Банки
Комерцијална банка информира дека течат преговори со повеќе инвеститори за купување на имотот и опремата на Еуроникел
Со оглед дека во последните денови повеќе медиуми пројавија интерес за текот на постапката за продажба на имотот
и опремата на Еуроникел, Комерцијална банка сака да ја информира пошироката јавност дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот Еуроникел, кои сега се во сопственост на Банката.
Сепак, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, Банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.
Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на Еуроникел ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес.
Комерцијална банка особено истакнува дека евентуалното отворање стечајна постапка врз Еуроникел нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на Банката врз преземениот имот и опрема. Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви ограничувања.
Банки
Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност
Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.
Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.
Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.
Банки
Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“
Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.
Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.
Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.
Банки
Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус
Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.
Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.
Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.
Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.
Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.
Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија

