Connect with us
no baners

Продукти

Единствено со НЛБ haPPy кредитните картички – двоен поврат на средства во ноември 

Објавено

на

Да се поседува НЛБ haPPy картичка овој месец е вистинска привилегија. Сите нови и постоечки корисници на НЛБ haPPy картичките во промотивниот период до крајот на ноември, ќе имаат можност за секоја направена трансакција, да добијат двојно поголем поврат на средства – од 1,2% од вредноста на трансакцијата, па сè до максимални 24%, во зависност од продажното место. 

Во рамки на промоцијата, корисниците на НЛБ haPPy кредитните картички за секоја направена трансакција на било кое продажно место, ќе добијат двојно повеќе поврат на средства од редовниот. Информации за редовниот поврат на средства се достапни на веб страницата: www.happycard.mk 

НЛБ haPPy кредитната картичка е единствена картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства (cashback) за секоја направена трансакција на продажно место во земјата и странство. Тaа е вистинска картичка за среќа, која може да се користи секојдневно за пазарувања и подигнување на готовина. Минималниот месечен износ за отплата изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена. 

За НЛБ haPPy кредитната картичка клиентите можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните места на Нептун Македонија.

Повеќе детали за НЛБ haPPy кредитната картичка и промотивната понуда може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот, на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на НЛБ Банка. 

Овој текст е изработен од НЛБ Банка АД Скопје. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

no baners
no baners

Продукти

iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket

Објавено

на

iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.

Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.

Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.

Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.

Продолжи со читање

Банки

НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.

Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.

Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.

За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.

Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.

Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември

Објавено

на

Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.

Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.

Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange