Connect with us

Банки

АЛТА банка ги претстави поволностите за пензионери во Прилеп

Објавено

на

Претставници на АЛТА банка вчера го посетија Клубот на пензионери во Прилеп, каде што разговараа со пензионерите и ги презентираа производите и поволностите наменети за оваа категорија клиенти.

Посебен акцент беше ставен на новиот, поповолен кредит за пензионери, како и на банкарските решенија кои, според Банката, се креирани со цел да обезбедат поедноставно, појасно и посигурно корисничко искуство.

Од АЛТА банка посочуваат дека директната комуникација со пензионерите е важен дел од нивниот пристап, со цел подобро да ги слушнат нивните потреби и да им ги доближат услугите и можностите што им се достапни.

Банки

Комерцијална банка со промотивен станбен кредит без трошоци за одобрување и процена

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје нуди промотивни услови за станбен кредит, со кои клиентите до 30 септември можат да аплицираат без трошоци за одобрување на кредитот и за процена на имотот.

Според објавата на Банката, станбениот кредит е достапен со фиксна каматна стапка од 3 проценти во првите пет години од отплатата, додека максималниот рок за отплата изнесува до 30 години.

Корисниците имаат можност и за грејс период до 12 месеци, а како дополнителна опција е достапен и кредит со вклучено животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Средствата од кредитот може да се користат за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор. Финансирањето е достапно и за купување градежно земјиште, како и за недвижен имот во странство.

Од Комерцијална банка посочуваат дека со промотивната понуда се намалуваат почетните трошоци при реализација на инвестиција во недвижност.

Промотивните услови важат до 30 септември, а повеќе информации и можност за оставање податоци за контакт се достапни на интернет-страницата на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка ги објави новите шест добитници од наградната игра со Mastercard

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги објави новите шест добитници од третото извлекување во рамки на големата наградна игра „Имај мастерплан! Плаќај со Mastercard и освојувај!“.

Од банката информираат дека наградната игра продолжува и во следниот период, при што месечни награди ќе се доделуваат сѐ до извлекувањето на главните награди на крајот од годината.

„По третото извлекување од големата наградна игра, ги имаме и новите 6 добитници! Имај мастерплан! Плаќај со Mastercard и освојувај!“, објавија од Стопанска банка.

Правилата и сите дополнителни информации за наградната игра се достапни на официјалната интернет-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка воведува инстант-плаќања: Парите ќе стигнуваат за неколку секунди

Објавено

на

Народната банка работи на воведување инстант-плаќања преку национална платформа, која ќе овозможи трансферите на пари да се извршуваат за само неколку секунди, 24 часа дневно и 365 дена во годината.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во централниот дневник на „Македонската телевизија“ истакна дека развојот на платните системи е еден од приоритетите на централната банка. Новата национална платформа претставува клон на европскиот систем ТИПС и треба да донесе значително побрзи и поевтини трансфери.

„ТИПС-клонот е систем на инстант-плаќања каде што плаќањата ќе се извршуваат за неколку секунди, со релативно ниска цена и тоа 24 часа“, посочи Славески.

За разлика од сегашните ситуации кога трансфер направен по завршувањето на работното време може да биде реализиран наредниот ден или средствата да пристигнат по ден-два, со новиот систем парите ќе стигнуваат на сметката практично во истиот момент.

Во првата фаза инстант-плаќањата ќе бидат достапни преку постојните канали за мобилно и електронско банкарство. На тој начин, граѓаните и компаниите ќе можат да префрлаат средства независно од работното време на банките и од денот во неделата.

Понатамошниот развој на системот треба да отвори можност и за плаќање на продажни места, користење QR-кодови, како и трансфери само со внесување мобилен телефонски број или електронска адреса. Според Славески, целта е да се намалат дополнителните посредувања што ги зголемуваат трошоците.

Иницијативата има и европска димензија, бидејќи Северна Македонија е меѓу земјите од Западен Балкан на кои им е понудена можност уште пред членството во Европската Унија да се приклучат кон системот за инстант-плаќања на Европската централна банка.

Гувернерот се осврна и на приклучувањето на земјата кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), реализирано на 7 октомври минатата година. Според него, во моментов околу 60 проценти од вкупните прекугранични плаќања во евра се извршуваат преку СЕПА, што придонело за значително намалување на провизиите за трансфер на средства за граѓаните и компаниите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange