Домашни банки
Пензионерите – клиенти на Халкбанк, февруарската пензија веќе ја имаат на својата сметка
Пензионерите кои своите пензии ги добиваат преку сметка во Халкбанк АД Скопје веќе денеска можат да располагаат со средствата.
Халкбанк на последниот ден од февруари, изврши исплата на февруарските пензии продолжувајќи ја праксата за предвремена исплата на пензии за сите оние пензионери кои се нејзини клиенти.
Иако од септември ланската година, со оглед на завршување на пандемијата, деловните банки ја прекинаа праксата за предвремена исплата на пензии и се вратија на стариот начин на исплата, односно на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата, Халкбанк, согласно својата деловна политика и во интерес на своите клиенти продолжи со праксата за предвремена исплата на пензии.
Со цел на клиентите да им бидат достапни средствата до својот дом и да си го заштедат своето време им се овозможува достава на пензија на домашна адреса, благодарение на партнерството меѓу Македонска пошта АД и Халкбанк АД Скопје. Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија само за клиентите кои имаат дадено согласност за трансакции преку пошта. За оваа услуга клиентите може да се пријават преку сите филијали на банката и преку сите шалтерски места на пошта.
Дополнително, пензионерите кои се клиенти на Халкбанк, имаат можност за подигање готовина од сите банкомати во државата, без надомест, со Mastercard Debit Contactless меѓународната картичка, издадена од банката.
Па така, примателите на пензија во Халкбанк, како и сите претходни месеци и пред 1-ви можат слободно да располагаат со своите средства, односно да ги користат преку своите картички во продажната мрежа или да ги подигнат на банкоматите и филијалите на банката.
Домашни банки
ПроКредит Банка АД Скопје издаде нова емисија на акции во вредност од шест милиони евра
ПроКредит Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 6.000.000 евра.(повеќе…)
Домашни банки
НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита
НЛБ Банка денес на ден 05.03.2024 година започна со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.(повеќе…)
Домашни банки
ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР го лансираше новиот ПроБиз пакет за поддршка на младите претприемачи
ПроКредит Банка, во рамки на својата мисија за поддршка на локалните бизниси во деловната заедница, како дел од програмата Youth in Business на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го креираше новото решение, ПроБиз – пакет наменет за поддршка на млади претприемачи.(повеќе…)
- Интервјуапред 2 месеци
Интервју | АНТОНИО АРГИР: Групацијата НЛБ прерасна во регионален пионер во областа на напредните дигитални плаќања
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Билал Суџубаши со силна порака до акционерите и клиентите: Халкбанк е сигурна и стабилна банка, доказ за тоа е профитот од 20,3 милиони евра за изминатата 2023 година!
- Банкипред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Бизниспред 1 месец
КИБС донираше компјутерска опрема за Педагошкиот факултет при УКИМ
- Домашни банкипред 2 месеци
Вработените на Комерцијална банка со нова и модерна службена облека потпишана од „Кокев“
- Банкипред 3 недели
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 месец
Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Маја Стевкова Штериева: 2023 година беше уште една многу успешна година за Комерцијална банка