Connect with us

Банки

Експозитурите на Шпаркасе Банка нема да работат на 19 јануари 2024 година

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти, дека 19.01.2024 (петок) ќе биде неработен ден за сите експозитури на Шпаркасе Банка.

Во насока на зголемена достапност на платежните сервиси, Шпаркасе Банка АД Скопје донесе одлука да го овозможи користењето и достапноста на дигиталните платежни канали (мобилното и електронското банкарство) за интерни плаќања како и за плаќања преку МИПС (Македонски интербанкарски платен систем). Со оваа одлука, клиентите на Банката, физички и правни лица, на 19.01.2024 (петок) ќе можат непречено да иницираат интерно плаќање кон друга платежна сметка во Банката, но и да направат плаќање кон платежна сметка во друга Банка преку избор на МИПС опцијата достапна во ПП30 и ПП50 налозите. За овие плаќања ќе важи стандардната тарифа на Банката согласно типот на плаќање.

Банки

Халкбанк со Е-Касичка: Штедење при секое плаќање со дебитна картичка

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата „Е-Касичка“, преку која корисниците можат да издвојуваат средства за штедење при секоја трансакција направена со дебитна картичка.

Услугата овозможува дел од средствата при секое плаќање автоматски да се префрлаат на посебна штедна сметка, со што секојдневните трансакции може да се претворат во едноставен начин за постепено создавање заштеда.

Корисниците сами избираат на кој начин ќе штедат. Една од можностите е износот на секоја трансакција да се заокружува, при што разликата се префрла на штедната сметка. Втората опција е при секое плаќање да се издвојува однапред определен фиксен износ.

Од Халкбанк порачуваат дека на овој начин клиентите можат да создаваат навика за штедење без дополнителни активности, користејќи ја својата дебитна картичка за вообичаените секојдневни плаќања.

Повеќе информации за услугата „Е-Касичка“ се достапни на официјалната интернет-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка со награди до 130.000 денари за млади истражувачи

Објавено

на

Народната банка ги повикува младите истражувачи да учествуваат на Конкурсот за годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи.

Целта на наградата е да се поттикнат научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, но и да се даде поголема афирмација на младите стручни кадри во земјава.

Право на учество имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Пријавениот истражувачки труд треба да содржи осврт на македонската економија.

Трудовите може да бидат подготвени на македонски, албански или англиски јазик. Дозволено е учество и со веќе објавен труд, под услов тој да е објавен по 1 јануари 2025 година.

За најуспешните истражувачи се предвидени и парични награди. Авторот на прворангираниот труд ќе добие 130.000 денари, додека за второрангираниот труд е предвидена награда од 65.000 денари.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.

Деталите за условите за учество, начинот на пријавување, критериумите за оценување и целокупната постапка се наведени во Конкурсот за доделување на годишната награда на Народната банка за 2027 година.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со наградна игра за средба со Ламин Јамал и натпревар на Барселона

Објавено

на

Комерцијална банка организира наградна игра за корисниците на Visa картички, во која главната награда е средба со фудбалската ѕвезда Ламин Јамал и можност за следење натпревар на Барселона во живо на „Камп Ноу“.

Во наградната игра учествуваат плаќањата направени до 31 октомври 2026 година со Visa Debit, Visa Classic Revolving, Visa Classic Standard, Visa Signature и Visa Gold картичките на Комерцијална банка.

Со секоја трансакција корисниците добиваат кодови за учество, додека плаќањата преку Google Pay, Apple Pay или Garmin Pay носат по два кода.

Главната награда вклучува средба со Ламин Јамал за добитникот и негов придружник, како и фудбалско искуство поврзано со Барселона.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 ноември 2026 година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange