Банки
Комерцијална банка со поддршка за Регионалната школа за срцева слабост – вложување во здравјето и иднината
Комерцијална банка АД Скопје продолжува да ја потврдува својата улога како општествено одговорна институција преку финансиска поддршка на проекти од значење за заедницата. Овој пат, Банката обезбеди финансиска поддршка за Македонското здружение за кардиологија за организација на Регионалната школа за срцева слабост – настан кој има за цел да ја унапреди едукацијата, размената на искуства и примената на најсовремените медицински практики во областа на кардиологијата.
Настанот се одржува во соработка со водечки европски кардиолошки центри од Цирих и Лондон и претставува уникатна можност македонските здравствени професионалци да стекнат директен пристап до најновите знаења и технологии во третманот на срцевата слабост. Со тоа, придобивките ќе бидат пренесени и кон пациентите во земјава, преку подобра дијагностика, ефикасна терапија и квалитетна грижа.
Регионалната школа за срцева слабост ќе се организира еднаш годишно и ќе носи во Македонија врвни европски кардиолози со цел размена на експертиза, практични искуства и најдобри медицински стандарди. Со ваквиот пристап, македонското здравство добива значаен поттик за надградување на сопствените капацитети и континуирана едукација на специјалистите.
„Нашата поддршка е доказ за долгогодишната посветеност на Банката за подобрување на здравствениот систем во земјава“, велат од Комерцијална банка, нагласувајќи дека социјалната одговорност е интегрален дел од корпоративната стратегија на институцијата.
Со оваа иницијатива, Комерцијална банка уште еднаш покажува дека вложувањето во здравството е вложување во иднината – во поквалитетен живот на граѓаните и во зајакнување на општеството во целина. Поддршката за Регионалната школа за срцева слабост е само еден од низата проекти со кои Банката ја потврдува својата мисија да придонесува за заедницата надвор од доменот на финансиските услуги.
Банки
Народна банка организира нова сесија на Клубот на истражувачите
Во Народната банка на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите, на која ќе биде презентиран труд посветен на финансиската ранливост на домаќинствата кои користат кредити.
Автор на трудот „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ е Кирил Симеоновски.
Клубот на истражувачите претставува платформа за презентација и размена на научноистражувачки трудови, со фокус на теми од монетарната политика и макроекономијата. Во рамки на сесиите се презентираат истражувања кои ги следат современите научни стандарди, со акцент на емпириски анализи и јасно дефинирани заклучоци.
Покрај финалните трудови, можност за презентација имаат и работни верзии на истражувања. Настаните се отворени за јавноста, а материјалите и фотографиите од одржаните сесии редовно се објавуваат на официјалната веб-страница и на социјалните мрежи на Народната банка.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е достапно за сите заинтересирани.
Банки
Под слоганот „Важна е културата”, Халкбанк станува главен годишен партнер на Македонскиот народен театар
Халкбанк АД Скопје и Македонски народен театар потпишаа договор за годишно покровителство, со што банката стана главен партнер на една од најзначајните културни институции во земјата.
Соработката предвидува директна финансиска поддршка за активностите на МНТ, но и реализација на низа заеднички иницијативи преку кои ќе се овозможи дополнителна промоција и поголема видливост на театарските претстави и програмата на театарот. Преку ова партнерство, двете институции имаат за цел да придонесат кон збогатување на културната понуда и доближување на театарската уметност до пошироката публика.

Како општествено одговорна компанија, Халкбанк континуирано вложува во развојот на заедницата, поддржувајќи проекти и иницијативи во повеќе области, како што се спортот, децата и младите, инклузивноста, поддршката на ранливи категории, заштитата на животната средина, како и културата. Банката во изминатиот период стои зад бројни културни проекти и настани, вклучително и концерти и уметнички иницијативи реализирани под нејзино покровителство или со нејзина поддршка, со што активно придонесува за развојот на културната сцена и поттикнување на уметничкиот израз во земјата.
Соред главниот извршен диектор на Халкбанк, Фатих Шахбаз, културата претставува темел на идентитетот и духовниот развој на едно општество, а институции како Македонскиот народен театар имаат клучна улога во зачувувањето на традицијата, но и во создавањето современи уметнички вредности. Како национален театар со долгогодишна традиција и значајно влијание, Македонскиот народен театар е двигател на културниот живот и простор каде се негуваат врвни театарски остварувања.

„За нас претставува особена чест што од денес сме главен партнер на МНТ, институција која има огромно значење за културниот развој на државата. Веруваме дека инвестицијата во културата е инвестиција во иднината на општеството. Преку ова партнерство, сакаме да придонесеме кон поголема достапност на културните содржини и да ја поттикнеме публиката, особено младите, да бидат дел од театарската магија,“ истакна Шахбаз.
Генералниот директор на Македонскиот народен театар Никола Кимовски истакна дека поддршката од Халкбанк претставува значаен поттик за работата на МНТ и за понатамошниот развој на театарот.

“Со заеднички сили ќе продолжиме да ја негуваме театарската уметност и со оваа поддршка продолжуваме да креираме добра, чесна и инспиративна уметност. Кога бизнис секторот одлучува да стане мецена на театарот, тој не само што инвестира во проекти, туку вложува во оплеменување на духовното во нашето општество, поттикнувајќи ја креативноста, вредностите и уметничката чувственост кај сите нас. Поддршката од бизнис секторот, како што е оваа, е клучна за развојот на културата. Таа не само што допринесува стабилност и реализација на уметничките проекти, туку ја поттикнува свеста и кај другите компании и поединци да ја препознаат важноста во вложувањето во уметноста и да започнат да донираат и поддржуваат културни иницијативи“, изјави Никола Кимовски.

Со оваа соработка, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата посветеност на поддршката на културата и уметноста, градејќи партнерства кои оставаат долгорочно позитивно влијание врз заедницата.
Банки
УНИБанка со нов современ изглед во Кавадарци – модерна експозитура за побрзо и поудобно банкарско искуство
УНИБанка информира дека експозитурата во Кавадарци е целосно реновирана и повторно отворена за клиентите во нов, модерен и функционален амбиент.
Обновениот простор е дизајниран со современ концепт кој обезбедува пријатна атмосфера и подобрено корисничко искуство, со цел побрза и поефикасна услуга за сите банкарски потреби.

Експозитурата се наоѓа на улица „Илинденска“ бр. 54 и е уредена во согласност со современите стандарди за банкарски услуги, со унапредена функционалност која одговара на денешните потреби и очекувања на клиентите.



Работното време на експозитурата е од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја заокружи 2025 со висока профитабилност и конзервативен пристап кон ризиците
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје



