Connect with us
no baners

Банки

Главната економистка на Народната банка, Крстевска: Преку поддршка на зелените кредити и одговорното инвестирање на девизните резерви даваме придонес за зелените финансии 

Објавено

на

no baners

Поддршката за зголемување на потенцијалот за зелено финансирање е клучна во справувањето со климатските промени и одржувањето на финансиската и економската стабилност. Народната банка, преку спроведување повеќе активности, вклучително и монетарни мерки, придонесува за поттикнување на зеленото финансирање. За одбележување е постојаниот раст на уделот на зелените кредити во вкупните кредити, од ниво од околу 2,2% на крајот на 2019 година до 4,5% на крајот на првиот квартал на 2024 година, додека износот на одобрените зелени кредити е зголемен за 2,8 пати, објаснува во гостувањето за „Блумберг Адрија“ главната економистка на Народната банка, Анета Крстевска. Иако сѐ уште не постојат стандардизирани методологии и сеопфатни податоци за зелените кредити, може да се каже дека според податоците од анкетата на ЕБА од 2023 година, зелените кредити во портфолиото на нашиот банкарскиот систем се на слично ниво како и европскиот просек.     

Климатските ризици како глобална појава, освен делување во домашната економија, изискуваат и делување во глобални рамки. Централните банки ширум светот својот глобален придонес го даваат преку инвестирање на девизните резерви, водејќи сметка покрај основните критериуми за нивното инвестирање, да се земат предвид и климатските аспекти, преку вложување во т.н. зелени обврзници на меѓународните пазари. Како дел од заложбите на Народната банка за справување со климатските промени е и вклучувањето на обврзниците за финансирање зелени и социјални проекти во портфолиото на девизните резерви на нашата централна банка, посочува главната економистка на Народната банка, Крстевска.

no baners
no baners

Банки

АЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа

Објавено

на

АЛТА Банка воведе нов потрошувачки кредит со одобрување до 24 часа и износ до 1.000.000 денари, наменет за вработени во јавниот и приватниот сектор.

Кредитот е креиран за клиенти на кои им е потребен брз пристап до финансиски средства, но и стабилност при планирањето на месечните обврски. Понудата вклучува фиксна каматна стапка и поедноставена процедура, со јасни услови за отплата.

Фиксната каматна стапка изнесува 5,60 проценти за рок на отплата до 95 месеци, односно 5,70 проценти за рок на отплата до 120 месеци. Од банката посочуваат дека ваквиот модел им овозможува на клиентите поголема предвидливост при планирањето на личниот или семејниот буџет.

Постапката за одобрување не бара нотар, ниту пак има трошоци за солемнизација. За рефинансирање кредити од која било банка, АЛТА Банка нуди 0 проценти провизија, а кредитот е достапен и без задолжителни пакети.

За нов ненаменски потрошувачки кредит се применува фиксна еднократна провизија од 5.000 денари, додека трошокот за апликација изнесува 800 денари.

Со новата понуда, банката настојува да обезбеди поедноставен пристап до потрошувачко кредитирање, со акцент на брзина, транспарентност и предвидливост при отплатата.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка за депозити во денари и во евра.

Понудата важи до 31 август, а клиентите можат да ги орочат своите средства преку мобилен телефон, преку мКлик мобилната апликација, или преку експозитура на банката.

За депозити во денари, фиксната каматна стапка изнесува 3,5 проценти за онлајн депозит преку мКлик, додека за депозит преку експозитура каматната стапка е 2,8 проценти. Минималниот влог изнесува 2.500 денари.

За депозити во евра, фиксната каматна стапка изнесува 2,6 проценти за онлајн депозит преку мКлик, односно 2,2 проценти за депозит преку експозитура. Минималниот влог изнесува 50 евра.

Рокот на орочување е 25 месеци, а од банката посочуваат дека понудата е достапна до 31 август.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги зголеми потрошувачките кредити до 2,6 милиони денари

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го зголеми максималниот износ на потрошувачките кредити, со што клиентите сега можат да аплицираат за средства до 2.600.000 денари.

Од банката информираат дека повисокиот максимален износ е достапен за Онлајн потрошувачкиот кредит и за Ненаменскиот потрошувачки кредит, како финансиска поддршка за различни лични планови и потреби на граѓаните.

Онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID овозможува целосно онлајн аплицирање, инстант одговор и исплата на средствата, без трошоци за аплицирање, одобрување и меница.

Ненаменскиот потрошувачки кредит, пак, нуди можност за вклучување осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Од Комерцијална банка посочуваат дека клиентите можат да се информираат за условите, калкулаторот за рата и потребните документи преку официјалните канали на банката.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange