Connect with us

Бизнис

Јованка Тодорова е најдобриот службеник од Штедилница ФУЛМ за 2024 година

Објавено

на

По повод Светскиот ден на штедењето на 31.10.2024 година беше одржан свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација на кој беа прогласени најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава и на кои им беа доделени награди и признанија за нивната посветена работа и остварените резултати во текот на изминатата година.

Јованка Тодорова од Штедилница ФУЛМ оваа година е добитник на признанието најдобар банкарски службеник кое го доделува МБА по повод денот на Штедењето.

Би сакале да и се заблагодариме на Јованка за нејзината искрена поддршка и скоро 20 години посветеност за успешно работење на ФУЛМ. Нејзината континуирана заложба и посветеност направија значајна придобивка за ФУЛМ, а и за нашата банкарска заедница.” – велат од ФУЛМ.

Бизнис

Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година

Објавено

на

Македонски Телеком предложи исплата на повисока дивиденда за 2025 година, во износ од 28,9 денари по акција, што претставува зголемување во однос на минатогодишните 27,6 денари по акција.

Според предлогот, компанијата планира да распредели вкупно околу 2,5 милијарди денари за дивиденда, информираше друштвото преку објава на берза.

За оваа одлука ќе одлучуваат акционерите на редовното собрание закажано за 27 мај.

Од компанијата наведуваат дека растот на дивидендата е поддржан од подобрените финансиски резултати, при што нето-добивката во 2025 година изнесува 2,5 милијарди денари, што е зголемување од 13 проценти на годишно ниво.

Акциите на Македонски Телеком на Македонска берза во средата се тргувале по просечна цена од 500 денари, покажуваат последните достапни податоци.

Продолжи со читање

Бизнис

Плинот поевтини, цената намалена за околу 5 денари по литар

Објавено

на

Од полноќ е намалена цената на течниот нафтен гас, при што литар плин сега се продава по пониска цена за околу 5 денари, односно наместо 59, изнесува 54 денари.

Според информациите од Владата, намалувањето е резултат и на пониските цени во трговијата на големо, каде е забележан пад од 10 денари по килограм, што во малопродажба се пресметува како околу 5 денари по литар.

Ценовниот тренд го следат и другите компании на пазарот, па на бензинските станици цените на плинот веќе се движат меѓу 53 и 54 денари по литар.

Од Владата нагласуваат дека намалувањето не е краткорочен ефект, туку резултат на координирани мерки и анализа на Државниот пазарен инспекторат, по што е постигнат договор со трговците за намалување на бруто маржите.

Целта, како што беше посочено, е да се обезбеди постабилно ниво на цените во наредниот период и да се избегнат нагли осцилации, при што се очекува намалување од над 10 проценти во големопродажба и околу 9 до 10 проценти во малопродажба.

Од институциите велат дека станува збор за мерка со директен ефект врз трошоците на граѓаните, донесена врз основа на детални анализи и во координација со пазарните субјекти.

Продолжи со читање

Бизнис

Оилко КДА планира дивиденда од 600 денари по акција за 2025 година

Објавено

на

Компанијата „Оилко КДА“ од Скопје, која работи во транспорт и дистрибуција на нафтени деривати, планира да исплати бруто дивиденда од 600 денари по акција за 2025 година, што е на исто ниво како и минатата година.

Според предлогот објавен преку Македонската берза, вкупниот износ што ќе се распределува како дивиденда изнесува 141,5 милиони денари за изминатата година.

Акционерите ќе се изјаснат за оваа одлука на закажаното годишно собрание кое треба да се одржи на 27 мај.

Во меѓувреме, компанијата забележала раст на нето-добивката од 14 проценти на годишно ниво, достигнувајќи 231,1 милион денари во 2025 година.

Акциите на „Оилко КДА“ последен пат се тргувале на 12 март на Македонската берза, по просечна цена од 6.000 денари по акција.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange