Connect with us
no baners

Останато

Агенција „Марили“: 28- мо издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“

Објавено

на

Агенција „Марили“ , годинава, традиционално по 28-ми пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот на 18.05.2024 во Скопје . Жените менаџери коишто ќе бидат наградени оставиле длабок печат со својата работа и труд, а секако, сите менаџерки се препорачани и избрани со нивна согласност.

Годинава дури 13 менаџерки ќе бидат наградени и ќе добијат статуетка „Жена водилка“, од кои се 10 менаџерки од Р.С. Македонија, а три од Р. Србија и Р. Хрватска.

Манифестацијата ќе се одржи во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје.

На манифестацијата менаџерките, гоститите од државните институции и реалниот сектор, како и почитуваните гости од дипломатијата, покрај свеченото прогласување на жените менаџери, ќе имаат можност да ги слушнат прекрасните изведби на врвниот мецосопран Александра Коцевска и придружникот на пијано, Глигор Гелебешев, и да уживаат во оригиналните и лирични најави на водителката Ели Танасковска.

Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век , за бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив.

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемашво и лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

Во продолжение список со овогодишните лауреатки:

  1. 1. Д-р Катерина Бошевска
    Генерален директор
    ЕОS Македонија и EOS Косово
  2. 2. Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска
    Генерален менаџер
    Камел 98 – Виница
  3. 3. М-р Евгенија Ѓорѓиеска
    Извршен менаџер
    Ламинати КОМ Доо – Прилеп
  4. 4. Цветанка Илиева
    Генерален менаџер
    Бистро Груп ДОО – Гевгелија
  5. 5. М-р Ирена Јакимова
    Генерален менаџер
    Инспирит Коучинг- Скопје
  6. 6. Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска
    Потпретседател на СКСМ
    Стопанска комора на С. Македонија
  7. 7. M- р Клаудија Лутовска
    Генерален менаџер
    Сеттим Консалтинг – Битола
  8. 8. Марија Патриклиска
    Менаџер за човечки ресурси
    ЕАМ ДОО – Штип
  9. 9. М-р Маја Наумовска – Савеска
    Директор на корпоративни и маркетинг комуникации
    Халкбанк АД – Скопје
  10. 10. М-р Весна Ставрова
    Генерален менаџер
    ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ – Скопје
  11. 11. Д-р Сања Путица
    Менаџер за односи со јавност и инвеститор
    Атлантска пловидба д.д – Р. Хрватска
  12. 12. М-р Дариа Шуриќ
    Генерален менаџер
    DarMell – Р.Хрватска
  13. 13. М-р Зорана Пејчиќ
    Генерален менаџер и Претседател на ИО
    ДУНАВ РЕ (Дунав Реосигурување) , Р.Србија

Анализи

МАКЕДОНИЈА НАПРЕДУВА – Додека некои европски земји тонат во инфлација, ние растеме!

Објавено

на

Според најновата проекција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), 2026 година ќе донесе различни инфлациски сценарија за европските земји, при што се очекува значајна дисперзија во движењата на цените меѓу економиите. Додека одредени држави успешно ја ставаат инфлацијата под контрола, други продолжуваат да се соочуваат со ценовни шокови и инфлаторни притисоци.

Швајцарија и Франција со најниски инфлациски стапки

Најниска проектирана инфлација за 2026 година ќе има Швајцарија, со стапка од само 0,5%, што ја позиционира како стабилен економски простор со ефективни монетарни механизми. Следат Франција со 1,6% и Ирска со 1,7%, кои исто така покажуваат солидна способност да одржат ценовна стабилност.

Во групата на најразвиените економии, Германија ќе има умерена инфлација од 1,9%, додека Хрватска ќе ја надмине просечната инфлација на ЕУ со 2,6%, што укажува на послабо амортизирање на внатрешните и надворешните притисоци врз цените.

Полска, Унгарија и Турција со повисоки стапки

Од земјите на Европската Унија, Полска и Унгарија ќе забележат највисоки инфлациски стапки, од 3,4% и 3,6% соодветно. Овие нивоа, иако далеку пониски од постпандемиските пикови, сепак покажуваат дека ценовната стабилизација сè уште не е целосно постигната.

Меѓу најзагрижувачките е случајот на Турција, која и покрај напорите на монетарните власти, ќе се соочи со екстремно висока инфлација од 22,8%, највисока на континентот. Ова е резултат на долгогодишна неортодоксна монетарна политика, девалвација на лирата и структурни економски слабости.

Русија и Украина со задржана ценовна нестабилност

Инфлацијата ќе остане релативно висока и во Русија (5,5%) и Украина (7,7%), што е очекувано со оглед на продолжените геополитички тензии, нестабилноста во снабдувачките ланци и ограничениот пристап до меѓународните финансиски пазари.

Македонија со позитивен сигнал и стабилизација

Во однос на Македонија, ММФ очекува економски раст од 3,2% и во 2025 и 2026 година, што претставува сигнал за постепено заздравување и стабилизирање на економските текови. Инфлацијата е проектирана на 3,4% во 2025 и се очекува да се намали на 2,2% во 2026, што укажува на успешни чекори кон нормализирање на ценовната динамика.

Со вакви проекции, Македонија се позиционира во групата на земји со контролирана инфлација, што е позитивен сигнал за инвеститорите, кредиторите, како и за општата макроекономска стабилност.

Продолжи со читање

Бизнис

Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог ЕУ-партнери во Брисел

Објавено

на

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денес во Брисел зема учество на вообичаениот годишен Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и регионалните партнери. На овој настан присуствуваат претставници од државите членки на Унијата, како и од земјите од Западен Балкан, Грузија, Молдавија, Турција и Украина.

Економскиот и финансиски дијалог претставува секојгодишен собир на ЕУ и нејзините партнери, посветен на прашања од доменот на економската политика.

Овогодишниот, единаесетти по ред, Дијалог ќе се фокусира на зајакнување на конкурентноста на Европа во контекст на тековните геополитички случувања и потребата од олеснување на законската рамка за да се намали административниот товар врз компаниите.

Како што извести Министерството за финансии, Димитриеска-Кочоска ќе се задржи на реформите кои македонската Влада ги презема во насока на подобрување на конкурентноста на економијата, со крајна цел да се забрза економскиот раст.

Покрај министрите за финансии и гувернерите на централните банки на членките на ЕУ и на земјите партнери, на Економскиот и финансиски дијалог учествуваат и претставници на Европската комисија, Европската централна банка и на Европската инвестициска банка.

Предвидено е на состанокот да бидат усвоени заеднички заклучоци, кои во идниот период ќе бидат основа за креирање на политиките и спроведување на реформите на патот на земјата кон целосна евроинтеграција.

Дијалогот ќе се одржи пред седницата на Советот за економски и финансиски работи на ЕУ, на кој главни теми ќе бидат правилата за ДДВ за увезената стока, предлозите за измени на регулативата за финансиски услуги и нејзината имплементација, предизвиците поврзани со руската агресија врз Украина и Механизмот за закрепнување и отпорност на Г20.

Дополнително, европските министри ќе разменат мислења за иницијативата за создавање на Унија за штедење и инвестиции, а ќе одржат и политичка дебата за програмата „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ).

Продолжи со читање

Банки

Чуварите на мудроста по трет пат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите

Објавено

на

Некои од најуспешните и највлијателни луѓе и професионалци од Македонија ќе ги отворат срцата и умовите на третото издание на конференцијата „Чувари на мудроста“, организирана од Халкбанк, која ќе се одржи на 28 мај на Економскиот факултет во Скопје.

Оваа конференција прерасна во вистински мост помеѓу генерациите – таа нуди уникатна можност да се учи од мудроста на докажани бизнис лидери, уметници, професори, автори и визионери кои оставиле длабока трага со своето делување во земјата и светот.

На конференцијата говорниците ќе ги пренесат своите животни и професионални совети на младите, ќе зборуваат за почетоците, предизвиците и клучните моменти што ги обликувале како личности.

Дали постои рецепт за успех? Што ги мотивирало да не се откажат? Низ искрени и отворени разговори, „Чуварите на мудроста“ ќе ги споделат своите животни приказни, драгоцени искуства и искрени совети – не само со студентите, туку и со сите што сакаат да растат, учат и да се инспирираат.

Како и на претходните две изданија, конференцијата ќе биде во формат на форум што ги обединува сите кои веруваат во моќта на знаењето и животното искуство. Со отворени разговори, прашања и дискусии, сите присутни ќе можат да се вклучат и да споделат свое размислување или прашање.

Во текот на наредните неколку дена ќе бидат најавени говорниците на конференцијата, како и темите на панелите. Конференцијата „Чувари на мудроста“ е бесплатна и отворена за сите заинтересирани. Но, заради ограничениот капацитет, истите треба да го пријават своето присуство со пополнување онлајн формуларот за регистрација.

Дојдете и бидете дел од настанот којшто не само што инспирира, туку и обединува. Мудроста нема возраст – таа се создава и негува кога младоста и зрелоста ќе си подадат рака.

Продолжи со читање

Популарно