Банки
ТТК Банка АД скопје ги зголеми каматните стапки на депозитите на физички лица
Со важност од 21.2.2024 година, ТТК Банка АД Скопје ги зголеми фиксните каматни стапки на денарските и девизните депозити во евра за физички лица.
Каматните стапки на денарските депозити за физичките лица се зголемени од 0,50 до 1,00 процентни поени додека пак каматните стапки на девизните депозити во евра се зголемени од 0,50 до 0,80 процентни поени. Новите каматни стапки важат за новоорочени депозити и при реорочување на постојните.
Физичките лица, покрај поволноста за штедење со фиксни каматни стапки во рамките на стандардното штедење, имаат можност да добијат повисоки фиксни каматни стапки со скалестите депозити за поголеми износи на депозити.
ТТК Банка АД Скопје нуди можност за електронско орочување депозити преку интернет или мобилна апликација. Користејќи ја оваа услуга корисниците имаат можност брзо, едноставно и без трошоци да орочат парични депозити и истите може да се отвори преку платформата за интернет банкарство TTK E-bank или преку мобилната апликација TTK M-bank.
Повеќе информации за услoвите на депозитите во денари и девизи, како и за останатите производи, се достапни на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, во експозитурите и филијалите на Банката како и преку мобилната апликација TTK M-bank.
Банки
Халкбанк ги направи своите услуги достапни и во Пошта
Халкбанк АД Скопје ги проширува своите услуги и ги прави подостапни за граѓаните преку шалтерите на Пошта.

Како што информираат од банката, корисниците во Пошта ќе можат да извршуваат платен промет, да поднесуваат документи за отворање платежна сметка, како и да аплицираат за дебитна картичка.

Дополнително, ќе бидат достапни услуги поврзани со електронското и мобилното банкарство, како и информации за кредитните и депозитните производи на Халкбанк.

Со ова, дел од услугите што досега клиентите ги користеа во експозитурите на Халкбанк ќе можат да ги добијат и преку Пошта, со цел тие да бидат поблиску и полесно достапни за корисниците.
Банки
Централна кооперативна банка со нов четиригодишен мандат за двајца членови на Надзорниот одбор
Централна кооперативна банка АД Скопје соопшти дека на 16 септември 2026 година Народната банка на Република Северна Македонија издала решенија со кои е дадена претходна согласност за повторно именување на Тихомир Ангелов Атанасов и Христо Георгиев Христов за членови на Надзорниот одбор на Банката.
Согласноста е издадена за нов четиригодишен мандат, со што двајцата членови продолжуваат со своето учество во работата на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Издавањето на претходната согласност од страна на Народната банка претставува дел од регулаторната постапка за именување членови на органите на управување и надзор во банките.
Со повторното именување се обезбедува континуитет во работата на Надзорниот одбор и во остварувањето на неговите надлежности во согласност со законската и регулаторната рамка.
Банки
На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка
На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.
На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.
По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





