Connect with us
no baners

Банки

Најуспешната конференција „Чувари на мудроста“ за професионален развој и мотивација на младите луѓе, годинава во ново, освежено издание

Објавено

на

Во тек се подготовките за втората конференција „Чувари на мудроста“ во организација на „Халкбанк“ АД Скопје. На конференцијата, како и минатата година, ќе говорат успешни и реализирани луѓе, различни профили на стопанственици, уметници, професори, автори. И оваа година ќе се дискутира на интересни теми значајни за професионалната надградба и кариерниот развој на младите, со цел да се мотивираат и да се инспирираат на својот професионален пат.

„Преку искуството на панелистите од различни области, идејата е да се пренесат и да се раскажат многу интересни приказни за кои веруваме дека ќе ги инспирираат и ќе ги мотивираат младите на нивниот професионален пат. Сметаме дека поддршката и мотивацијата на младите кадри е клучна за нивниот успешен развој и за зацврстување на нивните професионалните вештини“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје.

Конференцијата „Чувари на мудроста“ од 2023 година беше наградена како најдобра конференција во категоријата Најдобар самит, конгрес или конференција. Оваа година организаторите се мотивирани да ја реализираат во малку поинаков формат, со многу повеќе интересни гости, докажани и значајни во нивните области.

Целната публика се, пред сè, млади луѓе, младински граѓански организации, студенти, млади претприемачи, културни работници, претставници на стартап компании итн.

Целта на конференцијата е да одговори на низа прашања на кои наидуваат младите во градењето на професионалната кариера. Да придонесе за поквалитетен развој во областите во кои дејствуваат. А мудроста, искуството, ентузијазмот и успехот кои ги дефинираат панелистите ќе отворат низа прашања и одговори, важни за сечиј развој.

Конференцијата е дел од поголемата кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“, што започна во 2022 година, со намера да им даде глас на припадниците на повозрасните генерации. Во рамките на кампањата се спроведоа повеќе активности, настани и работилници во чиј центар беа пензионерите и повозрасните лица.

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ и за конференцијата „Чувари на мудроста“ се достапни на https://cuvarinamudrosta.mk/

Влезот за сите студенти ќе биде бесплатен, со приложување студентска легитимација, но заради ограничениот број на присутни, задолжително ќе биде пријавувањето преку следната онлајн форма: bit.ly/Конференција-ЧувариНаМудроста

Датум: 11 јуни 2024 ( вторник )

Времетраење: 10:00 – 15:00

Локација: Младински културен центар

Банки

Халкбанк и Go Digital потпишаа Меморандум за соработка – партнерство за дигитална трансформација на бизнисите

Објавено

на

Во просториите на Халкбанк АД Скопје беше свечено потпишан Меморандум за соработка со Центарот за дигитална трансформација Go Digital, со што се поставуваат темели за заеднички активности во областа на дигитализацијата и иновациите.

Од страна на Go Digital, потписник на меморандумот беше претседателот на Управниот одбор, г-дин Васко Кронески.

Соработката има за цел поддршка на дигиталната трансформација на микро, малите и средни претпријатија, преку организација на обуки, едукативни настани и иницијативи за унапредување на знаењата и вештините. Воедно, ќе се поттикнуваат инвестиции во дигитализација и зелена трансформација.

Овој чекор претставува дополнително зајакнување на заложбите за развој на современа, иновативна и конкурентна деловна средина.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.

Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!

Продолжи со читање

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.

На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, известуваат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange