Банки
25 години „Роман на годината“ – Комерцијална банка ѝ ја врачи престижната награда на Лидија Димковска
Престижната манифестација „Роман на годината“, чиј горд покровител е Комерцијална банка, одбележа 25 години јубилеј со доделување на наградата за 2023 година на писателката Лидија Димковска.
Плакетата и оригиналната статуетка на Димковска, наградена за романот „Единствен матичен број“, ѝ ги врачи Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка.
Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари, a традиционално ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.
„Комерцијална банка е покровител на наградата „Роман на годината“ веќе седма година, во која заедно со Фондацијата „Славко Јаневски“ го славиме македонскиот роман. Горди сме што со овој наш придонес уште еднаш овозможивме избор на лауреат кој е авангарда на македонското литературно творештво и кој има создадено ризница од книжевни дела што ги читаат сите генерации. „Роман на годината“, несомнено, секоја година е празник за книжевното творештво во земјава. На Фондацијата ѝ го честитам јубилејот и посакувам уште многу години да ја славиме и промовираме македонската литература“, истакна Јовковски при доделувањето на наградата.

Со вкупната финансиска поддршка од 360.000 денари, Комерцијална банка обезбеди и 210.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата и за организацијата на активностите за избор на „Роман на годината“ од страна на Фондацијата.
„Единствен матичен број“, чиј издавач е „Три“, е четврти роман на авторката Лидија Димковска, која упати голема благодарност до Фондацијата „Славко Јаневски“ и до Комерцијална банка.
„Роман на годината во една ваква јубилејна година. 25 романи го носат печатот на наградата и кога денес ќе ги погледнеме насловите на книгите, сфаќаме дека речиси на ниту еден од наградените романи не му поминал рокот на траење и не паднал во заборав. 25 романи – колку прекрасна и важна полица во библиотеката на македонската книжевност, за сегашните и за идните генерации, за сите нас“, истакна Димковска по повод добиената награда.

Поддршката на „Роман на годината“ е поддршка од Комерцијална банка за домашното литературно творештво и за создавање вредно наследство за сите идни генерации, во кое дефинитивно спаѓаат и досега наградените 25 романи. Комерцијална банка и Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе чуваат по еден примерок од оваа вредна ризница во просториите на Банката, каде ќе ѝ биде промовирана и на јавноста.
Банки
НЛБ Банка со порака до учениците за почетокот на новата учебна година
По повод почетокот на новата учебна година, НЛБ Банка Скопје упати честитка до сите ученици, посакувајќи им успешна година исполнета со нови знаења, предизвици и успеси.
„Нови предизвици, нови знаења и уште една година полна со успеси“, порачаа од Банката.
Оттаму на учениците им посакаа успешен почеток и многу причини за гордост во текот на целата учебна година.

„Среќно!“, се наведува во честитката на НЛБ Банка Скопје.
Банки
Седум години „Среќно прваче“ – Халкбанк со поддршка за најмладите ученици
Повеќе од 2.500 првачиња во четири градови во Македонија годинава добија подароци за успешен почеток на новата учебна година во рамки на иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк. Станува збор за традиционална активност за општествена одговорност, која банката ја спроведува седма година по ред. Пакетчето содржи училишни материјали и Бонтон за убаво однесување во училиштето и во домот, прилагоден за возраста на учениците од прво одделение. Главната цел на оваа иницијатива е да се поддржи едукацијата на децата уште од најмала возраст.
„Задоволни сме што „Среќно прваче“ прерасна во препознатлива активност на Халкбанк, особено што во изминатите седум години со неа беа опфатени повеќе од 15.000 првачиња. Секоја година се трудиме подароците со училишни материјали да бидат доделени во различни општини и во различни делови на Македонија. Првачињата заслужуваат топло добредојде во училишните клупи и среќни сме што и Халкбанк има можност да придонесе во исполнувањето на оваа цел“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Годинава пакет подароци со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халкбанк, добија првачињата во сите основни училишта во Охрид, Кичево, Гевгелија и во дел од скопските општини.
„Нѝ претставува особено задоволство што општина Гевгелија е дел од иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк, со која на нашите првачиња им посакуваме успешен, исполнет и радосен почеток на нивното образование. Ваквите иницијативи имаат посебна вредност бидејќи покажуваат дека грижата за најмладите е заедничка одговорност на локалната заедница, институциите и општествено одговорните компании“, изјави Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија.
„Упатувам благодарност до Халкбанк за оваа општествено одговорна иницијатива и за вниманието посветено на децата од нашата општина. Вложувањето во нивното образование и знаење е вложување во иднината на Кичево и на целото наше општество“, рече Александар Јовановски, градоначалник на Општина Кичево.
Покрај „Среќно прваче“, Халкбанк спроведува и поддржува голем број активности наменети за децата и младите, пред сè со фокус на финансиска писменост, заштита на животната средина, социјална инклузија, развој на креативни навики и одговорно родителство.
Банки
ЕЦБ ја отвора вратата за блокчејн: Парите на банката влегуваат во нова дигитална ера
Европската централна банка сè поотворено ја разгледува можноста парите на централните банки да станат дел од токенизираниот финансиски систем, односно директно да функционираат на дигитални платформи базирани на технологија на дистрибуирани регистри – DLT.
Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, на економскиот симпозиум во Џексон Хол порача дека централните банки треба да ја прифатат оваа технологија и самите да „одат on-chain“, наместо нивните пари да останат надвор од новите дигитални финансиски системи.
Според неа, токенизацијата има потенцијал значително да го промени начинот на кој функционираат финансиските пазари, особено во делот на порамнувањето на трансакциите, управувањето со колатерал и обезбедувањето ликвидност.
Доколку централнобанкарските пари станат директно достапни на ваквите платформи, тие би можеле да функционираат како програмабилен дигитален имот. Со користење паметни договори, одредени финансиски операции би можеле автоматски да се извршуваат кога ќе бидат исполнети однапред утврдени услови, со што би се намалиле рачната обработка и потребата од усогласување податоци меѓу институциите.
Шнабел оцени и дека стабилните криптовалути, односно stablecoin-ите, можат да имаат улога во идниот финансиски систем доколку се добро регулирани, но дека не можат целосно да ги заменат резервите на централните банки.
Како една од главните причини ја посочи способноста на централните банки во периоди на финансиски стрес да обезбедат дополнителна ликвидност и да го стабилизираат системот, што приватните издавачи на stablecoin-и не можат да го направат на ист начин.
Евросистемот веќе работи на инфраструктура за поврзување на постојните финансиски системи со DLT платформите преку проектите „Pontes“ и „Appia“.
„Pontes“ треба да ги поврзе постојните TARGET услуги на Евросистемот со DLT платформите, додека „Appia“ има подолгорочна цел – да испита како би можела да изгледа целосната архитектура на токенизираните финансиски пазари во Европа.
Меѓу опциите што се разгледуваат е и заедничка европска инфраструктура во која би можеле истовремено да функционираат централнобанкарските пари, парите на комерцијалните банки и различни видови финансиски средства.
Од ЕЦБ посочуваат дека токенизацијата може да донесе побрзо порамнување на трансакциите, пониски оперативни трошоци и поголема автоматизација, особено кај прекуграничните плаќања и управувањето со колатерал.
Сепак, новата технологија отвора и прашања поврзани со безбедноста, управувањето, интероперабилноста и концентрацијата на ризици.
Конечниот европски модел сè уште не е утврден, но пораката од ЕЦБ е дека централните банки не сакаат да останат само набљудувачи доколку финансиските пазари постепено се преселат на токенизирани и програмабилни платформи.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес





