Connect with us

Банки

Дигитална менувачница на мобилна апликација и повлекување евра од банкомат – ПроКредит Банка со решенија за паметно патување

Објавено

на

Размената на денари во евра е една од активностите што често знаат да бидат стресни пред патување. За да го олесни овој процес за своите клиенти, ПроКредит Банка воведе едноставен начин за повлекување евра директно од банкомат и брза и безбедна размена на валути преку нивната мобилна апликација.

За полесно управување со средствата модерните банкомати на ПроКредит овозможуваат лесно подигање и депонирање на евра и денари и нивно префрлање на трансакциски или штедни сметки. Оваа 24/7 услуга е достапна со онлајн менувачницата на мобилната мобилна апликација со што е овозможен брз и безбеден начин за пренос на средства помеѓу денарска и девизна сметка.

Мобилната апликација исто така овозможува лесно управување со дневните ограничувања за повлекување до 300.000 денари. На овој начин клиентите имаат безбеден пристап до своите средства и можност да управуваат со нив според потребите, во секое време и секаде.

„Нашата цел е да го направиме банкарството што е можно побеспрекорно и практично, особено за нашите клиенти кои планираат патувања во странство. Нудејќи можност за подигање евра директно од нашите банкомати и обезбедување брза и безбедна услуга за размена на интернет преку нашата мобилна апликација, им помагаме на нашите клиенти да се фокусираат на уживање во нивните искуства. Горди сме што сме единствена банка во Македонија којашто ја нуди оваа иновативна услуга“, велат од ПроКредит Банка.

Повеќе детали за користење на дигиталната менувачница и банкоматите се достапни на блогот на ПроКредит Банка.

Банки

НОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки

Објавено

на

Нови можности за сигурно и исплатливо вложување на заштедите нуди Комерцијална банка со новите орочени денарски и девизни депозити и детско штедење „Верверичка“ на 25 и на 40 месеци.

Покрај, стабилен принос, предвидливост и долгорочна финансиска сигурност, новите депозити нудат и фиксни каматни стапки.  

Со новите орочени депозити, клиентите можат да изберат рок кој најдобро одговара на нивните финансиски планови, а притоа да уживаат во гарантиран принос во текот на целиот период на штедење. Дополнителна предност е што можат да изберат исплата каматата да се исплаќа месечно или по истекот на рокот на орочување, со што добиваат поголема флексибилност и прилагодување на личните потреби.

Минималниот износ за орочување е 100.000 денари за денарските депозити и 5.000 евра за девизните депозити.

„Веруваме дека доброто штедење треба да биде едноставно, сигурно и исплатливо. Новите орочени депозити на 25 и на 40 месеци се наш одговор на потребите на клиентите за долгорочно вложување со атрактивен и гарантиран принос и со целосна предвидливост и сигурност гарантирана од банка со над 70 годишно постоење“, вели Габриела Миленковиќ, директор на Секторот за работа со население во Комерцијална банка.

Новитетот е дел од континуираните заложби на Комерцијална банка за развој на современи финансиски решенија кои ги следат потребите на клиентите и им помагаат поефикасно да ги планираат личните и семејните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Промена во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка, именуван нов член

Објавено

на

ПроКредит Банка АД Скопје ја извести Македонската берза за промени во составот на својот Надзорен одбор, откако Народната банка дала претходна согласност за именување нов член.

Според известувањето, со решение на Народната банка од 24 јули 2026 година е дадена претходна согласност Кристоф Вилхелм Хајнрих Бек да биде именуван за член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје со мандат од четири години.

Истовремено, од тековниот состав на Надзорниот одбор е избришан досегашниот член Ермола Биболи, поради поднесена оставка.

По промените, Надзорниот одбор на банката брои шест членови: Јованка Јолеска Поповска, Кристијан Едгардо Дагроса, Елена Наумовска како независен член, Нор Дрис, Маида Захировиќ Салом како независен член и Кристоф Вилхелм Хајнрих Бек.

Известувањето за промените е доставено до Македонската берза во согласност со обврските за објавување податоци поврзани со органите на управување и раководење на банката.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка се шири во регионот: По Северна Македонија, во фокус БиХ и Црна Гора

Објавено

на

АЛТА банка го забрзува регионалното ширење, откако во изминатиот период влезе на пазарот во Северна Македонија преку преземањето на Стопанска банка АД Битола и осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија. Следни потенцијални пазари за експанзија на групацијата се Босна и Херцеговина и Црна Гора.

АЛТА го презеде мнозинскиот удел во Стопанска банка АД Битола, а на почетокот на 2026 година го зголеми сопственичкиот удел на повеќе од 95 отсто. Банката денес работи под името АЛТА банка АД Битола.

Групацијата истовремено ги презеде и сите акции на ЗОИЛ Македонија АД Битола, со што влезе и во осигурителниот сектор. По завршувањето на регулаторните процедури, компанијата треба да работи под името АЛТА осигурување АД Скопје. Во понудата се предвидени различни видови неживотно осигурување, меѓу кои автомобилско, имотно, патничко и осигурување за домаќинства и компании.

Со тоа, АЛТА го проширува својот деловен модел надвор од класичното банкарство, поврзувајќи банкарски, платежни, лизинг и осигурителни услуги во рамките на една финансиска групација.

Според плановите за понатамошен развој, меѓу следните пазари за потенцијално ширење се Босна и Херцеговина и Црна Гора, каде што се разгледуваат можности за аквизиции. Реализацијата ќе зависи и од добивањето на потребните регулаторни одобренија.

Во Црна Гора, АЛТА Група веќе е присутна преку платежната институција АЛТА pay, која од 2024 година работи на повеќе од 200 локации.

Паралелно со регионалната експанзија, банката бележи и раст на бројот на клиенти во Србија. Според PwC benchmarking анализа, нето-растот на клиентската база изнесувал 29,1 отсто во сегментот на физички лица и 18,8 отсто во корпоративниот сегмент. Стапката на одлив на клиенти изнесувала 2,6, односно 0,3 отсто.

АЛТА воедно инвестира во дигитализација, подобрување на деловните процеси и развој на платежни услуги, вклучително и примена на SEPA стандардите, со цел да изгради поширок финансиски систем на повеќе пазари во регионот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange