности и директен пристап до европската платна инфраструктура на која може да се градат нови сервиси.

Вицегувернерката на Централната банка на Црна Гора, Зорица Калезиќ, ги претстави стратешките планови во кои финтек ќе игра важна улога.

Централната банка на Црна Гора сака до крајот на 2026 година граѓаните да имаат искуство на плаќање еднакво како во Европската унија. Од 20 октомври, нашите DNS и RTGS системи ќе работат и за време на викенди и државни празници, што значи дополнителни 118 дена за обработка на плаќањата“, најави Калезиќ.

Зорица Калезиќ

Конференцијата собира бројни регионални и меѓународни експерти кои во текот на два дена размменуваат искуства за дигитално вклучување на клиентите, сајбер безбедност, моментални плаќања и AI решенија во банкарството и продажбата.

Првиот ден на конференцијата е посветен на лидерство и дигитална трансформација, додека вториот ден ќе донесе дискусии за иднината на банкарството, вградени финансии и финтек иновации во регионот.

Под слоганот „Where decision makers connect“, Infintech 2025 во ја потврдува позицијата на Црна Гора како растечки центар за дијалог за иновации, технологија и финансии на иднината.

Банки

НЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ги извести пензионерите дека пензиите за месец август се исплатени и средствата се веќе достапни за користење.

Од Банката ги советуваат корисниците, со цел да заштедат време, да ја користат мрежата на банкомати, како и можностите за безготовинско плаќање во продажните места.

Пензионерите средствата можат да ги користат и преку електронското и мобилното банкарство на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

Северна Македонија во ноември се приклучува на новата платформа за инстант плаќања во Западен Балкан

Објавено

на

Новата платформа TIPS Clone за порамнување на инстант плаќања официјално започна со работа на 20 јули 2026 година, соопшти Банката на Италија. Платформата е развиена за земјите од Западен Балкан и е базирана на истата технологија што ја користи европската инфраструктура TARGET Instant Payment Settlement, позната како TIPS.

Први институции што се приклучија на новиот систем се Централната банка на Босна и Херцеговина и Централната банка на Црна Гора.

Платформата овозможува порамнување на инстант плаќања во реално време во валутите на земјите учеснички, во пари на централните банки, како и во евра преку комерцијални банки. Според Банката на Италија, решението е безбедно, технолошки напредно и економично.

Вториот бран на приклучување е предвиден за ноември 2026 година, кога се очекува кон системот да се приклучат централните банки на Албанија, Косово и Северна Македонија. Со тоа, сите земји кои учествуваат во иницијативата ќе бидат поврзани на платформата.

Иницијативата е започната од Банката на Италија со поддршка на Европската централна банка и Евросистемот, како дел од пошироката соработка со земјите од Западен Балкан.

Целта е модернизација и зголемување на ефикасноста на платежната инфраструктура во регионот, како и нејзино постепено усогласување со европските стандарди.

Иако функционира како самостоен и независен систем, TIPS Clone ја користи истата технологија како европскиот TIPS, што овозможува примена на напредните функционалности на системот и идно воведување на новите технолошки решенија што ќе се развиваат во рамки на Евросистемот.

Од Банката на Италија оценуваат дека стартот на платформата претставува уште еден чекор кон посилна регионална соработка и кон економска и финансиска интеграција на Западен Балкан со Европската Унија.

 Извор: Banca d’Italia

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со специјални попусти и бонуси со Mastercard Skopje City Mall картичката

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја промовира Mastercard Skopje City Mall кредитната картичка, која на корисниците им овозможува дополнителни поволности при купување во избрани продавници во Skopje City Mall.

Со користење на картичката, корисниците можат да остварат специјални попусти, како и да собираат бонуси при купувањето.

Собраните бонуси потоа можат да се заменат за подарок-картичка, со што корисниците добиваат дополнителна вредност од направените трансакции.

Од Комерцијална банка посочуваат дека Mastercard Skopje City Mall кредитната картичка е наменета за потрошувачите кои сакаат да ги комбинираат редовните купувања со попусти и награди.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни преку официјалната веб-страница на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange