Банки
Бизнисменот и член на НО на Комерцијална банка Фатмир Етеми купи 500 акции од банката

Овој период е одличен за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје, а тоа го потврдува и информацијата дека се поголем е бројот на членови на одборот на директори на Комерцијална банка кои купуваат акции од Банката, а на тоа се надоврзува и податокот дека акционерите ќе добијат по 910 денари бруто износ за една обична акција.
Сопственикот на Друштвото за угостителство и трговија ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, г-н Фатмир Етеми го зголеми својот удел во Комерцијална банка со купување на 500 обични акции.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Фатмир Етеми, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје”, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.
Согласно пресметките на Банкарство, просечната вредност по акција на Комерцијална банка на ден 23.02.2024 година кога е објавена информацијата, а согласно податоците од Македонска берза изнесувала 16.709,00 денари, што значи дека блок трансакцијата за 500 обични акции изнесувала околу 8,35 милиони денари или приближно 135.000 евра.
Претходно, својот акционерски удел во Комерцијална банка го зголемија и главниот оперативен директор и член на Управниот одбор, г-н Илија Илоски, главниот директор за корпоративно банкарство и член на УО, г-ѓа Билјана Максимовска – Поповиќ, главниот директор за продажба и развој и член на УО, Д-р Никола Џамбазовски, како и г-дин Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката и Генерален менаџер на “Раде Кончар-ТЕП”.
Банки
Промени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонската берза, ТТК Банка АД Скопје известува за промени во составот на својот Надзорен одбор.
„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје објавува дека, заради истекот на мандатот заклучно со 18.3.2025 година, г. Арсен Јаневски и г. Трим Ќемали повеќе не се членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје“, се вели во соопштението на ТТК Банка, објавено на Македонска берза.
По овие промени, актуелниот состав на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје е следниот:
- г-дин Бобан Гоговски – Претседател на Надзорниот одбор и Извршен член на Одборот на директори, како и генерален директор на „Тетекс“ АД Тетово.
- г-дин Владо Камбовски – Заменик-претседател на Надзорниот одбор и независен член.
- г-ѓа Драгица Јовановска – Член на Надзорниот одбор и Неизвршен член на Одборот на директори на „Тетекс“ АД Тетово.
- г-дин Златко Черепналкоски – Член на Надзорниот одбор и Директор за продажба и маркетинг на „Енерџи Деливери Солушнс“ АД Скопје.
- г-ѓа Евгенија Трпкоска – Член на Надзорниот одбор и Неизвршен член на Одборот на директори на „Тетекс“ АД Тетово.
- г-дин Михаил Петковски – Член на Надзорниот одбор и професор во пензија.
ТТК Банка АД Скопје останува посветена на стабилно и професионално управување, следејќи ги највисоките корпоративни стандарди.
Банки
ВОДЕНИ ОД МОТОТО ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ – Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг донираа 6 милиони денари како поддршка и помош на семејствата на повредените од трагедијата во Кочани

Во духот на општествената одговорност и солидарност, Шпаркасе Банка АД Скопје и Шпаркасе Лизинг издвојуваат финансиски средства во износ од 6 милиони денари како поддршка за заедницата погодена од неодамнешните случувања во Кочани и околината.
Средствата ќе бидат наменети за помош на повредените и нивните семејства, поддршка на институциите и заедницата во Кочани, како и за директна донација на наменската сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
„Како финансиска институција со силен општествен ангажман, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг остануваат посветени на вредностите на хуманоста, одговорноста и солидарноста. Ги охрабруваме сите компании и поединци, во рамки на своите можности, да се приклучат на оваа иницијатива и да дадат свој придонес во процесот на опоравување и поддршка на погодените семејства“, велат од Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг.
Во овие тешки моменти, единството е клучно. Заедно сме посилни – денес и секогаш.
Банки
КРИЗА ВО ГЕРМАНСКИОТ БАНКАРСКИ ГИГАНТ – Дојче банк ќе отпушта две илјади вработени и ќе ја намалува мрежата на филијали!?

Германскиот банкарски гигант „Дојче банк“ планира да намали околу 2.000 работни места во текот на оваа година, во рамки на стратегијата за оптимизација на трошоците, пренесува „ДПА“.
Во согласност со долгорочниот тренд на реструктурирање, банката дополнително ќе ја намали својата мрежа на филијали. Овој потег е дел од тековните процеси на прилагодување кон новите пазарни услови и зголемениот фокус на дигиталните финансиски услуги.
Извршниот директор на „Дојче банк“, Кристијан Севинг, на конференцијата организирана од „Морган Стенли“ истакна дека во наредниот период ќе се реализира значителен број затворања на филијали. Тој нагласи дека трошоците поврзани со овие мерки се веќе пресметани во тековните финансиски планови на банката.
Портпаролот на „Дојче банк“ потврди дека процесот на затворање на филијали е дел од претходно најавените мерки за оптимизација, додавајќи дека банката не воведува нова програма за намалување на трошоците.
Во согласност со новата деловна стратегија, „Дојче банк“ го префрла фокусот кон дигиталното банкарство, при што се планира значително зголемување на видео и телефонските консултации за приватни клиенти, се вели во извештајот на „ДПА“.
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Банкипред 2 месеци
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 2 месеци
Добивката на ТТК Банка порасна за 2,9% и дојде до 1,76 милиони евра во 2024 година
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје: Јануарските пензии се веќе исплатени!
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка ќе подели бруто дивиденда од 1.250 денари по акција за 2024 година!?
- Анализипред 2 месеци
Наглиот пад на Nvidia: Дали конкуренцијата од Кина ја загрозува технолошката доминација?
- Банкипред 2 месеци
Европската централна банка за разлика од ФЕД одлучи да намали три клучни каматни стапки
- Business Womanпред 2 месеци
Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје