Connect with us
no baners

Банки

Капитал Банка со нова атрактивна локација на експозитурата во центарот на Тетово

Објавено

на

Експозитурата на Капитал Банка во Тетово ја промени својата локација и отсега се наоѓа на нова, поатрактивна и достапна локација во строгиот центар на градот, лоцирана на Бул. Илинденска А2-2 бр.13-1. Со оваа стратешка одлука, Банката го зацврстува своето присуство и го унапредува пристапот до квалитетни банкарски услуги за постојните и идните клиенти.

Свеченото отворање на новата експозитура го изврши директорот на Секторот за работа со физички лица, Димитар Ризов, кој истакна: „Стратешка цел на банката е да бидеме лесно достапни до нашите клиенти и да им овозможиме квалитетни банкарски услуги. Со новата локација на експозитурата, продолжуваме да ја зацврстуваме позицијата на Капитал Банка како водечки финансиски партнер на физичките и корпоративните клиенти. Приоритет е секогаш да обезбедиме брза и квалитетна услуга за сите наши клиенти – од индивидуални корисници до малите и средни претпријатија“.

Новата експозитура работи секој работен ден од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот, и нуди целосна палета на банкарски производи и услуги за физички и правни лица, од класични трансакциски услуги до современи дигитални решенија.

Тимот на Капитал Банка, составен од искусни и стручни професионалци, им стои на располагање на клиентите за сите финансиски прашања, со цел обезбедување транспарентна и сигурна услуга.

Со новата експозитура, Капитал Банка уште еднаш потврдува дека вложувањето во клиентската достапност и искуство е клучна алка во нејзината долгорочна стратегија за развој.

no baners
no baners

Банки

Кина затвори 670 банки за една година: Пекинг го прекројува банкарскиот сектор

Објавено

на

Кина ја забрзува консолидацијата на малите, претежно рурални банки, во обид да го зајакне финансискиот систем во услови на забавување на економскиот раст.

Според анализа на Fitch Ratings, во текот на 2025 година биле затворени рекордни 670 банки, што претставува околу една четвртина од вкупниот број банки во земјата. Кинеските власти ги интензивирале спојувањата и ликвидациите со цел да создадат помал број, но поголеми и подобро капитализирани финансиски институции.

Од Fitch посочуваат дека малите и руралните комерцијални банки се меѓу најранливите делови од кинескиот банкарски систем, поради послаб квалитет на активата, ниска капитализираност и недостатоци во управувањето, особено во помалку развиените региони.

Приносот на активата кај руралните банки во првата половина од годинава се намалил на 0,45%, од 0,56% во 2021 година. Истовремено, уделот на нефункционалните кредити пораснал на 2,8%, што е значително над просекот за банкарскиот сектор од 1,5%.

Овие банки имаат поголема изложеност кон мали компании, градежни и недвижносни фирми, како и кон финансиски субјекти поврзани со локалните власти.

Целта на консолидацијата е да се засили надзорот, да се намали регулаторната арбитража и да се подобри транспарентноста во секторот. Fitch оценува дека проблемите кај малите банки веројатно нема да предизвикаат поширока финансиска зараза, бидејќи нивното работење е претежно локализирано, а изложеноста кон други банки е ограничена.

Сепак, агенцијата предупредува дека структурните слабости кај дел од овие институции може да продолжат и во краток рок.

Консолидацијата доаѓа во период кога кинеската економија покажува знаци на забавување. БДП во вториот квартал пораснал за 4,3% на годишно ниво, што е најбавна стапка на раст од 2022 година, додека индустриската добивка во август пораснала за 4,2%, што е најслабото темпо на раст оваа година.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со Макси депозит: Фиксна каматна стапка до 3,8%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира Макси депозитот, штеден производ со фиксна каматна стапка до 3,8%, во рамки на активностите по повод октомври – месецот на штедењето.

Корисниците можат да изберат различен период на орочување, во зависност од своите финансиски планови и потреби.

За депозит во денари, Банката нуди фиксна каматна стапка од 3,8% за период од 36 месеци, 3,7% за 25 месеци и 3,5% за 13 месеци.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои сакаат своите средства да ги орочат со однапред утврдена каматна стапка и да направат чекор кон остварување на своите финансиски цели.

Повеќе информации за условите на Макси депозитот се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

NLB Next носи попусти за технологија кај повеќе познати брендови

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата NLB Next, преку која корисниците можат да добијат попусти и дополнителни поволности кај повеќе партнери од областа на технологијата и електрониката.

Понудата е насочена кон купување мобилни телефони, компјутери, гејминг опрема, паметни часовници, слушалки и друга технолошка опрема.

Меѓу партнерите вклучени во NLB Next се Mega Mobil, iSTYLE, Neptun, Anhoch, My, Setec и Техномаркет.

Од Банката посочуваат дека целта на NLB Next е на клиентите да им овозможи дополнителни поволности при купување производи што се дел од нивното секојдневие, особено во сегментот на нови технологии и дигитални уреди.

Преку програмата, клиентите можат да ги користат достапните попусти кај партнерите и да изберат производи согласно своите потреби и интереси.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange