Продукти
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
За непречено и безбедно да продолжите со користење Интернет банка на Комерцијална банка АД Скопје, потребно е во најкус можен рок да ја активирате бесплатната дигитална алатка мТокен на Вашиот мобилен уред преку мобилната апликација мБанка.
Заради усогласување со новата регулатива донесена од Народната банка, која ќе се применува од 01.10.2024 година и важи за сите банки во РСМ, со цел подобра заштита на клиентите, воведуваме метод на засилена автентикација. Овој метод ќе Ви овозможи да ја користите Интернет банка со дополнителни безбедносни мерки.
“За непречено и безбедно да користите Интернет банка, Ве информираме дека е потребно во најкус можен рок да ја активирате бесплатната дигитална алатка мТокен на Вашиот мобилен уред преку мобилната апликација мБанка.” – велат од Комерцијална банка.
Со мТокен лесно и безбедно ќе вршите потврда на својот идентитет, како и финансиски и нефинансиски трансакции преку Интернет банка.
Детални информации за преземање и активирање мТокен може да прочитате на следниот линк.
Банки
Плаќај со Visa од Комерцијална банка и добиј шанса за патување во Disneyland® Париз
Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa започна нова наградна игра во која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland Paris за четири лица.
Во периодот до 31 мај 2026 година, секое плаќање со Visa Debit, Visa Classic Revolving или Visa Classic Standard картичка од Банката носи една шанса (еден код) за учество во извлекувањето. Корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките добиваат двојна шанса, бидејќи секоја нивна трансакција се брои двојно (два кода).
Во наградната игра учествуваат сите трансакции направени со Visa картичка – без разлика дали плаќањето е извршено со физичка картичка, преку мобилен телефон или смарт часовник. Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за возбудливо патување во Disneyland® Париз.
Главната награда е патување во Disneyland® Париз за четири лица, а извлекувањето на добитникот ќе се одржи на 3 јуни 2026 година.
Повеќе информации и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк.
Останато
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
Управата за јавни приходи донесе План за подобрување на усогласеноста – Неформална економија 2026 – 2027, како стратешки документ кој произлегува од современиот концепт на управување со ризиците на усогласеност.
Овој концепт претставува модерна филозофија на работењето на даночните администрации, која вклучува препознавање на ризиците за неусогласеност и нивно навремено адресирање преку комбинација од превенција, советување и поддршка, таргетирани контроли и системски мерки. Целта е да се влијае врз однесувањето на даночните обврзници и да се поттикне доброволна и трајна усогласеност со законските обврски.
Планот претставува континуитет на активностите што УЈП ги спроведуваше во текот на 2025 година за сузбивање на неформалната економија, со дополнително унапредување и проширување на пристапот.
Фокусот и во следниот период останува на угостителството, трговијата на мало и одредени услужни дејности, каде што постои поголем ризик од неевидентирање на готовинскиот промет. Истовремено, опфатот се проширува и кон економските активности во синџирите на снабдување поврзани со овие дејности. Овој пристап се темели на сознанието дека неформалните активности не се задржуваат само на местото на продажба и не се сведуваат само на неиздавање фискална сметка, туку се пренесуваат низ целиот синџир преку набавки и плаќања во готово и исплати „во плико“” кон неформално вработени лица.
Дополнителен фокус се става на краткорочното туристичко сместување, вклучително и активностите што се одвиваат преку дигитални платформи, како сегмент што се повеќе добива економско значење, но истовремено носи и специфични ризици за непријавени приходи.
Планот предвидува засилување на превентивните и информативните активности, со акцент на вмрежување и координација со други институции на национално и локално ниво. Целта е даночните обврзници сеопфатно да бидат информирани за своите обврски, права и придобивки од формалното работење.
Советодавната поддршка и насочување кон доброволно усогласување остануваат клучен елемент на пристапот, со цел даночните обврзници да го прифатат и одржат законски усогласеното однесување на долг рок, наместо усогласеноста да биде само принуден резултат на санкции.
Во делот на контролите ќе се имплементираат мерки за зголемување на ефикасноста и ефективноста, не само преку подобрена селекција на субјектите врз основа на анализа на ризик, туку и со унапредена методологија за контрола и примена на индиректни методи за процена на неевидентираниот промет. Контролата нема да се сведува само на проверка на касата и формалните документи, туку на утврдување на економската суштина на работењето преку капацитетот на деловниот субјект, бројот на вработени, побарувачката, залихите и др.
Планот вклучува и системски мерки, меѓу кои е и надградбата на ГПРС системот за следење на готовинскиот промет во реално време, што ќе овозможи подобра анализа и навремено детектирање на ризици.
Целта на овој план е трансформирање на неформалните активности во таргетираните дејности во формални и законски усогласени. Успешноста на планираните мерки ќе се цени преку конкретни индикатори, пред се преку растот на пријавениот промет кај даночните обврзници во таргетираните дејности.
Продукти
Иуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
Услугата за второ медицинско мислење, која со години претставува стандардна пракса во европските земји, отсега станува достапна и за сите наши граѓани како дополнителен бенефит во рамки на осигурувањето „Ризико Плус“ за кредитокорисниците на Иуте Македонија.
Истата се нуди во партнерство со Друштвото за животно осигурување СИГАЛ Лајф АД Скопје и претставува надградба на основниот пакет, обезбедувајќи им на клиентите уште поголема сигурност и сеопфатна заштита.
Со оваа услуга клиентите ќе добијат дополнителна сигурност кога здравјето е најважно, односно:
• Потврда или ревизија на постоечка дијагноза;
• Стручна проценка на предложениот план за лекување од независни врвни медицински експерти;
• Препорака за алтернативни и поефикасни терапии;
• Мир и сигурност при носење важни здравствени одлуки.
Проектот e реализиран во соработка со MediGuide – светски признаен лидер за “Second Medical Opinion”, со повеќе од 25 години искуство и широка мрежа на водечки медицински центри ширум светот, во партнерство со СИГАЛ Лајф Осигурување, осигурително-брокерско друштво Иуте Сафе АД Скопје и Iute Affinity – интернационална платформа за дигитални и иновативни осигурителни решенија, дел од Iute Group, која ги поврзува најдобрите светски практики со локалните пазари.
Услугата е без ограничувања на возраст, без период на чекање и со можност за повеќекратно користење – токму како што е воспоставена и во најразвиените европски здравствени системи.
Второто медицинско мислење е целосно дигитална услуга, базирана на дигитален, едноставен и транспарентен процес – без административни бариери и без дополнителен стрес за клиентите, директно од удобноста на домот.
Поднесувањето на барањето, доставата на медицинска документација и комуникацијата се реализираат преку современа дигитална платформа iuteAffinityPortal, а потоа случајот го презема глобалниот провајдер MediGuide, кој понатаму го споделува до соодветни светски медицински специјалити, во зависност од дијагнозата.
Со Второто медицинско мислење, Иуте Македонија, заедно со СИГАЛ Лајф Осигурување, поставуваат нов стандард и целосно нов пристап кон здравствената и финансиската сигурност, покажувајќи како изгледа одговорна, современа и човечки ориентирана финансиска услуга.
Ова е јасна порака дека модерното кредитирање не се мери само во услови и каматни стапки, туку и во вистинска грижа за животот, здравјето и иднината на клиентите.
Проектот претставува спој на глобална медицинска експертиза, дигитална технологија и осигурителна заштита – ретка и исклучително важна новина за македонските граѓани.
Целата процедура, услови на користење и начин на активирање на услугата се достапни тука.
-
Анализипред 2 месециПросечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месецНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?


