Connect with us
no baners

Фондови

Генерали Инвестментс АД го промени своето име во НЛБ Фондови АД и ќе функционира како дел од НЛБ Групацијата

Објавено

на

no baners

Генерали Инвестментс АД Скопје стана дел од NLB Групацијата, а во рамките на тоа и дел од семејството на друштвото за управување NLB Skladi.

Со гордост истакнуваме дека станавме дел од тим со исклучителен успех. NLB Skladi е најголемата компанија за управување со фондови во Словенија и лидер на пазарот според вкупните средства под управување. Со ова, Вие добивате поддршка од регионален гигант во финансискиот сектор.

Професионалниот тим што Ви стои на располагање останува ист. Придобивките што ги уживавте досега остануваат непроменети, а дополнително добивате пристап до широк спектар на услуги што ги нуди една од водечките финансиски институции во регионот.” – се вели во соопштението од компанијата.

Новото име на компанијата е Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје. Компанијата има ново лого и веб-страница www.nlbfondovi.mk.

no baners

Фондови

АДПФ: Вториот пензиски столб е стабилен механизам за долгорочно штедење

Објавено

на

Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови одржа брифинг посветен на актуелните состојби и предизвици во пензискиот систем, во услови на зголемен интерес на јавноста.

Од АДПФ порачаа дека вториот пензиски столб претставува стабилен и доверлив механизам за долгорочно пензиско штедење и има важна улога во обезбедувањето финансиска сигурност за идните пензионери.

На брифингот беше нагласено дека висината на идната пензија зависи од повеќе фактори, меѓу кои времетраењето на осигурувањето, работниот стаж, висината на платата на која бил пријавуван осигуреникот, како и приносите што ги остваруваат пензиските друштва.

Од Асоцијацијата посочија дека приносите во моментов се ограничени и од конзервативната законска рамка, поради што е потребно натамошно унапредување на системот.

Според АДПФ, идниот развој треба да опфати регулаторни промени, воведување мултифондови, измени на лимитите за инвестирање и проширување на листата на дозволени финансиски инструменти.

Дополнително, беше истакната и потребата од понатамошен развој на доброволното пензиско осигурување.

Супервизор на капитално финансираното пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Продолжи со читање

Продукти

Нулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година

Објавено

на

Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во земјава за период 2026–2030 година, со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во користењето на националните и европските јавни средства.

Стратегијата е подготвена во рамки на обврските од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), во Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое ги опфаќа јавната внатрешна финансиска контрола, надворешната ревизија, заштитата на финансиските интереси на ЕУ и заштитата на еврото од фалсификување.

Документот е изработен од АФКОС-одделението при Министерството за финансии, во соработка со институциите од АФКОС-мрежата, органите задолжени за управување со средствата од Европската Унија и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Стратегијата предвидува мерки за поефикасна превенција, навремено откривање, истрага и санкционирање на неправилности и измами, како и подобрување на механизмите за поврат на неправилно искористени средства. Дополнително, се очекува зајакнување на институционалните капацитети и воведување поефективни алатки за спречување финансиски злоупотреби.

Документот го промовира принципот на „нулта толеранција за измама“ при користењето на европските фондови и претставува продолжување на реформските активности започнати со првата Национална стратегија за борба против измами, усвоена во 2019 година.

Продолжи со читање

Банки

Нова финансиска инјекција во НЛБ Леасе & Го Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје заедно со НЛБ Леасе & Го, лизинг д.о.о. Љубљана извршија докапитализација на основната главнина на друштвото НЛБ Леасе & Го Скопје.

Според информациите, НЛБ Банка АД Скопје поседува 49 проценти од вкупниот основачки капитал на друштвото.

Компанијата нуди услуги на финансиски лизинг и закуп за физички и правни лица, при што понудата опфаќа финансирање на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, пловила, како и земјоделска и градежна механизација, но и друга опрема и машини.

Оперативниот модел на друштвото е насочен кон развој на иновативни и едноставни решенија со цел обезбедување подобро корисничко искуство и дигитализација на процесите. Активностите на компанијата опфаќаат широк спектар на лизинг решенија, како и дополнителни услуги поврзани со користењето на возилата и опремата кои се предмет на финансиски лизинг или закуп.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange