Банки
Зелен месец во Шпаркасе Банка!
Под слоганот „Веруваме во зелена иднина“, а во рамките на платформата за општествена одговорност Sparkasse Life, во текот на април, месецот посветен на планетата Земја, Шпаркасе Банка почнува кампања со многубројни зелени активности како дел од својата широка зелена агенда.
Кампањата ќе трае еден месец – „Green month“, а сите вработени ќе имаат ЗЕЛЕНА цел – подигнување на свесноста за ефектите од еколошката мобилност користејќи го еколошкиот возен парк на Банката, кој се состои од велосипеди, електрични тротинети и електрични возила, или движејќи се пеш од и до работа, сè со цел активно намалување на CO 2 отпечатокот и заштита на планетата Земја.

„Отсекогаш сум бил поборник за здрав живот и зачувување на животната средина, и особено ми е драго што имам можност да работам во банка со колеги со кои делиме исти вредности. Sparkasse Life е нашата платформа за општествено одговорни проекти, преку која се реализира Стратегијата за одржливост. Во платформата Sparkasse Life ги обединуваме сите иницијативи и активности што ги преземаме за заштита на животната средина“, изјави Игор Бојковски, директор на дирекција за имот, логистика и безбедност.

Состојбата со енергетската криза Банката ја управуваше на високо ниво, при што се постигнаа поставените цели за заштеда на електрична енергија и оптимално управување со ресурсите. Според анализата на потрошувачката на електрична енергија за периодот 2022/2023 година, направена е заштеда на повеќе од 200.000 kWh или 20% помала потрошувачка на електрична енергија, односно заштита на животната средина преку намалување на емисија на CО 2 за приближно 60.000 кг/годишно. Исто така, преку воведување на дигитализацијата и отстранувањето на хартијата во деловното комуницирање во 2023 година, остварено е намалено користење на хартијата со заштеда
за повеќе од 10% во вкупната набавка и потрошувачка на хартија, односно реализирана намалена емисија на CО 2 за приближно 3.078 кг/годишно. Банката го збогати својот возен парк со две возила на електричен погон, постави два полнача за електричните возила и дополнително набави четири е-скутери за пократки дестинации.
Во текот на зелениот месец, Банката продолжува со заложбите за трансформација на експозитурите опремени со еколошко одржливи материјали и почитувајќи ги највисоките стандарди за енергетска ефикасност, управување со ресурси и отпад, исфрлање од употреба на пластика на работното место, поставување корпи за рециклирање низ централите и експозитурите за остварување позитивни ефекти и подобрување на влијанието на Банката врз околината.

За заокружување на кампањата, Банката ќе спроведе уште една зелена активност – засадување дрвја на места за пошумување во координација со организацијата „Мен енд маунтен“ и на тој начин ќе дадe дополнителен и многу значаен придонес во подобрување на животната средина, како и позитивен пример за вработените, клиентите, соработниците и за целата заедница.

Банки
АЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа
АЛТА Банка воведе нов потрошувачки кредит со одобрување до 24 часа и износ до 1.000.000 денари, наменет за вработени во јавниот и приватниот сектор.
Кредитот е креиран за клиенти на кои им е потребен брз пристап до финансиски средства, но и стабилност при планирањето на месечните обврски. Понудата вклучува фиксна каматна стапка и поедноставена процедура, со јасни услови за отплата.
Фиксната каматна стапка изнесува 5,60 проценти за рок на отплата до 95 месеци, односно 5,70 проценти за рок на отплата до 120 месеци. Од банката посочуваат дека ваквиот модел им овозможува на клиентите поголема предвидливост при планирањето на личниот или семејниот буџет.
Постапката за одобрување не бара нотар, ниту пак има трошоци за солемнизација. За рефинансирање кредити од која било банка, АЛТА Банка нуди 0 проценти провизија, а кредитот е достапен и без задолжителни пакети.
За нов ненаменски потрошувачки кредит се применува фиксна еднократна провизија од 5.000 денари, додека трошокот за апликација изнесува 800 денари.
Со новата понуда, банката настојува да обезбеди поедноставен пристап до потрошувачко кредитирање, со акцент на брзина, транспарентност и предвидливост при отплатата.
Банки
НЛБ Банка ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци
НЛБ Банка Скопје ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка за депозити во денари и во евра.
Понудата важи до 31 август, а клиентите можат да ги орочат своите средства преку мобилен телефон, преку мКлик мобилната апликација, или преку експозитура на банката.
За депозити во денари, фиксната каматна стапка изнесува 3,5 проценти за онлајн депозит преку мКлик, додека за депозит преку експозитура каматната стапка е 2,8 проценти. Минималниот влог изнесува 2.500 денари.
За депозити во евра, фиксната каматна стапка изнесува 2,6 проценти за онлајн депозит преку мКлик, односно 2,2 проценти за депозит преку експозитура. Минималниот влог изнесува 50 евра.
Рокот на орочување е 25 месеци, а од банката посочуваат дека понудата е достапна до 31 август.
Банки
Комерцијална банка ги зголеми потрошувачките кредити до 2,6 милиони денари
Комерцијална банка АД Скопје го зголеми максималниот износ на потрошувачките кредити, со што клиентите сега можат да аплицираат за средства до 2.600.000 денари.
Од банката информираат дека повисокиот максимален износ е достапен за Онлајн потрошувачкиот кредит и за Ненаменскиот потрошувачки кредит, како финансиска поддршка за различни лични планови и потреби на граѓаните.
Онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID овозможува целосно онлајн аплицирање, инстант одговор и исплата на средствата, без трошоци за аплицирање, одобрување и меница.
Ненаменскиот потрошувачки кредит, пак, нуди можност за вклучување осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Од Комерцијална банка посочуваат дека клиентите можат да се информираат за условите, калкулаторот за рата и потребните документи преку официјалните канали на банката.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
