Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 25.04.2024 година

Објавено

на

no baners

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 25.04.2024 година ќе врши исплата на дивиденда за 2023 година. Право на исплата на дивиденда за 2023 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 11.04.2024 година.

Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.  

Средствата од дивидендата за 2023 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената платежна сметка. Доколку некој акционер, резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на платежна сметка во друга банка, треба да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, а кои може да се најдат на следниот линк.

Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход, пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2023 година, a исплатена во 2024 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата.

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: (02) 3168-313, 3168-309, 3168-323 и 3168-311.

no baners
no baners

Банки

АЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа

Објавено

на

АЛТА Банка воведе нов потрошувачки кредит со одобрување до 24 часа и износ до 1.000.000 денари, наменет за вработени во јавниот и приватниот сектор.

Кредитот е креиран за клиенти на кои им е потребен брз пристап до финансиски средства, но и стабилност при планирањето на месечните обврски. Понудата вклучува фиксна каматна стапка и поедноставена процедура, со јасни услови за отплата.

Фиксната каматна стапка изнесува 5,60 проценти за рок на отплата до 95 месеци, односно 5,70 проценти за рок на отплата до 120 месеци. Од банката посочуваат дека ваквиот модел им овозможува на клиентите поголема предвидливост при планирањето на личниот или семејниот буџет.

Постапката за одобрување не бара нотар, ниту пак има трошоци за солемнизација. За рефинансирање кредити од која било банка, АЛТА Банка нуди 0 проценти провизија, а кредитот е достапен и без задолжителни пакети.

За нов ненаменски потрошувачки кредит се применува фиксна еднократна провизија од 5.000 денари, додека трошокот за апликација изнесува 800 денари.

Со новата понуда, банката настојува да обезбеди поедноставен пристап до потрошувачко кредитирање, со акцент на брзина, транспарентност и предвидливост при отплатата.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка за депозити во денари и во евра.

Понудата важи до 31 август, а клиентите можат да ги орочат своите средства преку мобилен телефон, преку мКлик мобилната апликација, или преку експозитура на банката.

За депозити во денари, фиксната каматна стапка изнесува 3,5 проценти за онлајн депозит преку мКлик, додека за депозит преку експозитура каматната стапка е 2,8 проценти. Минималниот влог изнесува 2.500 денари.

За депозити во евра, фиксната каматна стапка изнесува 2,6 проценти за онлајн депозит преку мКлик, односно 2,2 проценти за депозит преку експозитура. Минималниот влог изнесува 50 евра.

Рокот на орочување е 25 месеци, а од банката посочуваат дека понудата е достапна до 31 август.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги зголеми потрошувачките кредити до 2,6 милиони денари

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го зголеми максималниот износ на потрошувачките кредити, со што клиентите сега можат да аплицираат за средства до 2.600.000 денари.

Од банката информираат дека повисокиот максимален износ е достапен за Онлајн потрошувачкиот кредит и за Ненаменскиот потрошувачки кредит, како финансиска поддршка за различни лични планови и потреби на граѓаните.

Онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID овозможува целосно онлајн аплицирање, инстант одговор и исплата на средствата, без трошоци за аплицирање, одобрување и меница.

Ненаменскиот потрошувачки кредит, пак, нуди можност за вклучување осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Од Комерцијална банка посочуваат дека клиентите можат да се информираат за условите, калкулаторот за рата и потребните документи преку официјалните канали на банката.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange